Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Абортусот се смета за убиство доколку е извршен после втор (накај трет) месец, па натаму. Тогаш е веќе развиен фетусот но во прв месец, имате само јајце клетка во стомачето така да не е опасно да се изврши.
 
Абортусот е избор!
А секој треба сам да со одбере, избере и одлучи за себе.
Никој нема право некому да му ограничи и забрани право на слободен избор!
Мое тело, моја одлука и избор!
 
точно секоја жена има правоо на избор .
Но не е тоа така едноставно со оглед на тоа дека има големи шанси после абортусот да не може да има деца
п.с за тоа некој кој ке направат грешка се мажат на 16....години.
 
Сеедно од кои причини мајката одлучила да го абртира детето, само таа си знае како и е во душата и како ќе продолжи да живее :toe:
 
Рабортус ....
хммм секој си знае најубаво , иако е скоро нерешлива дилема.
Ама еве ги подржувам девојките да направат како мислат дека треба.
Затоа треба прво да се спречи , како што вика Тошо у клипот....
Не баш така ама треба да се мисли мнооооогу со главата.
Али кога ке видиш некои работи се судени да се десат , така да ......животот е голема мистерија.
 
Во 2008 година, во Македонија се родени 22.945 бебиња. Истата таа година во водите на Охридското Езеро се удавија 2 деца, во сообраќајни несреќи загинаа 4 млади животи, 8 беа жртви на несреќни случаи, 9 загинаа од насилна смрт… на 30.000 бебиња во Македонија, животот им беше прекинат со АБОРТУС! Родени 22.945… абортирани 30.000.

Кога еден маж и една жена имаат незаштитен секс во периодот на плодност, ја прифаќаат можноста жената да остане бремена.

Се гадам и срамам од човековиот род кога читам дека абортусот бил оправдан бидејќи фетусот бил “само група клетки кои се размножуваат и ништо повеќе“. Од таква “група клетки кои се размножуваат и ништо повеќе“ сме почнале сите ние.

Нечија неодговорност не му дава право на никој да изигрува бог на животот и смртта.

Повеќе од половина од македонските бебиња кои сега требаше да го прослават својот втор роденден, завршиле во контејнерите за медицински отпад како најобично ѓубре. Колку ли гордо општество сме ние!!! Ги убиваме најбеспомошните суштества заради неодговорноста на нивните несудени родители.

Какво посвојување, какви бракови. Нема доволно деца за да посвојат нормалните родители кои не можат да имаат деца, ние на нив ќе им даваме право да посвојат...
 
Не оправдувам.. тоа е најлошо решение за тој проблем.. или користи КОНДОМ или роди го.. и ако не можеш да го одгледаш дај го на посвојување али не му го земај животот пред да почнал... а не само животот на децата со секој абортус се крати и животот на мајката.. така да НЕ.
 
Се надевам дека ќе го отворите линков, оти не можев да најдам друг начин да го поставам.
Се работи за жена која преживеала абортус.
Одлично видео лејди, се надевам дека оние кои го оправдуваат абортусот ќе имаат 16 мин време да го погледнат и да видат што се убива со абортусот, и што се станува од „клетките„...
 
74540_10150098655071111_251974541110_7824836_946007_n.jpg

Кај абортусот со вбризгување на солен раствор (saline abortion), кој се извршува по 16 недела од бременоста, се вметнува голема игла низ абдоминалниот ѕид на жената во амниотската вреќа на бебето. Концентриран солен раствор се вбризгува во ...амниотската течност и резултира во акутна hypernatrеmia (абнормално висока концентрација на натриум во крвта) или во актуно труење од сол. Бебето го дише и голта растворот и вообичаено умира за неколку часа. Дехидратацијата, крварењето на мозокот, прекинот на органите со работа и изгорената кожа придонесуваат за смртта на фетусот. Мајката вообичаено добива породилни болки веќе следниот ден и раѓа мртво бебе.

Каде им е душата!!!!
 
Прегледај го приврзокот 37038

Нема душа тука, кога некоја ќе си стави во глава да абортира тоа е сите можни начини ги употребуваат, па зар не читате на темата за контрацепција што се прават со тие пилулите афтер нешто 72 часа, значи сите сакаат да си тераат кеиф никој нејќе одговорност, или абортира или го раѓа и напушта бебето во дом за сирачиња (што уште повеќе ме вади од такт), кој и во двата случаја два за право да уништи живот и во двата случаја го уништуваат животот, секој може да да се погрижи за тоа дете, арно ама никој неможе да ја замени мајчинската љубов, затоа после се јавуват ментални штети по здравјето, кога само ќе ги видам дечињата од домот 11 Октомври ми се плаче ми иде да напраам листа од тие што ги оставиле и се на колец да забијам. Затоа викам заштитен секс и да мене ми е многу по трагично кога ги напуштаат, поише боли кога го оставаат тоа невино суштество на милост и немилост, имавме баш и ситуации во кои се откажале родителите затоа што детето било со срцева маана... тука е поголемата нечовечност, а вака со абортусот да направил убиство, но тоа е еднаш, а со раѓање и напуштање болката е засекогаш тука е разликата.
 
а вака со абортусот да направил убиство, но тоа е еднаш, а со раѓање и напуштање болката е засекогаш тука е разликата.
Да, има разлика, со едното се убива а со другото му се дава можност да се погледне светот... И верувај секое дете во домот да го прашаш дали би било подобро да биде абортирано ке ти одговори со не.
 
Во 2008 година, во Македонија се родени 22.945 бебиња. Истата таа година во водите на Охридското Езеро се удавија 2 деца, во сообраќајни несреќи загинаа 4 млади животи, 8 беа жртви на несреќни случаи, 9 загинаа од насилна смрт… на 30.000 бебиња во Македонија, животот им беше прекинат со АБОРТУС! Родени 22.945… абортирани 30.000.

Кога еден маж и една жена имаат незаштитен секс во периодот на плодност, ја прифаќаат можноста жената да остане бремена.

Се гадам и срамам од човековиот род кога читам дека абортусот бил оправдан бидејќи фетусот бил “само група клетки кои се размножуваат и ништо повеќе“. Од таква “група клетки кои се размножуваат и ништо повеќе“ сме почнале сите ние.

Нечија неодговорност не му дава право на никој да изигрува бог на животот и смртта.

Повеќе од половина од македонските бебиња кои сега требаше да го прослават својот втор роденден, завршиле во контејнерите за медицински отпад како најобично ѓубре. Колку ли гордо општество сме ние!!! Ги убиваме најбеспомошните суштества заради неодговорноста на нивните несудени родители.

:cuc:
 
Да, има разлика, со едното се убива а со другото му се дава можност да се погледне светот... И верувај секое дете во домот да го прашаш дали би било подобро да биде абортирано ке ти одговори со не.

Да, Наташа, само незнам колку си запознена со проблемот кој беше пред едно два месеца, да чуеш само како ги малтретирале тие деца и што се им се случувало па и би подразмислила на што се ги довело тоа погледнување на светот... Нивните солзи се погорки од другите деца кои имаат мајка и татко да ги утешат, тие едно ставно никој немаат на овој свет, и целата нивна ситуација секогаш се злоупотребува, и да ова е Македонија никој не го боли срцето сите ги болат џебовите...ноусенс е да се збори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom