Имам искуства каде што финансиски контролори почуваат веќе да навлегуваат во sql и python моделирање затоа што им е кажано ако сакате да останете релевантни мора да станете и дата аналист. Претпоставувате со постоечкиот дата аналист што ќе се случи. Значи компаниите повеќе се кладат дека другите професии побрзо ќе совладаат технички контент отколку техничариве бизнис концепти. Истото ќе се преслика во другите сегменти иако ја сеуште никаде не гледам огласи за тради позиции кои бараат разбирање/познавање на AI и автоматизација на процеси а ќе дојде и тоа.
Замисли да немаш потреба да плаќаш SAP или Oracle консултант/девелопер за да напраи фунционалност или да ти подеси процеси него тоа да го прави крајниот корисник како секојдневен таск во својот департмент што нема допирна точка со IT. Да немора да пушташ тикети и да чекаш цела вечност.
Ама ќе си донесе functional-от со него уште едно другарче BA, па ќе копаат заедно додека измапираат се. Сеа извини ама, една фирма ако нема дефинирано процеси а сака да расте, ќе го плати данокот на минатото. Затоа реков во претходни постови дека во поглед на AI, баш ми се чини дека BA ќе има колку толку безбедна иднина и побарувачка. Уште ако знае AI во автоматизација на процесите да им уфрли, златен рудник. Е сеа, од мое искуство, BA не е нешто што можеш академски да го научиш и да го старташ без детално познавање на индустријата и/или продуктот.
Поентата е што не е само IT засегнат, а само низ призмата на програмери се гледа. Комплетни тимови за услуга, администрација, финансии ќе бидат десеткувани во неколку луѓе кои само треба да буљаат у некои си dashboard-и и да пазат да не отиде некој KPI многу далеку за враќање. Нема многу луѓе да треба да гледаат во тие dashboard-и и тоа е проблемот.
Би се фокусирал на усовршување во Business Analyst затоа што сметам дека AI уште ќе каска во согледување на проблеми во процеси иако звучи смешно дека не би можел да го прави. Ама мислам дека попрво ќе биде креативен во креирање продукт (за репетитивни задачи да не ни зборам), отколку да земе цел процес. Од друга страна па, би развивал продукт на база на AI што би симулирал и заменил BA...малце шизофренија е знам, али па тоа ми доаѓа онака на памет дека ќе дојде време кога за секоја позиција во моментот ќе се бара агент.
За година до две од сега, очекувам масовен layoff ама перфидно испланиран за да не алармира институционално. Ќе се понуди некаква си реквалификација некаков upskill ама тоа ќе биде мачкање очи. За една надзорна AI позиција ќе конкурираат 1-2.000 кандидати. Ни 1% нема да можат да се префрлат така лесно од white во blue collar ни па ќе има потреба за тоа. Со еден збор криза на средната класа која и дефинитивно ќе престане да постои а само промил ќе успее да отиде во горната каста.
Да потврдам некои од работите што ги збориш бидејќи се пронајдов во профилот што го опишуваш.
Работам 2-3 години во глобална корпорација, под финансии.
Повеќе ми беше фокусот финансиска контрола, аудит, ризик, комплајанс, SOx контроли бидејќи сме на берзата. Работев и како techno-functional на s2p продукт, но паралелно покрај improving end user experience, како проект менаџер водев поголеми финансиски проекти околу мастер дата, миграции, автоматизирани плаќања, онбордирање нови софвери end to end, итн кои пази повеќето сам си го лоцирал, мапирал, презентирал, продал - надвор од продуктот. Како functional мораше да учам да конфигурирам, па ајде учи требало sql (python почнав да чепкам приватно), па учи за ERP системи бидејќи продуктот збори со Oracle и повеќе инстанци на SAP (се мачам секогаш да сменам нешто на таа страна ако не е по standard), па врзи го да збори со Docusign, па со ОКТА и учи аксес и авторизации, со интернал HR системи, со екстернал каталози, абе уште на глава да се качи, па ајде треба да знаеш APIs, EAIs, интеграции, aвтоматизации, скриптирање. Колку повеќе учев како работи бизнисот, толку повеќе работа имав и станав сениор без да барам. Имав понуда и за лид оти во МК привремено водев помал operations тим, но сега одбив бидејќи тука е самоубивство.
Сите технички промени што ги барав од дев еден период сам си тестирав како QA бидејќи имаше неколку поголеми пропусти што во никој случај не требаше да се десат на прод, бидејќи QA го немал бизнис интелиџенсот и тестирале само хепифлоус. Минатата година имав преку 300 тестови направено и 40% им ги имав вратено назад, па депресија ме фаќаше кога ќе отворев ЈИРА од што е досадно QA и peer reviews. Па и спринтовите ги водев бидејќи приоритетите и беклогот идеа од мене и немаше потреба од мидлмен. Па ајде редовните апгрејди, бренчови, тагови, SIT, UAT... 2 години се обидувам да ги автоматизирам, но секогаш некој ниш кејс ќе оправда ресурси за мануелно тестирање бидејќи кРиТиКал. Поради имање некој успех со автоматизации и времето кое дојде, годинава ме ставија да работам на проекти околу genAI и сетирање агенти, и гледам како оperations тимови, accounting, payment тимови, support тимови, financial planning тимови и голем дел од мидл менаџмент исчезнуваат во прашинки како Танос да снепнал со прстите, но во фази, баш како што напиша ти. Само што кај нас им дадоа две години нотис (ќе си одат одгодина) и дебел северанс ако сам си отидеш, a работничкиот синдикат се избори за x3 oд законското за секој технолошки вишок. Испадивме неколку илјади годинава и останаа core и скелетон тимови. Од Јануари треба да почнам како Solution Аrchitecht (што и да е тоа), но уште не сум прифатил. Упорно им викам дека не сум доволно технички поткован, често импровизирам и не знам бејсикс некогаш, ми викаат ќе научиш, со ментори, со курсеви.
Како јас гледам на работите, техничкиот дел е повеќе под ризик од АИ одошто да си со бизнисот и лидершип, да се шлаеш по состаноци по цели денови и да објаснуваш што треба да се направи за друг да го направи. Техничкиот дел бара континуирано читање и работа, а кога работам на бизнис страната, репортинг, одобрувања, консталтинг итн имам премногу слободно време и сум violently high уште во 2 поручек. Не сум се ни пуштал на работа понекогаш со денови бидејќи сум заглавил гејмајќи, бидејќи на таа страна немам KPIs, само годишни goals хаха, но мораш да ја играш корпоративната игра. Башка што кај нас повеќе се платени тие корпо менаџмент функции од мид па и сениор дев considering дека и аутсорсаме. Инаку немам љубов ниту пасија за ништо од двете, а се ова ми беше непознато пред три години.
Како ти би се спремал за иднината во овој случај, ме интересира твое мислење? Земено предвид цела слобода и време за до/пре-квалификување, впрочем до некаде е и морално поради девелопмент плановите што ги фураат во корпорациите. Само не ми викај свој продукт, идеја и отвори фирма, ако немаш веќе две фирми касниш, отвори по една на твоите блиски за секој случај, да не умреш без осум фирм. Тоа што им го предлагаш на девелопериве мене ми е смешно бидејќи не секој го има претприемачкиот дух и е објаснето многу пати. Дали мислиш има простор во оваа uncharted АИ ера да се збори за work-life balance бидејќи е нешто што го ценам? Јас сум активен 3-4 саати во ден, работам од дома и си дувам цел ден, прилично сум опуштен и не се имаме со стресот, не сум некој што би пукал 80+ саати неделно како code monkey. Еве твојата пасија е осетна, Лестер вика не требало да вработиш некој што може да раѓа бидејќи тоа намалувало продуктивност пред и потоа, и дека сме имале премногу празници кои често ги минеме со фамилијата. Дури Емка вика немало потреба од QA воопшто, они си го знаеле продуктот доволно и можеле сами да покриваат. Најверојатно целта е да не излезат на вести повеќе пати, еднаш годишно било валда океј хаха. Вие сте индустријата што ја воведе хиперпродуктивноста како норма, па сега кога вроди хиперпродуктивна алатка кукате. Вие куцавте по 12 саати само на кафе и гумени бонбони. Вие воведовте мандатори сајд хаслс од енормни ега поради I can probably build that ставови. Сите ние бевме супер пред тоа.
Јас сакам само да сум релевантен за да продолжам да работам малку и од дома и да имам време и енергија за активности после работното време. Мислев дека ако ги носиш повеќето шапки и не специјализираш во едно е потешко да те мапират и заменат, но многу од тие функции се претопија во една. Инаку имам работено физички работи, мојот дедо е мајстор што крева куќи од земја, и сум мешал малтер и пунил плочи. Сум работел гипс исто така, па тие што гледаат во тоа спас и бојкотираат АИ сакам да им посакам среќа. Видете на темата колку ја имаат идејата, ако сега мајстори се платени бидејќи се дефицит, што мислите дека ќе се случи кога сите ќе решат да редат плочки. Оти нели многу е тешко да се научи.