Пример шо ви го кажувам и се колнам жими мајка да ми умри мајка вистина е не измислувам.Велам,ако мајката се чувствува неспособна да го роди детето нека не го рајџа.И че си пишувам по прилепски зашо полесно ми е да кажам.
Има едно дете седи кај една моја другарка.Детево има 6 години,сонце е.Зрачи...секогаш ко че го видам му купувам чоколатца,сладоледи и од сожалување признавам.Нема мајка,мајка му била проститутка и занаетот го наследила од својата мајка неговата баба.Типкава некој на несакана од муштериите ја забременил.Та го родила и го остајла во дом за деца без родители.Го метнала шо би рекле ние прилепчаниве и ја спраштила во друга држава.Кога детево напрајло четири години бабава по мајка шо му е -старава проститутка го зела од дом.Сега живеј само со нејзе,секој ден детето е надвор цело време зато шо баба му си носи дома муштерии и му дава 10 денари и да крши гла.И жими мајка да ми умри мајка сите деца в маало го потурнуваа,му караа мајки шајки.То дете ко че умри баба му че биди остаено на самото себеси и на милост и немилост и цел живот поттурнато.Зошто?Чисто од љубопитност,мирно и без никакви препуцавања ве прашувам,што мислите како му е на то дете?Кој че го образова,кој че му плати факултет ако му се учи...државата?
Мој личен став,проститутката подобро да се исчистела во првите 6-7 недели кога тоа сеуште било ембрион,има срце,има секакви органи што понатаму че се формираа дур не се роди.Али да го фрли како партал на милост и немилост.Еднаш слушав како ми кажуваше кога во домот му го славеле роденденот и дошла дента да го земи баба му...ме потресе.Кажуваше како сакал да оди на одмор со мајка му и со татко му како другарчината негови а тие го зафркаваат цело време,го тепаа... можи си мислите дека ситуацијава ја измислив за да си го бранам мислењето али се колнам дека е вистина,и да не е ... има многу деца шо се во таква ситуација.
Јас мислам дека ко че порасни и ко че почни да разбира че си вика:
Кога ќе умрам закопајте ме простум,затоа што цел живот го поминав на колена.:uvo: