Ај аирлија. Инспекција на ЕУ за малцинствата и во Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата Sebastian
  • Време на започнување Време на започнување

Sebastian

Too weird to live, too rare to die
Член од
26 јануари 2007
Мислења
606
Поени од реакции
9
Според денешно „Време“ Советот на Европа испраќа инспектори-експерти за малцински прашања и во соседен Татарстан, во кој, нели, нема малцинства.

Еве го целиот текст:

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРАЌА НОВА ИНСПЕКЦИЈА

Европа ќе трага по малцинства во Бугарија

Инспектори-експерти од Советот на Европа во наредните месеци ќе допатуваат во Бугарија за да испитаат колку властите во Софија ги почитуваат правата на малцинствата, меѓу другото и правата на Македонците што живеат во земјата. Стојко Стојков, член на ОМО Илинден-Пирин, вели дека најавената посета се должи на засилениот мониторинг на меѓународната организација, особено по влезот на Бугарија во Европската унија, но и на судските спорови што припадници на македонската заедница ги водат пред Меѓународниот суд во Стразбур. - Лошиот третман на македонското малцинство во Бугарија и натаму продолжува. Токму затоа до крајот на годинава Бугарија ќе биде посетена од посебна комисија на Советот на Европа за да испита дали и колку Бугарија ги почитува правата на малцинствата, кои Софија одбива да ги признае. Ова е особено важно затоа што Бугарија е потписник на Конвенцијата за заштита на правата на националните малцинства и има обврска да го почитува тоа - вели Стојков. Медиумите во Бугарија веќе направија врска на најавената посетата на експертите од Советот на Европа со неодамнешната посета на тимот од ООН на Грција, кога се проверуваше односот на Атина кон малцинствата. Тие тврдат дека, поучени од посетата на ООН, сега припадниците на турското и на македонското малцинство бараат експерти за човекови права да дојдат на самото место да ја видат состојбата. Македонското и турското малцинство се соочуваат со големи тешкотии и водат своевидна „војна“ со бугарските власти. ОМО Илинден-Пирин, организација на Македонците, веќе 17 години се бори да биде регистрирана како партија за да добие право да учествува на избори. Нешто подобра е состојбата кога станува збор за турското малцинство, кое во Бугарија брои речиси еден милион. Тие неодамна се здобија со право на настава на турски јазик до четврто одделение и петминутни вести на турски јазик на бугарската национална телевизија. Европската комисија минатата година побара од властите во Софија да дозволат регистрација на партијата, но Врховниот суд на Бугарија го одби барањето со образложение дека ја немаат потребната документација за регистрација. Во исто време, полицијата приведе голем дел од активистите на организацијата, а против неколкумина се водат и судски спорови. Во Бугарија постојат две асоцијации на Македонците, ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин, од кои едната дејствува како невладина организација, а другата како политичка партија. Забелешките за непочитување на правата на малцинствата биле вметнати и во годишниот извештај на Европскиот парламент за Бугарија.

Полека, но сигурно вистината излегува на површина.
 
Ха ха ха се префрлија од Педерленд во Татарленд... Сега сериозно Македонците во Пиринска Македонија живееат исто како Македонците во Егејска цело време омаловажувани малтретирани редно беше да се ангажираат повеќе
 
Дај боже да има ефект целава работа,да не остане само на празни муабети ко до сега.
 
Ха ха ха се префрлија од Педерленд во Татарленд... Сега сериозно Македонците во Пиринска Македонија живееат исто како Македонците во Егејска цело време омаловажувани малтретирани редно беше да се ангажираат повеќе

Направо да си умреш от смјах с тоја веселјак :pos2:
 
Абе знам тебе не ти е интересно ама како ќе му кажете на светот за зулумите во 21ви век што ги правите. Не ли ви е срам и грев бе торне едно
 
Според денешно „Време“ Советот на Европа испраќа инспектори-експерти за малцински прашања и во соседен Татарстан, во кој, нели, нема малцинства.

Еве го целиот текст:

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРАЌА НОВА ИНСПЕКЦИЈА

Европа ќе трага по малцинства во Бугарија

Инспектори-експерти од Советот на Европа во наредните месеци ќе допатуваат во Бугарија за да испитаат колку властите во Софија ги почитуваат правата на малцинствата, меѓу другото и правата на Македонците што живеат во земјата. Стојко Стојков, член на ОМО Илинден-Пирин, вели дека најавената посета се должи на засилениот мониторинг на меѓународната организација, особено по влезот на Бугарија во Европската унија, но и на судските спорови што припадници на македонската заедница ги водат пред Меѓународниот суд во Стразбур. - Лошиот третман на македонското малцинство во Бугарија и натаму продолжува. Токму затоа до крајот на годинава Бугарија ќе биде посетена од посебна комисија на Советот на Европа за да испита дали и колку Бугарија ги почитува правата на малцинствата, кои Софија одбива да ги признае. Ова е особено важно затоа што Бугарија е потписник на Конвенцијата за заштита на правата на националните малцинства и има обврска да го почитува тоа - вели Стојков. Медиумите во Бугарија веќе направија врска на најавената посетата на експертите од Советот на Европа со неодамнешната посета на тимот од ООН на Грција, кога се проверуваше односот на Атина кон малцинствата. Тие тврдат дека, поучени од посетата на ООН, сега припадниците на турското и на македонското малцинство бараат експерти за човекови права да дојдат на самото место да ја видат состојбата. Македонското и турското малцинство се соочуваат со големи тешкотии и водат своевидна „војна“ со бугарските власти. ОМО Илинден-Пирин, организација на Македонците, веќе 17 години се бори да биде регистрирана како партија за да добие право да учествува на избори. Нешто подобра е состојбата кога станува збор за турското малцинство, кое во Бугарија брои речиси еден милион. Тие неодамна се здобија со право на настава на турски јазик до четврто одделение и петминутни вести на турски јазик на бугарската национална телевизија. Европската комисија минатата година побара од властите во Софија да дозволат регистрација на партијата, но Врховниот суд на Бугарија го одби барањето со образложение дека ја немаат потребната документација за регистрација. Во исто време, полицијата приведе голем дел од активистите на организацијата, а против неколкумина се водат и судски спорови. Во Бугарија постојат две асоцијации на Македонците, ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин, од кои едната дејствува како невладина организација, а другата како политичка партија. Забелешките за непочитување на правата на малцинствата биле вметнати и во годишниот извештај на Европскиот парламент за Бугарија.

Полека, но сигурно вистината излегува на површина.
Само незнам от кога Бугариja е Татарстан?Уште един со 7 години на ветера.Интересно ми е шо ке видат.Сега коj ке ви е крив?Международната заедница?
 
Веке навистина ке ми е интересно кога комисиjaта излезе со решение.Коj ке ви е виновен сега?Международната заедница?Чекам со големо нетрпение да видим шо ке стане.

Значи во случајов незнам кој понестрпливо чека.

Али баш ќе видиме :helou:.
 
Абе знам тебе не ти е интересно ама како ќе му кажете на светот за зулумите во 21ви век што ги правите. Не ли ви е срам и грев бе торне едно

Само си мисла,дали сметаш дека вие сте идеални и нема ништо за пипване каj вас?
 
Никаде нема права за 20% малцинства како во Македонија,тоа на сите им е јасно,останува да им се разјасни дека се заебаа што го иницираа тој проблем со еден договор кој се вика с-рамковен и кој во иднина ќе биде обавезен за сите земји во светот кој себеси се рачунаат за демократски.Грција и Бугарија се всушност првите практични примери кој ги кршат сегментите на еден таков договор.:toe:
 
Приказната за баба Ванѓа во Индија

Македонскиот документарен филм „Како свеќа“, посветен на познатата македонска јасновитка баба Ванѓа, а работен по сценарио и режија на Тихомир Стојановски, ќе учествува на Интернационалниот филмски фестивал „Ганди панорама“, кој ќе се одржи од 2 до 4 октомври во градот Вардха, Индија. Снимен е за време на гостувањето на театарската трупа „Скрб и утеха“ кај македонското население во селата Мосомиште и Лески во Пиринска Македонија. - Филмот е е посветен на култната балканска јасновитка баба Ванѓа, која е родена во Струмица, но се преселила во Бугарија, во месноста Рупите, каде што им се посветила на пророчките способности и на толкувањето на човечките судбини, што ја направи меѓународно позната - вели режисерот Стојановски. Покрај приказната за баба Ванѓа, документарецот се осврнува и на проблемите што ги имаат Македонците во Пиринска Македонија и на нивното непризнавање од бугарските власти. - Во документарецот има многу изјави на Македонци кои имаат желба да се отворат границите и тие да бидат признаени како македонско малцинство во Бугарија. Тие сакаат да говорат на својот јазик, да се едуцираат и слободно да комуницираат со своите во Македонија - вели Стојановски.
 
Хмм интересно,зашто баба Ванга не оди во МК,па седи во БГ,па нали е македонка?
Границите ке се отворат кога ЕУ премахне визниот режим со МК и когато стенете членки на ЕУ.Това не зависи от БГ,па зависи от МК.
Второ своjaт jaзик со договора от 1999 година е диалект на бугарскиот на териториjaта на БГ.На териториjaта на МК е отделен jaзик.
Во училиштата се учи литературен jaзик,не диалекти.Нема как да стане това.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom