Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
Абе ај не се карајте кој е подобар.
Дајте некое ново интересно туторијалче, сфатливо вака за почетници како мене :)
 
P

Princ

Гостин
Photoshop ми е омилена програма токму поради тоашто секогаш има повеќе начини за да се заврши една работа.
Кој вели дека твојот начин или твојата сенка е вистинскиот избор? Јас направив нешто што може да го направи било кој што знае да отвори нов фајл и да го користи текст тулот.
И јас не сум нит учител нит професор по фотошоп. Не ми давај толкаво значение оти се срамам. Едноставно сакав да им покажам на заинтересираните како може да направат нешто во фотошоп и успеав во тоа. А уште на почеток знаев дека ќе намине некој бољи професор од мене и ќе ми предава за моето предавање. Ова е отворен форум. Секој што сака може да учествува во дискусиите. Ако сакаш да им покажуваш како да направат нешто, покажи им. Но не навлегувај во конфликт со мене затоашто јас барем не чуствувам таква потреба.
Учествувај со квалитетни дискусии, конкретно на топиков со квалитетни примери за работа со фотошоп.
Јас сум никој и ништо. Ти си цар.
Поздрав.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
459
Поени од реакции
48
Добро да прасам јас несто како мозам да вментнам слика да биде ко background во ново креиран документ
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
MartinMax Malce ne ti cini prasanjevo a Mandrak use tolku ke te zbuni :pos:
koa ke ja otvoris slikata taa ti e backgroung avtomatski nema so da prais save as (so ke ti sa save-uvas slika so ja imas) ama jas niso ne znam Photoshop taa da ne me slusaj mene :):)
 
P

Princ

Гостин
DuFFy напиша:
MartinMax Malce ne ti cini prasanjevo a Mandrak use tolku ke te zbuni :pos:
koa ke ja otvoris slikata taa ti e backgroung avtomatski nema so da prais save as (so ke ti sa save-uvas slika so ja imas) ama jas niso ne znam Photoshop taa da ne me slusaj mene :):)
Не знаеш викаш а подобро од Mandrak му одговори. Абе мој ученик, мора да биде умен:pos:
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Abe Korisno e ama na kraj ke si naprai Save As (mesto Save) i nema gajle e sea ako od nevnimanie utne ne znam jas toa :pos:
p.s. Kobo be ti bruka direktor eden ni zaeden aj oj si tamu u kancelarija(sekretarkata te ceka more):pos::pos:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Абе шо сеа save as!!!
Дајте нешо покомплицирано ова го владеам
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
Eве го моето само си ја изменив позадината во сина боја

 

betogrozdanov45

мајстор за гибаници
Член од
26 октомври 2005
Мислења
1.549
Поени од реакции
6
Ej Mandrak e za ova BRAVO, ova beshe odlichno!

Давајте што можете повеќе вакви туториали со скрин шотови зашто стварно се супер.
И ти и Принц двајцата сте ни сеа професори: )) Давај што повеќе ефекти за букви, знам имаше негде по страниве назад за снег али не склопив како иде тоа. Ако не ве мрзи ај тоа напраете еден туториал за букви со снекче: )
 
P

Princ

Гостин
Дали има заинтересирани да научат еден од многуте начини за правење на копчиња за на web страна?
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Денес ќе ви покажам еден туториал како да направите текст во оган.

Па да се фатиме за работа:

Најпрво како и секогаш отвораме нов документ со големина по желба (јас го направив 800x600)



Документот го обојуваме со црна боја и испишуваме текст на нов Layer со алатката Type Tool.



Правиме дупликат од Layer-от со текстот кој ке ни послужи за подоцна. Одиме Layer>resize>type со ова текстот од векторски го префрлуваме во слика за да можеме да работиме на него. Држиме Ctrl и на лев клик кликнуваме врз Layer_от кај што е текстот, со тоа сме го селектирале текстот. Одиме десен клик Stroke...и за Inside одбираме некоја по светло-жолта боја а за Outside некоја потемна кон црвено што оди. Тоа би требало да изгледа вака нешто:



Пота додавам Filter>Blur>Gaussian Blur и исцртуваме пламени јазичиња со алатката Smudge tool.



Layr-от кој што го направивме дупликат го обојуваме црно и со гумата за бришење малце ги бришеме врвовите за да добиеме подобар ефект. На крај треба да добиете вакво нешто

 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Princ напиша:
Дали има заинтересирани да научат еден од многуте начини за правење на копчиња за на web страна?
Abe ne oti ke mi treba toa ama ako znam poeke nema loso da mi doe :):)
taka zainteresiran sum
 

Pasha

Сомнително Лице
Член од
17 април 2005
Мислења
157
Поени од реакции
2
Сега вака имам едно прашање , зошто кога ќе почнам да работам на нешто како нов фајл , не можам да ги користам сите филтери, а ако отворам веќе снимен фајл , некоја слика , тогаш можам да ги користам сите... ако може некој да ми помогне ? :).. а инаку има добри туториали на www.pixel2life.com .. поздрав

 
P

Princ

Гостин
Pasha напиша:
Сега вака имам едно прашање , зошто кога ќе почнам да работам на нешто како нов фајл , не можам да ги користам сите филтери, а ако отворам веќе снимен фајл , некоја слика , тогаш можам да ги користам сите... ако може некој да ми помогне ?
Најверојатно проблемот е во тоа што веќе ти се зачувани во RGB Mode оние коишто веќе ти се зачувани, а новите фајлови ти се подесени како CMYK или нешто друго.
Ај отвори нов фајл за работа, и оди горе кај Image --> Mode и види дали RGB ти е одбрано. Ако не е, одбери и провери дали сега можеш да нанесиш некој филтер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom