Ај да чуеме што ве жуља

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Ми смета мала група на луѓе која ми глуми авангарда низ градов. Се сметаат за високо просветлени космополити и либерали. Мрчат за се и сешто што е спротивно на нивното мислење и делување. Ги етикетираат сите а се бораат за демократија. Зборат за една страна, додека за друга не смеат да писнат.
Ми смета што си отиде од факс асистентката која на полето на образование ме направи студент заинтересиран за сознавање на нови нешта, ми фали нејзината мотивација, подршка, разговорите на предавање.
Ми смета онаа теткана во пошта, која секогаш кога уплаќам административна такса, ме скенира од глава до пети мислејќи дека сум внук на Бин Ладен. Ми смета нејзината ироничност и глупаво однесување.
Ми смета што понекогаш тоа устата ми е побрза од паметот и не сакајќи знам да кажам што не треба, а луѓево не поднесуваат кога ќе им се каже директно во фаца некои работи.
Ми смета низок пристисок, ми го утепува цел ден.
Ми смета кога серверот ќе ми покаже непослушност.:icon_mrgr:
Искрен човек... :D
 
Моментално од такт ме вади што ќе мора кај и да е пак да ја отворам таа глупавата книга на тој омразениот професор, за која навистина сум убедена дека нема поголемо срање да учам во животов.

Ме нервира и тоа што мојов факултет едвај чека да собере пари од студентите, почнаа да примаат и над 1200 студенти годишно, а тоа кадар колку ти душа сака има. Ме нервира и тоа што нема столче за секој студент, се тепаш за место буквално, во амфи со капацитет од 300, идиотиве држат предавања за 800 души.
Ме нервира и тоа што факултетов за новава генерација е направен ко градинка буквално и се нервирам што не се родив две години покасно.
Ме нервира и што се наплаќаат и не знаат више од кај да ни присоберат пари, некад мислам дека и тој воздухот го плаќаме што го дишеме внатре.
Да сумирам - Факултетот ме нервира.

После, ме нервира што никој не му текнува да ги смени возовиве од на Тито времето. Стварно се заникаде.

Ме нервира и што ми го укинаа тој возот од 10 сабајле за накај Ск, т.е сега оди само до Велес, така да имам многу добар избор, или од 5 сабајле или од 5 поручек да се гњавам со него, што не ми одговара многу.

Ужасно ме нервираат старите автобуси кои мислам дека во последниве две недели, не знам кој баксуз ќе бев, али каде и да одев, се нив ги фаќав.
Ме нервира и што нема ни еден слободен ден за студенти.

Од луѓето, претежно во последно време сите ме нервираат.
Особено не го поднесувам газдата, кој се едни исти муабети ми збори, а мисли дека го слушам. Едноставно, од едно увце влегува, од друго излегува.
И да, матичнава ми оди на нерви, мислам дека на жената требало менталната состојба да и ја проверат па да и дадат диплома. Типка која дотолку паничи и преувеличува за милион посто, не треба да ти биде доктор. Бирам кога не е на смена она, т.е се јавувам пред да отидам.

Ме нервира и тоа што денес на никој не можеш да веруваш, а јас од таа страна многу зборам, и таму кајшто не треба.
Ме нервира и тоа што ако не дај Боже, се онесвестам на улица, нема да има веројатно никој да ми помогне.
Ужасно ме нервираат ситни души. Али од оние, цициите, што да им должиш 10 денари ќе ти ги бараат.

Итн ... Итн ... Се околу мене ме нервира во глобала. :facepalm:
 
Ми смета што зборот жуља го заменивте со СМЕТА, но со исто е значење сигурно
Ми смета: разбирливо према младоста што ја имам доле набројаното
Ми смета: камен во левиот бубрег 5,2 мм и 3 мм
Ми смета: камен во жиолчното кесе со дијаметар 36 мм
Ми смета зголемена простата,со ПСА во крфта 5,8.
Ми смета тромбозата и проширени вени.
Ми смета што и за ручек ставам очила со диоптер 2,5.
Ми смета што и не гледам повеќе ТВ, немат глас за мене.
Ми смета се почесто главоболка и зуење во ушите.
Не-Ми смета што ми се појавија ЖУЉЕВИ од зади од седење на Кајгана.
 
Сепак, најдобро би било и „смета“ да го замениме со „пречи“. Смета е кога сметаме, кога пресметуваме - бараме сметка, сметаме на нешто. :)
Ете, мене ми пречат премореноста и главоболките.
Ми пречи вечниот недостаток на време - секогаш ми фалат секунди, минути, часови и дни
Ми пречи мислата дека постепено заборавам да им се радувам на малите нешта
Ми пречи простотијата, глупоста измешана со ароганција која е ставена на пиедестал
И ми пречи што се повеќе работи ми пречат
 
овие стихови ме ЖУЉААТ МНОГУ
http://lyricstranslate.com
сафра е причината што сум депримиран
се нервирам и сонувам да емигрирам
но да почнам од почеток па да стигнам до крајот
живеам во пекол не знам дали ќе го видам рајот
и после 6 века угнетување не се прашуваме
дали сме жртва на заговор за уништување
едни ни го грабат јазикот а други името
македонијо кој е татко на копилето?
македонче нејќе да порасне во македонец
ментален роб кој сам си копа гроб
еј господи ајде испрати јунак ти
да ги скрши прангите на менталните робови
варварски принцови порано освојувачи
изгубени во времето како во магла гуски
но крушите паѓаат под круши велиш не се лути
но соколите се претворија во утки
во овој пандемониум балкански триаголник
во кој владеат алчност мито и други ѓаволи
до вчера другари а сега господа во одела
сите јаки на збор никој на дела
слушам проѕирни ветувања за подобро утре
но ништо не се менува ке го дочекам ли тоа утре
скандали афери се се заборава пред избори
ви 2.000.000. слепци едноокиот е водич
во социјална држава платата е социјална помош
да издржиш до први во круг да најдеш кош
во европа само географски стално под блокади
не третираат како да сме лебарки
тестираат издржливост на балканското заморче
па ајде кажи дали те боли бре македонче
војната е стара нова баба рога
но подобро еден ден лав отколку цел живот овца
6 години жеден во оазата на мирот
чекам во редот за запослување пред биро
а навистина се чувствувам заразно кога не ми дават
виза да излезам од резерватот ме фака сафра.
 
Исто образованието како што кажаа погоре. Кој кур ми е мене музичко и ликовно во средно. За што ќе ми треба Шопен Шуберт и компанија во животот, ликовно воопшто нема потреба ни да се зборува донеси цртежи за оцена. Тие предмети треба да бидат изборни неможе секој да има талент за уметност или за музика. Друга работа учебниците се напишани небаре на факултет сме. Натрупани се со информации и со непознати зборови посебно во биологијата, некои болести, ткива, бактерии и остала срања во лекции од 5 страни за ништо да не сватиш. Стварно е катастрофа образованието.
Мислам дека голема грашка си. Повеќето од предметите во образовниот систем се предмети кои ти го поттикнуваат левиот дел од мозокот. т.е логиката, јазикот, математиката, аналитичкото размислување, меморија, (памтење песнички, години на битнки, имиња на планини), додека за десниот дел од мозокот се наменети овие два предмета и некои други кои треба да ја поттикнат креативноста и фантазијата во вас.
Според мене треба да има ист број предмети подеднакво кои го развиваат десниот и левиот дел од мозокот, за да се постигне баланс, и развивање на целиот мозок, а реално повеќе предмети се оние во кои потребно е вклучување на левата комора на мозокот, и затоа треба уште повеќе предмети како ликовно и музичко да се измислат и да се убацат во образовниот систем.
Мене ме жуља, тоа што не сме економски развиени и немаме добар стандард за нормален живот.
 
Ми смета што зборот жуља го заменивте со СМЕТА, но со исто е значење сигурно
Ми смета: разбирливо према младоста што ја имам доле набројаното
Ми смета: камен во левиот бубрег 5,2 мм и 3 мм
Ми смета: камен во жиолчното кесе со дијаметар 36 мм
Ми смета зголемена простата,со ПСА во крфта 5,8.
Ми смета тромбозата и проширени вени.
Ми смета што и за ручек ставам очила со диоптер 2,5.
Ми смета што и не гледам повеќе ТВ, немат глас за мене.
Ми смета се почесто главоболка и зуење во ушите.
Не-Ми смета што ми се појавија ЖУЉЕВИ од зади од седење на Кајгана.
Сметам дека зборот „смета“ има и наш литературен израз - пречи. :D
 
Сметам дека зборот „смета“ има и наш литературен израз - пречи. :D
Па и јас се сложувам со тоа,но така ја почнаа други оваа дискусија.
А почесто се употребува „смета“ и кај треба и кај не.
 
Ме жуља земјата во која живеам Македонија не онаква како што треба да биде
Ме жуља што имаме поголеми куќи но помали фамилии
Ме жуља имаме повеќе лекови но помалку здравје
Ме жуља што ги зголемивме богатства но ги намаливме нашите вредности
Ме жуља што научивме да преживееме но не и да живееме
Ме жуља што имаме проблеми да ја преминеме улицата и да ги запознаеме нашите соседи
Ме жуља што заборавивме како е да се биде ЧОВЕК
Ме жуља што повеќе знаеме но помалку размислуваме
 
Сепак, најдобро би било и „смета“ да го замениме со „пречи“. Смета е кога сметаме, кога пресметуваме - бараме сметка, сметаме на нешто. :)
Ете, мене ми пречат премореноста и главоболките.
Ми пречи вечниот недостаток на време - секогаш ми фалат секунди, минути, часови и дни
Ми пречи мислата дека постепено заборавам да им се радувам на малите нешта
Ми пречи простотијата, глупоста измешана со ароганција која е ставена на пиедестал
И ми пречи што се повеќе работи ми пречат
Ми смета долгата коса,мора да ја потстрижам.........а може и
Ми пречи ................................................................
но ај овој збор „смета“ замени го со пречи
Сметам дека ќе врне цел ден и цела ноќ.
---------------
Кв-бравар
--- надополнето: 7 април 2013 во 15:14 ---
Сметам дека зборот „смета“ има и наш литературен израз - пречи. :D
....
 
Мислам дека голема грашка си. Повеќето од предметите во образовниот систем се предмети кои ти го поттикнуваат левиот дел од мозокот. т.е логиката, јазикот, математиката, аналитичкото размислување, меморија, (памтење песнички, години на битнки, имиња на планини), додека за десниот дел од мозокот се наменети овие два предмета и некои други кои треба да ја поттикнат креативноста и фантазијата во вас.
Според мене треба да има ист број предмети подеднакво кои го развиваат десниот и левиот дел од мозокот, за да се постигне баланс, и развивање на целиот мозок, а реално повеќе предмети се оние во кои потребно е вклучување на левата комора на мозокот, и затоа треба уште повеќе предмети како ликовно и музичко да се измислат и да се убацат во образовниот систем.
Мене ме жуља, тоа што не сме економски развиени и немаме добар стандард за нормален живот.
Не дека толку мразам музичко и ликовно ама кај нас се срање. Зошто музичкото е толку натрупано со теорија за милион композитори, зошто почесто да не слушаме музика или да изучуваме основни работи за свирење на некој инструмент? Ако веќе толку се потребни нека бидат барем малку по комотни, а не музичко и ликовно да се бориш за оцена.
 
Се согласувам, повеќе пракса а помалку теорија, поготово кај предметиве кои треба да ја развијат креативноста. Креативност се развива со повеќе пракса а помалку теорија, поготово помалку историја.
 
НИШТО НЕ МЕ ЖУЉА САМО ЕДНО МЕ ЖУЉА НЕ ЗНАМ КОГА ЌЕ СИ УМРАМ
И ЛАДНОТО НЕ ПОСТОИ ТОА Е САМО НЕДОСТИГ НА ТОПЛИНА И ТОПЛО НЕ ПОСТОИ САМО НЕДОСТИГ НА ЛАДНО Е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom