Реков 50к како минимум за рандом сапрот функции кои работеа само на тикети кога ќе биде платена х фактура, кои беа меѓу првите заменети од АИ. Додека девелопер еве да кажеме зема над 100к отпремнина која да, му доаѓа како една година да земал плата а да не правел ништо. И можеби е малку и тоа како што велиш, но не ми беше фокусот само на парите, бидејќи за таа година, плус годината претходно од кога е најавено отпуштањето и плус земајќи предвид дека некој се официјално истерани но имаат работа и ќе земаат плата еве и во 2026, ти доаѓа 2-3 години за кои имаш прилично сигурен сејфти нет и шанса да се преквалификуваш во што и да сакаш, без разлика каков е пазарот. Додади на тоа дека и под државата ќе земаш година време солидни примања за живеење, а ако си заглавен можеш тоа да го пролонгираш уште една година без проблем. Тогаш твоето најлошо сценарио погоре од барање година и кусур работа е сеуште мачкина кашлица. Па мене толку ме фати да научам сѐ што сега работам а сигурно и кој и мајсторлук да фатиш да го учиш, тоа време и тие парти ќе ти стигнат.
Допираш во нервот на проблемот, бидејќи сме збореле за развиени земји. Тие земји имаат закони и регулации што имаат смисла и важат, така да ако развиена земја се грижи за граѓаните има шанси истите да бидат доволно заштитени и од АИ преку регулации, работнички, човекови права итн. Верувам дека строги регулации и синдикати се круцијални за да видеме каде ќе застанеме со АИ. Моите верувања се малку и драстични, јас мислам дека државата има малку на државна цицка вработени, јас мислам дека ако може државата нека ги вработи сите свои граѓани, дади му секому работа, наместо фантазијата што е универзален приход. Од што би дошло тоа, од даночење агенти? Најразвиените земји не можат тие под биро и пензионерите да ги плаќаат, секоја година расте прагот, еве тука ќе биде за мене на 70 години. Нејсе.
Конкретно мене ме имаат контактирано регрутери, имав годинава неколку понуди, не мора да аплицирам за да ти кажам дека тука сеуште се наоѓа работа бидејќи колеги што напуштија веќе и се вработија, не прифатија ни отпремнина бидејќи немаше да може одма да се вработат. Мене ме мрзи да го следам маркетот, не сум аплицирал јас повеќе од година и нешто, најмногу бидејќи корпорацијата прави маркет рисрч за да е во тек со платите и да немаат голем turnover, што може да е проблем на подолг рок за legacy решенијата. Затоа и мислам ја имам слободата да се квалификувам во било која вертикална и хоризонтална линија внатрешно. Визијата како што гледам им е шутирај све што може АИ да замени, инвестирај многу во тоа што ќе остане.
Да баталиме муабетот погоре, еве да се фокусираме како да се постават подобро луѓето во тој АИ свет кој ги заменува. Твоето решение како што читам е да направат посериозни пари за да имат работен капитал, fuck you money. Океј, но да бидеме реални, колку време имаат луѓето за тоа и како? И на тоа ако додадеме дека не секој е способен за водење бизнис како што самиот пишуваш, тогаш што да прави 98% од популацијата во МОМЕНТОТ во очи АИ? Еве, што би советувал некој ДЕНЕС да направи, ако се држиме на таа тема? Впрочем, затоа и се впуштив во дискусијата, бидејќи не знам дали да се уште доквалификувам за комплетно да преминам на техничка страна, бидејќи и тоа звучи контраинтуитивно кога АИ заменува баш технички функции, и знам дека премногу се шегуваат но некои се и сериозни како
@AceCaleb кои од IT планираат да се вратат на физичка работа:
Дополнително би сакал да слушнам Лестер како некој со своја фирма, како и вие се носите со АИ? Низ муабет како да те прочитав дека не му веруваш многу и „одозгора“ го користите за да сте чисто во тек. АИ зголемува ефикасност кога збориме за илјадници вработени, но корпоративниот модел со премногуте состаноци, процедури, стотици peer reviews, документации и сѐ што наброја како негативност уствари превенираат некој девелопер да пушти АИ код на прод каде ако го прашаш да го објасни после 2 часа не би знаел, како што имаше напишано пример некој во ИТ темата. Велиш дистописки, терминаторски сценарија ако биле луѓето од плата до плата, ќе оставам на тебе да кажеш колкав процент од населението живее така и повторно би прашал, што да прави истото? Да гасиме струја?
Мене за телефон што не се слушаше кога зборат ми рече ако имаш електрична четка за заби, навлажни ја ептен малку со алкохол и на најнежен сетинг пушти ја да врти врз звучникот. Тоа го реши проблемот, сорсот на одговорот дојде од редит, што не мислам дека многу време ми скрати бидејќи АИ повеќе го верифицирам од upvoted коментари.