Адвертајзингот во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам темава пред умирање е:)
Па нема ваљда да дозволиме...

Еве некои примери за креативни визитки..

Во македонскиот адвертајзинг ретки се рекламите кои се добри.
Мене ми се допаѓаат оние на Скопско, додека тие на Vip имаат изработено една целина (сите реклами им се во црно-бела варијанта) и тоа ми се допаѓа.
Тука можете да ги видите сите нивни реклами, од првата па до најновата.
T-Mobile користат од странските реклами, па сигурно една од причините за ребрендирањето беше да се штеди од непотребни трошоци за снимање на реклами тука. :)
На Космофон доста им беше ефектна рекламата на времето со Friends.
Има и други кои се добри, само не ми текнува на некоја во моментот.
 
До колку адвертајзинг фирмите и рекломодателите во Македониа го вклjучват интернет во своjот медиа-микс и адаптират ли се во Македониа банерите да са слични и на една тема со ТВ спотовете. Пример - реклама на Скопско по ТВ, адаптациа на истата во радио, печатна реклама и адаптациа на истата реклама на Скопско за интернет.
 
Го вклучуваат, во последно време се почесто.

Банерите се изработуваат за истите кампањи кои одат во другите медиуми (тв, печатени...)
 
Благодарам за отговорот. А кои са интернет медиите кои прибират лавскиот дел от рекламните буджети за интернет. Во Бугариа ова са Netinfo - со портфолио околу 20-25 веб саjта, Dir.bg, Investor.bg (имат окулу 10 веб саjта) и УебМедиа Груп. Овие 4 интернет компании прибират 80% от парите за интернет реклама (сборувам за парите от големите адвертаjзинг куки). Как е разпределен овоj пазар во Македониа
 
Нема во Македонија сеуште анализа таква со процентуелно учество на пазарот и распределбата, но во принцип, најпосетуваните и најразвиените три интернет портали во Македонија каде огласувачите ги пласираат своите кампањи се Kajgana.com, On.net.mk и idividi.com.mk. Понатаму следат zazabava.com, tocka.com.mk...
 
Јас мислам дека Он.Нет претеруваат со енормно високите цени на рекламите, за кои клиентите добиваат бедно мали коцкасти банерчиња.

Btw, од македонските фирми на Интернет најмногу се рекламираат Т-Мобајл МК и Вип, ако не се лажам... :toe:

Додека, на нашите телевизии најмногу се рекламираат исто Т-Мобајл, како и Владата. :)
 
Епа сега друже тоа е :)
Има една интересна радиална карта која кажува што го продава производот:) Да ја отскенирам и ќе ти ја пуштам.
Реално мора да сe даде, за да се земе многу повеќе :)
 
Јас мислам дека Он.Нет претеруваат со енормно високите цени на рекламите, за кои клиентите добиваат бедно мали коцкасти банерчиња.

Btw, од македонските фирми на Интернет најмногу се рекламираат Т-Мобајл МК и Вип, ако не се лажам... :toe:

Додека, на нашите телевизии најмногу се рекламираат исто Т-Мобајл, како и Владата. :)

за тоа си во право, дека најмногу Ти Мобајл и Вип се присутни како со реклами по телевизиите, така и со банери на сајтовите. ама некако рекламите им се многу тапаа, шо знам не интересни. јас искрено коа ќе видам реклама за ВИП на ТВ одма менувам канал, слично и со Т- Мобајл. најдобри реклами дефинитивно има Космофон доказ за тоа се и освоените награди :)
 
Космофон секако со најдобри реклами. Friends, со Јапонците во вселената, Руска подморница во Охридско Езеро направија добра работа со привлекување на клиентите. T- Mobile и T- Home користат странски реклами а и наше производство не се баш најдобри (исклучок првата реклама за T - Home со кое го најавиа ребрендирањето). Но вака целосно кај нас не работи доволно машинеријата за адвертајзингот и добиваме сеуште неинвентивни реклами и рекламни кампањи, решенија и целосни идеи.
 
Јас мислам дека Он.Нет претеруваат со енормно високите цени на рекламите, за кои клиентите добиваат бедно мали коцкасти банерчиња.
Ценовна политика за огласен простор на други интернет медиуми не можам да коментирам, тоа е работа на огласувачите :)

Конкретно за кај нас, ценовната политика е да се даде најдобра понуда според рејтингот на медиумот, колку прикази ќе добие огласувачот, големина на банерите - во однос на истото што го нуди конкуренцијата. Малку е трики сето тоа, знаеш - можеш да ги качиш цените во обид да набилдаш некој рејтинг кај огласувачите демек ти вреди медиумот, но од друга страна можеш да изгубиш многу огласувачи, претежно оние кои се со помал буџет и кои се огласуваат поретко. Но, се разбира, не треба ни да се потцениш. Затоа, реална понуда, price for the value.

Btw, од македонските фирми на Интернет најмногу се рекламираат Т-Мобајл МК и Вип, ако не се лажам... :toe:
Т Мобајл, Т Хоум и ВИП досега се покажаа како три огласувачи кои го највеќе го практикуваат и почитуваат интернет адвертајзингот, а со тоа и интернет медиумите.
 
До колку адвертајзинг фирмите и рекломодателите во Македониа го вклjучват интернет во своjот медиа-микс и адаптират ли се во Македониа банерите да са слични и на една тема со ТВ спотовете. Пример - реклама на Скопско по ТВ, адаптациа на истата во радио, печатна реклама и адаптациа на истата реклама на Скопско за интернет.
Во Македонија на интернет се рекламираат само десетина големи компании кои имаат доббар менаџмент, кој ги разбира предностите што ги нуди интернетот како медиум, останатите компании се помали имаат слаба организација и мали профити...па поради тоа им се чини скапо и несигурно, посигурно им е да платат реклама на ТВ, зошто мислат дека сите глеаат телевизија или да платат билборд на улица. Во последно време почнуваат да се освестуваат, но оди споро бидејќи сеуште се нема дверба во моќта на интернетот, односно бенефитите кои може да ги понуди... тоа е тоа
 
Не би рекол дека им се чини скапо, затоа што во споредба со други медиуми сеуште е најефтино, за цена на чинење на банер за цел месец ќе добијат едно објавување на една страна во весник (кој има помал тираж од топ интернет медиумите), или ќе добијат еден билборд, да не спомнувам колку е секунда емитување на ТВ, па уште во прајм тајм....ниту па е проблемот во довербата, затоа што водечките интернет медиуми во Македонија не се од вчера, постојат со години.

Проблемот е што постојат компании во кои на раководни позиции седат чичковци кои вчера почнале да го употребуваат интернетот, или сеуште не го употребуваат, па очекувај овие да го сфатат сериозно. Ха! На овие проблемот е што им треба едукација.

За среќа, постојат и компании и маркетинг агенции во кои работат професионалци и кои се во тек со времето и трендовите и ја сфаќаат предноста. Сосема логично е дека секогаш во тек со технологиите и трендовите се клиентите од телекомуникацискиот сектор, затоа и токму кампањи на овие компании се најприсутни на интернет.

Океј би било да се оддвои посебна тема од оваа за интернет адвертајзинг.
 
Па токму така Мистик, неедуцираноста води до недоверба и неинформираност за она што го добиваат во однос на она што го плаќаат. Они не користат интернет и мислат дека никој не користи...па плаќаат енормни цени за ТВ, а дали на некој баш ќе му текне да побара дополнително инфо за тој производ или ќе ја запамети страната и ќе ја побара на нет. Од друга страна, 90% од компаниите имаат Веб страни само колку да не заостанат зад конкуренцијата, а појма немаат како веб страната би им ја зголемила продажбата. Ако тргнеме од ова, нормално е дека нема да се рекламираат на нет
 
што мислите за адвертајзингот по радио станиците..

Знаеме дека радиото е најраширен медиум....се слуша во кола , на работа , пред спиење, на нива и сл.

Што мислите колку потенцијалите кои ги нуди радиото - се искористени во Македонија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom