Ај да чуеме што ве жуља

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Има ли нешто што ве жуља- ве пецка одвреме навреме , ви засметува/пречи ,а би сакале да го променат - дали во градот/државата каде живеете, факултет, дали професори, сервиси, таксисти, соседи(посебно надворешните);),друштво, на работа, одредена група луѓе- претпоставени..... било што било каде- значи буквално СЕ’ - (којзнае можеби ќе се најде некој кој ќе изнајде или понуди решение.:P) само посочете нешто конкретно- да не е у стил на пример.Ме нервира што МК нема море ....

мене лично најмногу образовниот систем во МК- се малтретираат ученици - а за студенти и да не говорам кутрите покрај останатото и немаат ни материјал на македонски , и тоа со се и сешто - со многу непотребни работи- преобемен материјал кој никогаш во животот нема ни да им затреба (колку вкупно население има пр,Полска :tapp: , па тоа е променлива категорија и зошто некој би ја знаел на памет:eek: ) или пак биологијата - катастрофа невидена - пр. со градба на клетката- цитоплазна, јадра, мембрани, органели дрн дупки ........
сето тоа под хитно би требало да се промени доколку е можно по теркот на Шведска каде се учи основното, но затоа пак најмногу внимание се посветува на воспитувањето, културата, заедничкото живее и учење на меѓусебна соработка , ( зборувам за основното образование) кое е и те како добар темел за натамошното надоградување
треба наставниот кадар да работи со чувства- љубов кон работата ,да умее да пренеси знаење и на некој поинтересен -забавен начин , со посебно внимание и не по план од пред 30 и повеќе години
Предади ја лекцијата,задади куп домашна работа заѕвони ѕвоното- собери дневникот и трк у канцеларија-не може тоа така

ете ова ми падна на ум во моментовo_O
 
Да, убаво си кажа за образованието. Пример, како прво некои професори некогаш ги мрзи и да објаснуваат, додека некои пак навистина сакаат да им помогнат на децата. Но сакам да кажам дека образованието би требало да се смени од темелите, како на пример во основно образование да се учат баш ОСНОВНИ работи, како: што е наука, како се изведува експеримент, да се обрне внимание посебно на средината во која живеат луѓето, социјални односи, општеството, да се читаат најразни работи на часовите... А не во основно да учам, еве да речеме, по хемија за Авогадров број, во седмо одделение поточно, па после пак тоа истото да го учам во средно, а всушност 95% од децата ќе заборават што е Авогадров број и на крај се' ќе биде само за тестот, ова го кажав како еден пример. Би требало да се учи тоа што ТРЕБА...
Мој предлог (вака нестручно, ама сепак), да има еден предмет „уметност“, и да се учи општо за уметноста, а не да се носат сто цртежи по ликовно, па според тоа и да добиваш оценка...
 
Ми смета хипокризијата која им станува навика на луѓето, ми смета недостигот на свест за помагање, ми смета лиценцата за глад, ми смета тоа што некои немаат чиста вода за пиење, кров над глава и шо наместо да се помага на таквите, тие уште повеќе се маргинализираат.
crown.gif
 
Исто образованието како што кажаа погоре. Кој кур ми е мене музичко и ликовно во средно. За што ќе ми треба Шопен Шуберт и компанија во животот, ликовно воопшто нема потреба ни да се зборува донеси цртежи за оцена. Тие предмети треба да бидат изборни неможе секој да има талент за уметност или за музика. Друга работа учебниците се напишани небаре на факултет сме. Натрупани се со информации и со непознати зборови посебно во биологијата, некои болести, ткива, бактерии и остала срања во лекции од 5 страни за ништо да не сватиш. Стварно е катастрофа образованието.
 
треба наставниот кадар да работи со чувства- љубов кон работата ,да умее да пренеси знаење и на некој поинтересен -забавен начин , со посебно внимание и не по план од пред 30 и повеќе години
Предади ја лекцијата,задади куп домашна работа заѕвони ѕвоното- собери дневникот и трк у канцеларија-не може тоа така
Ова е единствениот извор на сите проблеми во образованието! Кога ќе го снема овој проблем, сите други ќе исчезнат сами од себе.
 
Во последно време све ме жуља така да не знам од каде да почнам....ај од побитните работи, ме жуљаат препотентни административци кои еден ден не се испотиле од вистинска работа, ме жуља кога девојка ми има добиено а ми доаѓа дома, ме жуља кога Челзи губи лесни утакмици.
 
Во последно време све ме жуља така да не знам од каде да почнам....ај од побитните работи, ме жуљаат препотентни административци кои еден ден не се испотиле од вистинска работа, ме жуља кога девојка ми има добиено а ми доаѓа дома, ме жуља кога Челзи губи лесни утакмици.


:pos::pos::pos:

Закон си нема што :D
 
;Мене ме жуљат рацете,од секојдневното држење на клештата од апаратот за заварување и маската;а понекогаш чеканот и бонсекот, а понекогаш богами и од мотиката кога треба да се окопува лозјето на шевот. Ама мене не ме мачат жуљевите на рацето од сета таа работа , ме мачи и жуља сознанието дека со таа моја работа неможам да им обезбедан достоен живот на мојата фамилија,затоа што мојот труд не е доволно платен а поголемата добивка и пари останува кај газдата кој пак не го жуља ништо,се му е О.К.поточно ништо не го жуља во животот освен понекогаш во сон од страв од некоја нова револуција(а тогаш може да се и сменат местата,па жуљевите може да бидат и смртоносни).
 
Во последно време све ме жуља така да не знам од каде да почнам....ај од побитните работи, ме жуљаат препотентни административци кои еден ден не се испотиле од вистинска работа, ме жуља кога девојка ми има добиено а ми доаѓа дома, ме жуља кога Челзи губи лесни утакмици.
Па од кога таа ќе си замине и жуљеви ти искачаат на десната рака. Ги знам јас тие маки
 
Ми смета мала група на луѓе која ми глуми авангарда низ градов. Се сметаат за високо просветлени космополити и либерали. Мрчат за се и сешто што е спротивно на нивното мислење и делување. Ги етикетираат сите а се бораат за демократија. Зборат за една страна, додека за друга не смеат да писнат.
Ми смета што си отиде од факс асистентката која на полето на образование ме направи студент заинтересиран за сознавање на нови нешта, ми фали нејзината мотивација, подршка, разговорите на предавање.
Ми смета онаа теткана во пошта, која секогаш кога уплаќам административна такса, ме скенира од глава до пети мислејќи дека сум внук на Бин Ладен. Ми смета нејзината ироничност и глупаво однесување.
Ми смета што понекогаш тоа устата ми е побрза од паметот и не сакајќи знам да кажам што не треба, а луѓево не поднесуваат кога ќе им се каже директно во фаца некои работи.
Ми смета низок пристисок, ми го утепува цел ден.
Ми смета кога серверот ќе ми покаже непослушност.:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom