Абе уреду е сето тоа, друга ми беше поентата на мене. Настрана од анегдоталните примери кои ми ги даваш и фактот дека домовите за посвојување на деца во Македонија се ужас, условно земено детето израснато во дом со соодветна нега или посвоено од родители кои ќе се грижат за него, може да има прилично нормален и здрав живот ако не ги земеме во предвид другите фактори кои може да му го влошат животот. Иако примеров кој ќе ти го дадам е екстремен, ќе биде во име на аргументот
Дете родено и чувано од своите биолошки родители може да има несреќно детство затоа што неговиот живот во основно и во средно го поминал рецимо со деца кои го малтретирале и му набивале комплекси поради некоја ирелевнатна причина.
Истото дете да било родено и чувано во некој претежно нормален дом за деца, можеби ќе упознаело другарчиња кои ќе му помагале и ќе го стимулирале да напредува во животот и ќе постигнел огромен успех.
Поентата не ми е дали абортусот е валидно решение, секако дека е, поентата ми е дека никој, никогаш не може да ја предвиди животната линија на некој човек земајќи во предвид само еден фактор а тоа е дека нема да живее со своите биолошки родители. Во човечкиот живот делуваат мал милион фактори од кои некои се големи и видливи додека други се непознати но сепак влијателни.