Денес ќе ви покажам еден туториал како да направите текст во оган.
Па да се фатиме за работа:
Најпрво како и секогаш отвораме нов документ со големина по желба (јас го направив 800x600)
Документот го обојуваме со црна боја и испишуваме текст на нов Layer со алатката Type Tool.
Правиме дупликат од Layer-от со текстот кој ке ни послужи за подоцна. Одиме Layer>resize>type со ова текстот од векторски го префрлуваме во слика за да можеме да работиме на него. Држиме Ctrl и на лев клик кликнуваме врз Layer_от кај што е текстот, со тоа сме го селектирале текстот. Одиме десен клик Stroke...и за Inside одбираме некоја по светло-жолта боја а за Outside некоја потемна кон црвено што оди. Тоа би требало да изгледа вака нешто:
Пота додавам Filter>Blur>Gaussian Blur и исцртуваме пламени јазичиња со алатката Smudge tool.
Layr-от кој што го направивме дупликат го обојуваме црно и со гумата за бришење малце ги бришеме врвовите за да добиеме подобар ефект. На крај треба да добиете вакво нешто