Чаеви
Чајот е веројатно една од најстарите напивки во човечката историја. Го има во сите делови на светот. Постојат различни видови на чаеви - студени (ледени), овошни, билни и сл. Во некои култури имаат мошне важна улога - нивната конзумација е издигната на ритуал - Англија, Кина, Јапонија, но и во Русија, Индија и во други краишта. Чаевите се познати по тоа што помагаат при лечењето на разни болести, имаат превентивна улога и сл.
Јас ги пијам. Сум пробал зелен, од липа, од кантарион, црн, од нане, маточина, шипинка, жалфија, камилица и повеќе овошни. Го пијам со мед. Но сакам да направам и експеримент со рум, мед и млеко.
А вие? Дали воопшто пиете чај :smir:?