Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ај пробај расчепкај се малце, види енкодинг да не има....Ме мрзи да палам фотошоп сеа...по гуглај малце убаво...ке се снајдеш верувам...
што значи тоа ? енкодинг:smir::kesa:
 
Ќе може ли да се тргне тоа preview што го има на средина, а сликата пак да остане анимирана?

f_10581080108m_378e7e4.gif
 
Ќе може ли да се тргне тоа preview што го има на средина, а сликата пак да остане анимирана?

f_10581080108m_378e7e4.gif
Не на едноставен начин. Треба да се „отпакува“ анимацијата и да се корегира (брише) од секој фрејм. Па пак да се спои. Ама крајниот резултат најверојатно повторно нема да испадне со добар квалитет. Така да - не.
 
Ќе може ли да се тргне тоа preview што го има на средина, а сликата пак да остане анимирана?

f_10581080108m_378e7e4.gif

Би можело да се тргне меѓутоа доколку се тргне по едноставен начин тогаш би испаднало како слика, а не како анимација. Значи ќе го нема тоа "Preview" али сликата ќе биде статична, нема да мрда.
Има и друга опција како што кажа Ацид, али за тоа неможам многу да кажам дека неам до сеа работено на такви проекти, ако може така да се наречат.
 
Мислам дека видов некаде по форумов дека еден член имаше тргнато така натпис од анимирана слика и пак остана анимирана затоа прашав дали е возможно да се изведе. Ако знае некој нека ја направи и нека ја постира. :smir:
 
Ке ми каже некој како да создадам канали? :pipi:

Можда веќе си открил ама еве ти одговор:

До палетата кај леери имаш палета канали. Кликни на нејзе и ке ти се покажат каналите во зависност во кој мод си.
Таму доле имас мали икончиња најди го тоа на кое ти пишува креирај нов канал.:salut:
 
Мислам дека видов некаде по форумов дека еден член имаше тргнато така натпис од анимирана слика и пак остана анимирана затоа прашав дали е возможно да се изведе. Ако знае некој нека ја направи и нека ја постира. :smir:

Сега ѕирнав и изгледа би можел да го средам, само незнам кога би бил готов дека моментално имам почнато една ствар, да ја довршам и ќе ѕирнам што и како и ќе пишам. :)
 
Ќе може ли да се тргне тоа preview што го има на средина, а сликата пак да остане анимирана?

f_10581080108m_378e7e4.gif

Вака нешто ? :)

walkeroq7.gif

Има малце пропусти, ќе ги средам и нив :/
Малце алатки иам на располагање во ова едиторов :S Исто као Paint :S

editorfm1.jpg
 
Me интересира нешто околу Photoshop-ов. Сакам да направам ваква слика:

f_ConversebyFm_d5e872c.png

Целосно да ја направам во црно-бел ефект, само одреден дел да селектирам и тој да биде во боја, како на сликата.
Мислам дека доволно е само со еден/два чекора, да напишете туториалче. Доволно ке биде :kesa: Фала, поздрав!

btw, сликава е превземена од од друга тема на форумов. :)
 
Ќе земеш слика во боја и ќе ја направиш црно бела. После тоа со History Brush Tool ќе ја враќаш таму кај што сакаш во првобитна состојба т.е. ќе боиш:)

Правиш селекција на делот што не сакаш да биде обоен и со Magic Wand Tool идеш select inverse и тогаш ја правиш црно бела, во тој случај ќе имаш црнобела слика сегде освен на неселектираниот дел.

ова ти се наједноставните начини, има и послежени со маски со бутури ама да не те замарам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom