AI и што потоа

  • Креатор на темата Креатор на темата Lokvan
  • Време на започнување Време на започнување

Sepak zboris od aspekt na gazda na uspesen biznis, a nego ne mu e toa ambicija ko sto svativ?

Za average Joe vraboten daleku podobro e da si vo golema korporacija nego pomala firma. Normalno ima i isklucoci, ama se toa sto si go nabrojal e 10 pati poizrazeno koga rabotis direktno so gazdata. Imam sretnato mnogu poise gazdi so psihopatski tendencii nego menadzeri, a i samata relativna mokj sto ja imaat e dosta pomala. Na krajot od denot i oni se vraboteni i poednakvo lesno mozhe da letaat i cesto i letaat, taka da karierata ne ti zavisi samo od 1 covek.
Bi rekol brojka si segde, toa so sega e praksa da se brkaat lugje vo golemi korporacii bese standard vo pomali firmi od sekogas.

Od druga strana cudno mi e zaso @wot bi baral sovet tuka, pogotovo sto spored napisanoto dali po znaenje ili srekja si se pozicioniral dobro tamu. Tesko deka i nekoj kje ti dade tocen sovet, zasto imam videno strasno pametni i sposobni lugje kako praat mega promasuvanje so predviduvanje, i na tugj i na svoj grb.
Mozda BA kje gi prezemat tehnicite ulogi, mozda i tehnickite lica kje gi prezemat biznis ulogite? Edno e sigurno, pomalce rabotni mesta i nekoj kje bide eban. Poiskusnite tehnicki lica i onaka rabotat vo samiot domain, a golem del od menadzerskite pozicii se popolnuvaat od samite tehnicki lica.
Ај прочитај ја уште еднаш првата реченица.

Поентата ми беше дека исто како што не е за секого да биде бизнисмен, така не е за секого ни корпоративната средина.

За луѓе кои работат, се добри технички, имаат грижа на совест, се гордеат со својата работа и квалитет, и имаат креативност - корпорациите многу брзо стануваат цицачи на душата.

За да одиш нагоре во плата, мора да влезеш во менаџмент. Ако останеш во понизок менаџмент, служиш како боксерска вреќа и за тие од горе, и за тие под тебе. А ако сакаш да се качиш повисоко, мора да ја играш корпоративната игра и да се бркаш со луѓе кои се најчесто нарциси, социопати, и неретко психопати. Ако имаш стомак за ова, поарно оди во политика, ќе направиш повеќе пари од криминал и тендери. А тоа во која фирма, и од кој облик е поарно е доста дискутабилно, и зависи од многу фактори.
 
Она што многумина не го сфаќаат е дека напредувањето во корпоративна средина често е потешко отколку во претприемништво. Работев неколку години во таква средина, и мој заклучок е дека за да опстанеш мора да имаш малку социопатско-психопатски особини, особено во менаџмент (игнорираш неправди, тераш лицемерие и бесмислени глупости, газиш врз секој, лижиш газови за позиција и тн). Ако не си таков, системот брзо ќе те натовари и наполни со фрустрации.
Не. Во претприемништвото за да опстанеш имаш поголем стрес бидејќи работното време не ти завршува во 4, во претприемништвото додатно треба да се бафташ со продажба, со кадрово, со менаџирање, со визија за продуктот, со буџет, да мислиш премногу во иднината отколку само за утре, итн. Не може модел што се базира на high risk high reward да биде полесен за да опстанеш во по дефиниција, одошто во корпорација како што кажуваш, само бидејќи имало некои си стереотипни внатрешни политики. Викаш: „игнорираш неправди, тераш лицемерие и бесмислени глупости, газиш врз секој, лижиш газови“. Јас сум сигурен дека ти си на ова повеќе изложен на дневна база од обичен вработен.

Важат истите природни закони, колку потешко си заменлив, толку повеќе не може некој да те стави на листа на отпуштање оти така му се присакало како што тврдиш. Напротив, сведок сум на повеќе истерани директори отколку специјалисти. Еве јас имам 0 амбициозност да се качувам по корпорациската скала, но самата корпорација кога веќе те вработила со траен договор гледа да те исцеди, така да имам задолжителен девелопмент каде цел месец не сум оперативен бидејќи морам да учам, да се сертифицирам, да се подобрувам во улогата кај што сум ставен, да иновирам, и сите унапредувања, понудени унапредувања и покачувања ги имам добивано автоматски без самиот да барам, бидејќи независно од мојот менаџер, јас добивам инфлациско порамнување, маркет порамнување, загарантиран процент во бонус и гарантирано покачување по заслуга базирано на евалуациите со HR. Во помала фирма ти ги ставаш на лента, ти бројат саати на тиимс, број на маици, ти бројат празници, ти бројат деца... па зошто очекуваш некој таков да се вложува исто како ти, како сопственикот? Социопатско-психопатски особини не се ексклузивни само за корпорациите, но објаснето поназад.

