Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 06:31 ---
И друго, природно жените се физички послаби од мажите, на тоа додај го и менструалниот циклус, и самите бремености. Природата е неправдена, ама во повеќе наврати.
Во секој случај, ембрионот е мој и негов, ама папочната врвца е лично моја :)

At least имате подобар имун систем, ние порано си умираме:(

--- надополнето: 18 февруари 2013 во 06:34 ---

Marry me :love:

Ќе иаме посвоени деца на кои ќе им пружаме љубов???:pipi:
 
Приберете си ги офтопиците, за договори кој на кого и што имате, пп.
 
Готово, договорено е.

Нареден пат, матриџано, плус пиво имаш од мене, кумашине:cool:

Ама Пума никако да дојде на собиранки -_-
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 20:08 ---
Приберете си ги офтопиците, за договори кој на кого и што имате, пп.
и ваш тоа сакав да кажам да не идеме офф топик :P
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 20:13 ---
Мислам, топ ќе биде додека пиеме и јадеме и збориме за абортус и како аборутост понекогаш може да биде неморален и морален зависно од дадената ситуација, и таман ќе јадеме матриџано и ќе збориме за абортус, ќе се договориме неделава или следната да се седнеме и за абортус да збориме и што мислите вие за тоа (не сум офф топик!!!)
 
Последен пат ви бришам мислења, следниот пат ќе добиете казнени.

Или вратете се на темата или разменете си скајп.
 
Nego, na temata, Lusi, ти беше за или против?

И сеа едно опитване по би рекле бугарине:

Задека е мошне идиотски да се каже категорично.
Ако си за не.
Оти ако си за да, в ред. Избор.
Но тие што се против треба секогаш да размислат на:

1. силување
2. мала возраст
3. социјален момент
4. здравје на мајката/бремената
5. личен избор
 
Епа на пример ако го примениме правилото на провизиониот морал, можеме да направиме листа за тоа во кои случаи абортусот ќе биде морален зависно од начинот на кој е настанат плодот. Но тогаш ќе постои дискриминација затоа што актот на абортус во секој случај доведува до убиство на плодот без разлика на тоа како е настанат at the first place. Најдобро е ова прашање да биде оставено на медицината и зависно од ризикот во кој се става мајката првенствено, да се одреди дали абортусот е валидно решение
 
Nego, na temata, Lusi, ти беше за или против?

И сеа едно опитване по би рекле бугарине:

Задека е мошне идиотски да се каже категорично.
Ако си за не.
Оти ако си за да, в ред. Избор.
Но тие што се против треба секогаш да размислат на:

1. силување
2. мала возраст
3. социјален момент
4. здравје на мајката/бремената
5. личен избор

Сум за абортус, подобро да абортира него да му го зацрнат животот на некое невино мало суштество по домовите за деца без родители, некој што не е способен за дечиња нема потреба само да ги роди и да ги остави под мотото дека не извршил убиство, кое црно убиство бре а цел живот малтретирање да живееш со истото прашање зошто баш мене ме оставиле?ноу сенс.
 
тоа размислување е уреду до негде, единствениот проблем околу истото е што никогаш нема да знаеме дали детето ќе има лош живот или не, затоа што постојат многу комплексни фактори кои не можат да бидат предвидени. Никој не може да знае како околината во која ќе живее детето ќе се комбинира со неговиот генетски темперамент и што ќе произлезе од тоа.
Ова е настрана од дебатата за тоа дали абортирањето е право на избор за што сум за, како што првенствено се изразив.
 
Знаев...ама заборајф...многу членови.

Слични полемики има насекаде акде е дозволен.

Се некако душебрижници се јавуваат, се додека ним не им се слиучи. Ним или на некој нивен близок.

Има мал милион деца кои гладуваат,. чемерат, чмаат,. живеат во пекол само поради тој лажен морал за митот за абортусот.

Ако некој не сака дете, поарно е да не се роди, отколку сосила да роди и потоа не еден (детето), туку два и повеќе животи да се уништат.

Сосила убајна не бива.
 
тоа размислување е уреду до негде, единствениот проблем околу истото е што никогаш нема да знаеме дали детето ќе има лош живот или не, затоа што постојат многу комплексни фактори кои не можат да бидат предвидени. Никој не може да знае како околината во која ќе живее детето ќе се комбинира со неговиот генетски темперамент и што ќе произлезе од тоа.
Ова е настрана од дебатата за тоа дали абортирањето е право на избор за што сум за, како што првенствено се изразив.

Кој црни полемики момче, нели приметуваш годишно колку дечиња се оставаат по домовите, што се тие лабораторски глувчиња па ке ги штанцаме да видиме на кое ќе успее понатака, јас не работам по тојпринцип, ги имам три, до сега ниту еден абортус а нема ни да има затоа што си средив работа со време, а не треба многу само малку да се уклучи мозок ништо повеќе, за тие три деца, јас сум сама и ги чувам а татко им заработува во странство, значи не е целта да се направат и родат тоа е најлесно, што понатака, нив секако треба да им се обезбеди некоја иднина, не барале да се родат, ние сме ги донеле на свет е има да гребеш со нокти и да неспиеш со ноќи ама ќе има за нив секогаш тоа е мотото со кое јас се водам.
Неможеш да опстоиш кон тоа, или абортус или вазектомии, стерилизации 21 век сме за се се има чаре.
 
Кој црни полемики момче, нели приметуваш годишно колку дечиња се оставаат по домовите, што се тие лабораторски глувчиња па ке ги штанцаме да видиме на кое ќе успее понатака, јас не работам по тојпринцип, ги имам три, до сега ниту еден абортус а нема ни да има затоа што си средив работа со време, а не треба многу само малку да се уклучи мозок ништо повеќе, за тие три деца, јас сум сама и ги чувам а татко им заработува во странство, значи не е целта да се направат и родат тоа е најлесно, што понатака, нив секако треба да им се обезбеди некоја иднина, не барале да се родат, ние сме ги донеле на свет е има да гребеш со нокти и да неспиеш со ноќи ама ќе има за нив секогаш тоа е мотото со кое јас се водам.

Ќе ргаш и тргаш оти без нив си мртов, со нив со БОГ на земјата. Или не ги прави и раѓај или се прави за нив ако ги родиш.

Тоа е изборот.
 
Кој црни полемики момче, нели приметуваш годишно колку дечиња се оставаат по домовите, што се тие лабораторски глувчиња па ке ги штанцаме да видиме на кое ќе успее понатака, јас не работам по тојпринцип, ги имам три, до сега ниту еден абортус а нема ни да има затоа што си средив работа со време, а не треба многу само малку да се уклучи мозок ништо повеќе, за тие три деца, јас сум сама и ги чувам а татко им заработува во странство, значи не е целта да се направат и родат тоа е најлесно, што понатака, нив секако треба да им се обезбеди некоја иднина, не барале да се родат, ние сме ги донеле на свет е има да гребеш со нокти и да неспиеш со ноќи ама ќе има за нив секогаш тоа е мотото со кое јас се водам.

Абе уреду е сето тоа, друга ми беше поентата на мене. Настрана од анегдоталните примери кои ми ги даваш и фактот дека домовите за посвојување на деца во Македонија се ужас, условно земено детето израснато во дом со соодветна нега или посвоено од родители кои ќе се грижат за него, може да има прилично нормален и здрав живот ако не ги земеме во предвид другите фактори кои може да му го влошат животот. Иако примеров кој ќе ти го дадам е екстремен, ќе биде во име на аргументот :P

Дете родено и чувано од своите биолошки родители може да има несреќно детство затоа што неговиот живот во основно и во средно го поминал рецимо со деца кои го малтретирале и му набивале комплекси поради некоја ирелевнатна причина.
Истото дете да било родено и чувано во некој претежно нормален дом за деца, можеби ќе упознаело другарчиња кои ќе му помагале и ќе го стимулирале да напредува во животот и ќе постигнел огромен успех.
(ова е прост пример кој е далеку од реалниот свет полн со многу фактори, социјални и генетски)

Поентата не ми е дали абортусот е валидно решение, секако дека е, поентата ми е дека никој, никогаш не може да ја предвиди животната линија на некој човек земајќи во предвид само еден фактор а тоа е дека нема да живее со своите биолошки родители. Во човечкиот живот делуваат мал милион фактори од кои некои се големи и видливи додека други се непознати но сепак влијателни.
 
Тоа и мене ми е поентата, нема зошто толкави осуди за абортусот или сакаш да имаш дете или нејќеш, боље да го абортираш со време ако не си способен, него да го остаиш, мене второто ми катастрофална опција и многу себична.
 
тоа размислување е уреду до негде, единствениот проблем околу истото е што никогаш нема да знаеме дали детето ќе има лош живот или не, затоа што постојат многу комплексни фактори кои не можат да бидат предвидени. Никој не може да знае како околината во која ќе живее детето ќе се комбинира со неговиот генетски темперамент и што ќе произлезе од тоа.
Ова е настрана од дебатата за тоа дали абортирањето е право на избор за што сум за, како што првенствено се изразив.

Ако од старт знаеме дека родителите не го сакаат, или знаеме дека еден од родителите, најчесто таткото, нема ни да постои во неговиот живот, затоа што не го сака, веќе знаеме доволно какви проблеми ќе има тоа дете.
Животот не е само да јадеш, сереш и спиеш.
Има многу повеќе од тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom