Не е толку до матријалните ствари колку е до нематеријалните. Тоа дете расте без родителска грижа и љубов. Нема ни мајка, ни татко, него улицата ќе го воспита. Без среќно детство, секогаш исмеван од околината којзнае како ќе му се развие психата. Има добри шанси да не учи, да бега од часови и да се фати со лошо друштво. Ќе дојде на наша возраст и ќе треба да заработува за живот зошто којзнае дали ќе биде баба му жива и способна да го рани. А како ќе заработи, нема школо - бегал од часови, ништо не научил. За факултет може да сонува. Што ќе работи? Ќе заме да се занимава со криминал, да се прехрани. Ќе му оди тоа едно време пред да го затворат и цела младост да ја помине зад решетки. Кога ќе излезе од затвор ќе биде огорчен човек без никакви проспекти за во иднина. Неговиот занает е криминалот. Зар ти озбилно мислиш дека тој ќе успее да најде асална работа, да најде жена, да се удоми, да стане човек, со еден збор. Нема шанси, со самото негово раѓање тој е осуден на живот на паталец, никогаш несфатен и секогаш отфрлан. И ништо не е крив тој, верувај ми. Светот го направил таков. Светот со својата негрижа.
Кога во Македонија ќе има услови, таквите деца добијат да правилна грижа и некој кој би им се нашол, некој кој ќе ги изведе на прав пат, јас ќе бидам против абортус.