Не можеш да викаш отворете па видете како е, а после да викаш полесно е одошто во корпорација. А каде е ризикот, колкав е процентот да успееш како стартап? Еве би сакал да слушнам совет од тебе кога веќе збориме за иднината, за колку време јас би станал бездомник ако отворам утре фирма наместо да работам во корпорација со дефинирани услови, и вишокот го инвестирам во некој сигурен фонд + во некој локален бизнис на пријател, роднина или да инвестирам во фирма на некој едноствано што трчка generational wealth, како тебе на пример, и да си свиркам без нервозите?

Od druga strana cudno mi e zaso @wot bi baral sovet tuka, pogotovo sto spored napisanoto dali po znaenje ili srekja si se pozicioniral dobro tamu. Tesko deka i nekoj kje ti dade tocen sovet, zasto imam videno strasno pametni i sposobni lugje kako praat mega promasuvanje so predviduvanje, i na tugj i na svoj grb.
Mozda BA kje gi prezemat tehnicite ulogi, mozda i tehnickite lica kje gi prezemat biznis ulogite? Edno e sigurno, pomalce rabotni mesta i nekoj kje bide eban. Poiskusnite tehnicki lica i onaka rabotat vo samiot domain, a golem del od menadzerskite pozicii se popolnuvaat od samite tehnicki lica.

Во време кога сите се мислат да почнат да лепат плочки, нели е контра-интуитивно некој сега да учи нови технологии за да премине на техничката страна во веќе заситен пазар, затоа прашувам. BA природно звучи како потешко да ги преземе техничките функции, но со АИ тоа станува полесно, во споредба со техничките лица кои не можат толку лесно да го совладат бизнисот и да ги работат менаџерските позиции рецимо, бидејќи АИ таму не е толку импактен. Еден квалитетен сениор девелопер од Индија има потреба од (бизнис) преведувач за да претстави решение или новитет, бидејќи ниту знае што е крајната цел и каде тера компанијата со идејата, ниту има способност да ги помине сите хендшејкс со CFO, инвеститори, ризик, итн. Не знам колку е одржливо да се седи на две столчиња, и техничката и бизнис страната, затоа прашувам каде мислите има повеќе иднина, бидејќи по некоја среќа ја имам опцијата и поддршката за двете и не сакам да губам време во преквалификување ако утре нема да има потреба од тоа.
 
Не. Во претприемништвото за да опстанеш имаш поголем стрес бидејќи работното време не ти завршува во 4, во претприемништвото додатно треба да се бафташ со продажба, со кадрово, со менаџирање, со визија за продуктот, со буџет, да мислиш премногу во иднината отколку само за утре, итн. Не може модел што се базира на high risk high reward да биде полесен за да опстанеш во по дефиниција, одошто во корпорација како што кажуваш, само бидејќи имало некои си стереотипни внатрешни политики. Викаш: „игнорираш неправди, тераш лицемерие и бесмислени глупости, газиш врз секој, лижиш газови“. Јас сум сигурен дека ти си на ова повеќе изложен на дневна база од обичен вработен.

Важат истите природни закони, колку потешко си заменлив, толку повеќе не може некој да те стави на листа на отпуштање оти така му се присакало како што тврдиш. Напротив, сведок сум на повеќе истерани директори отколку специјалисти. Еве јас имам 0 амбициозност да се качувам по корпорациската скала, но самата корпорација кога веќе те вработила со траен договор гледа да те исцеди, така да имам задолжителен девелопмент каде цел месец не сум оперативен бидејќи морам да учам, да се сертифицирам, да се подобрувам во улогата кај што сум ставен, да иновирам, и сите унапредувања, понудени унапредувања и покачувања ги имам добивано автоматски без самиот да барам, бидејќи независно од мојот менаџер, јас добивам инфлациско порамнување, маркет порамнување, загарантиран процент во бонус и гарантирано покачување по заслуга базирано на евалуациите со HR. Во помала фирма ти ги ставаш на лента, ти бројат саати на тиимс, број на маици, ти бројат празници, ти бројат деца... па зошто очекуваш некој таков да се вложува исто како ти, како сопственикот? Социопатско-психопатски особини не се ексклузивни само за корпорациите, но објаснето поназад.

Не можеш да викаш отворете па видете како е, а после да викаш полесно е одошто во корпорација. А каде е ризикот, колкав е процентот да успееш како стартап? Еве би сакал да слушнам совет од тебе кога веќе збориме за иднината, за колку време јас би станал бездомник ако отворам утре фирма наместо да работам во корпорација со дефинирани услови, и вишокот го инвестирам во некој сигурен фонд + во некој локален бизнис на пријател, роднина или да инвестирам во фирма на некој едноствано што трчка generational wealth, како тебе на пример, и да си свиркам без нервозите?

Во време кога сите се мислат да почнат да лепат плочки, нели е контра-интуитивно некој сега да учи нови технологии за да премине на техничката страна во веќе заситен пазар, затоа прашувам. BA природно звучи како потешко да ги преземе техничките функции, но со АИ тоа станува полесно, во споредба со техничките лица кои не можат толку лесно да го совладат бизнисот и да ги работат менаџерските позиции рецимо, бидејќи АИ таму не е толку импактен. Еден квалитетен сениор девелопер од Индија има потреба од (бизнис) преведувач за да претстави решение или новитет, бидејќи ниту знае што е крајната цел и каде тера компанијата со идејата, ниту има способност да ги помине сите хендшејкс со CFO, инвеститори, ризик, итн. Не знам колку е одржливо да се седи на две столчиња, и техничката и бизнис страната, затоа прашувам каде мислите има повеќе иднина, бидејќи по некоја среќа ја имам опцијата и поддршката за двете и не сакам да губам време во преквалификување ако утре нема да има потреба од тоа.
Квалитетен девелопер од Индија сигурно нема да ти ја земе работата зашто е аусајдер, и не може у никој случај да знае стратегија на компанијата, или да има состаноци со инвеститори и тн. Но девелопер вработен кај вас, кој е вклучен во процесите и те како може да те замени зашто ако девелопира ваш продукт, најверојатно веќе да го знае 90% од бизнисот . Останува на тоа дали сака и има амбиции да прогресира у таа насока или не, и дали компанијата толку крати зашто еден човек да ги работи овие две работи е нонсенс за мене само по себе.

Работата е олеснета, и ќе биде уште повеќе олеснета, ама некој пак ќе мора да развива и разгледува код а од мое искуство за доста нетехнички луѓе тоа е како да гледаат кинески букви. Кодирањето е завршена работа, но не и развојот на код. Имај у предвид дека доста од програмерите работеле и други работи пред тоа, па имаат и практично искуство од двете работи, дали е економски, дали друга инженерска струка и тн. Не ги замислувај сите програмери како дебили што немаат сенс за бизнис или работа со луѓе.

Дека девелопер ќе иде плочки да лепи, да не ја почнувам таа тема :D
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Мислам дека пак не се разбираме. Не тврдам дека претприемништвото е за секого, ниту дека секој ќе успее. Тврдам дека има луѓе кои природно побрзо ќе го тераат тоа отколку да мора да се лижат по корпорации или да трпат некој што им продава приказни за „култура“ додека ги гази. Јас сум еден од тие.

Во секоја фирма важи истото правило: како вработен ќе бидеш унапреден според минатиот перформанс, сe додека не ја погодиш сопствената граница на некомпетентност. И некомпетентност не се однесува само на техничко знаење, многу почесто е менаџерско, комуникациско или политичко. Ќе те носат нагоре додека тековниот менаџмент те поддржува. Кога ќе дојде нов директор, што е сосема нормално, тој најчесто ќе си донесе свои луѓе на клучни позиции. Ако тогаш си на „погрешната“ позиција во „погрешен“ момент, можеш да бидеш најголемиот вундеркинд, пак ќе леташ, или ќе те паркираат некаде каде што нема да пречиш.

Друг проблем во корпорации е постојаното менување на менаџмент за „нови идеи“, за подобри односи со некоја политичка гарнитура и слично. Може да си најдобар, но во технолошки сектори секогаш ќе се најде некое азијче што е попаметно од тебе, или некој што има подобра мрежа и комуникација со институциите од тебе.

Убавината на приватен бизнис е што нема горна граница. Се што ќе изградите ти или твоите вработени останува како интелектуална сопственост, а тоа при продажба вреди многу пари. Плус вреднувањето на фирмата според приход, профит и индустрија прави често да можеш да ја продадеш за најмалку колку годишниот приход, неретко и повеќе, и веројатно најбрзиот начин да се издигнеш неколку скалила во општеството. Истото важи и обратно. Ризикот е реален, можеш да изгубиш и многу пари, време и нерви.
Лично јас почнав од доле, гарантирам дека најголем дел од форумов доаѓаате од побогати фамилии, и сте имале повеќе помош од семејството, но, со многу труд и трчање, работите си дојдоа на свое место.

Од друга страна, корпоративната титула вреди само во рамки на таа корпорација и само додека си релевантен таму. Може да добиеш некоја опремнина од неколку илјадарки ако бркањето е со технолошки вишок, но тие пари најчесто ќе ги потрошиш за неколку месеци и ништо нема да ти сменат. Ако е пазарот на работа лош - имаш проблем. Ако е економијата лоша - имаш уште поголем проблем, нема да работат ни тие инвестициите во фондови. Кај бизниси не значи дека економијата ќе те погоди на долг рок, јас пишував уште во 2023та дека работите не одат на арно, оти го гледав тоа при состаноци и продажби со клиенти, но доброто е што имав увид во многу рана фаза и имавме време да се прилагодиме. За кратко време направивме реструктуирање во сервисите, појачавме друг сектор кој пак за чудо цветаше во таа лоша економија и испадна да направиме рекордни профити во 2024.

Исто така, ако си добар во корпорација, нема гаранција дека ќе бидеш добар и во приватен бизнис. Корпорациите се организирана зоолошка. Се знае кога се јаде, кој што прави и кои правила важат. Во приватен бизнис не постои сигурно ништо. Единственото правило е да не кршиш закони, или за тие што одлучиле да ги кршат - да не ги фатат.

И едното и другото не се за секого. Луѓе што се одлични во едната средина често се слаби во другата.

Генералните правила што јас ги имам видено се следниве:

Корпоративна средина:

  1. Ако функционираш подобро со рутина, правила и структура, корпорација е многу попогодна. Таму времето најчесто ти оди отприлика 60% на политика, комуникација, менаџери, изградба на имиџ и усогласување, и околу 40% на реална работа.
  2. Ако не сакаш ризик и ти значи стабилна плата, фиксно време, јасни очекувања и KPI.
  3. Ако повеќе те движи надворешна мотивација (рокови, шеф или тимски притисок).
  4. Ако сакаш да станеш специјалист во одредена област, со постепено напредување. Приватниот бизнис бара генералисти и е динамичен.
  5. Ако хаос, промени и неизвесност ти создаваат нервоза, тогаш корпорацијата е побезбедно место, барем затоа што правилата се јасни.
Приватен бизнис и претприемништво:
  1. Овде е обратно. Околу 90% од времето е гасење пожари и решавање проблеми секој ден, во секој можен сектор. Брзо стануваш „експерт“ во маркетинг, продажба, право, HR, набавки и се друго што ќе се појави.
  2. Ако си самомотивиран и немаш проблем да се менаџираш сам, да работиш повеќе часови кога треба и да носиш повеќе улоги истовремено.
  3. Мора да имаш толеранција за хаос, брзи промени, непознато и ризик.
  4. Ако брзо се враќаш после пад, не се откажуваш и продолжуваш понатаму. Ова е веројатно најважниот индикатор за успех.
  5. Продажбата мора да ја прифатиш како реалност. Без продажба нема раст, нема бизнис.
  6. Егото мора да остане пред врата. Целта е да вработиш луѓе што се подобри и попаметни од тебе. Затоа реков дека нарцисите генерално подобро функционираат во корпорации, каде што системот ги штити.
Базирано на се ова, секој треба да си направи своја математика и да види каде му е најдобро. Секој од нас може да даде совет базиран на нашата успешност и искуство, кои не значи дека ќе работат и за нив. Јас сум секогаш за бизнис, без разлика колку е тешко, и без разлика во која област (се додека сакаш да го работиш тоа, затоа што е малку потешко да кренеш раце од бизнис, отколку од работна позиција).
 
Квалитетен девелопер од Индија сигурно нема да ти ја земе работата зашто е аусајдер, и не може у никој случај да знае стратегија на компанијата, или да има состаноци со инвеститори и тн. Но девелопер вработен кај вас, кој е вклучен во процесите и те како може да те замени зашто ако девелопира ваш продукт, најверојатно веќе да го знае 90% од бизнисот . Останува на тоа дали сака и има амбиции да прогресира у таа насока или не, и дали компанијата толку крати зашто еден човек да ги работи овие две работи е нонсенс за мене само по себе.

Работата е олеснета, и ќе биде уште повеќе олеснета, ама некој пак ќе мора да развива и разгледува код а од мое искуство за доста нетехнички луѓе тоа е како да гледаат кинески букви. Кодирањето е завршена работа, но не и развојот на код. Имај у предвид дека доста од програмерите работеле и други работи пред тоа, па имаат и практично искуство од двете работи, дали е економски, дали друга инженерска струка и тн. Не ги замислувај сите програмери како дебили што немаат сенс за бизнис или работа со луѓе.

Дека девелопер ќе иде плочки да лепи, да не ја почнувам таа тема :D

“Coding is dead” е мит. AI ќе пишува boilerplate.

Дај му малце време и ќе видиме дали е мит. 99% од кодот ќе биде аутогенериран во иднина. Ќе треба нешто да смениш, да додадеш рачно ама дека ќе седне некој да куца како порано при овие алатки, тешко.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom