Sebastian
Too weird to live, too rare to die
- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 606
- Поени од реакции
- 9
Според денешно „Време“ Советот на Европа испраќа инспектори-експерти за малцински прашања и во соседен Татарстан, во кој, нели, нема малцинства.
Еве го целиот текст:
ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРАЌА НОВА ИНСПЕКЦИЈА
Европа ќе трага по малцинства во Бугарија
Инспектори-експерти од Советот на Европа во наредните месеци ќе допатуваат во Бугарија за да испитаат колку властите во Софија ги почитуваат правата на малцинствата, меѓу другото и правата на Македонците што живеат во земјата. Стојко Стојков, член на ОМО Илинден-Пирин, вели дека најавената посета се должи на засилениот мониторинг на меѓународната организација, особено по влезот на Бугарија во Европската унија, но и на судските спорови што припадници на македонската заедница ги водат пред Меѓународниот суд во Стразбур. - Лошиот третман на македонското малцинство во Бугарија и натаму продолжува. Токму затоа до крајот на годинава Бугарија ќе биде посетена од посебна комисија на Советот на Европа за да испита дали и колку Бугарија ги почитува правата на малцинствата, кои Софија одбива да ги признае. Ова е особено важно затоа што Бугарија е потписник на Конвенцијата за заштита на правата на националните малцинства и има обврска да го почитува тоа - вели Стојков. Медиумите во Бугарија веќе направија врска на најавената посетата на експертите од Советот на Европа со неодамнешната посета на тимот од ООН на Грција, кога се проверуваше односот на Атина кон малцинствата. Тие тврдат дека, поучени од посетата на ООН, сега припадниците на турското и на македонското малцинство бараат експерти за човекови права да дојдат на самото место да ја видат состојбата. Македонското и турското малцинство се соочуваат со големи тешкотии и водат своевидна „војна“ со бугарските власти. ОМО Илинден-Пирин, организација на Македонците, веќе 17 години се бори да биде регистрирана како партија за да добие право да учествува на избори. Нешто подобра е состојбата кога станува збор за турското малцинство, кое во Бугарија брои речиси еден милион. Тие неодамна се здобија со право на настава на турски јазик до четврто одделение и петминутни вести на турски јазик на бугарската национална телевизија. Европската комисија минатата година побара од властите во Софија да дозволат регистрација на партијата, но Врховниот суд на Бугарија го одби барањето со образложение дека ја немаат потребната документација за регистрација. Во исто време, полицијата приведе голем дел од активистите на организацијата, а против неколкумина се водат и судски спорови. Во Бугарија постојат две асоцијации на Македонците, ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин, од кои едната дејствува како невладина организација, а другата како политичка партија. Забелешките за непочитување на правата на малцинствата биле вметнати и во годишниот извештај на Европскиот парламент за Бугарија.
Полека, но сигурно вистината излегува на површина.