Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
abortus jok..............................:toe::vozbud::pos2::tapp::baeh:
ete me mava psihodelija koga ke pomislam na abortus (zvuci mnogu nacisticki ,,abortus'')
 
Легалниот абортус е всушност право на жената да може да абортира во сигурни медицински услови со минимални шанси за смртен случај или инфекција опасна по живот.
Само толку од нејзиното право?Значи заклучив дека жената има право да абортира само и само дека нашите болници се „чисти„.Ако не се чисти јок абортирање.
 
Фронт за поддршка на абортусот

Со забраната нема да се зголеми наталитетот, велат противниците на владината кампања

Дали Владата смета дека со инквизициски методи ќе го подобри наталитетот во државата? Ова прашање на Владата и' го упатуваат седум невладини организации здружени во Коалиција за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници. Тие бараат од Владата итно да ја повлече или измени кампањата што е против абортусот, за што веќе поднесе реакција до ресорните министерства.

Тендерот за кампањата е распишан на 29.12.08 и е отворен до 23 февруари. Тој тендер, како и работната верзија на новиот закон за абортус, се чуваат во голема тајност. Кампањата е полна со грешни податоци и за бројот на абортуси и за самиот абортус, велат од коалицијата, со што јавноста се манипулира и заплашува дека абортусот е небезбеден и секогаш предизвикува последици.

Кампањата е така срочена што ја нарушува секуларноста на државата и ги крши сексуалните и репродуктивните права на жената, укажуваат невладините организации. Абортусот се прикажува како „насилно прекинување на бременоста“, а „раѓањето на детето е благослов“. Место да се намалува бројот на абортуси, со ваква кампања само може да се зголеми и жените да се доведат во ризик поради вршење абортуси во нелегални и сомнителни услови.

„Со кампањата абортусот се прикажува како убивање на жив организам, што е спротивно на целите за репродуктивно здравје и за повеќедетно семејство“, вели Славчо Димитров, координатор на коалицијата, кој додава дека со кампањата се врши дискриминација на жените и создава стигма за абортусот.

Димитров смета дека оваа кампања, која најверојатно е во функција на забрана за абортусот, може да биде контрапродуктивна. „Место 6.000, ќе има 30.000 абортуси и тоа во нелегални и нехигиенски услови, со што жените ќе страдаат и умираат“, предупредува Димитров, и ја потсетува Владата дека доволно е да погледне во историјата и да види колкава штета ќе се направи со ограничување на правата на абортусот.

„Во Романија, во времето на Николае Чаушеску, кога абортусот бил забранет, умреле 20.000 жени кои абортирале на диво. Во Холандија и во Белгија, пак, каде што има најлиберални закони за прекин на бременост, абортираат само 10 отсто од бремените“, објаснува Димитров. Затоа, тој смета дека Владата е во голема заблуда ако мисли дека со ограничување на абортусот ќе го покачи наталитет и прашува зошто во кампања се користат и религиозни термини кога живееме во секуларна држава.

За него е многу срамно Владата која прави кампања тешка речиси половина милион евра да се потпира на неофицијални податоци, со што го негира постоењето на релевантните институции кои работат на статистика и епидемиологија.

А фактите говорат дека бројот на абортуси во државата се намалува. Така, во од 665,1 абортуси на 1.000 живородени 1991, во 2006 година се стигна до 272,9 на 1.000 живородени. Вкупно, тоа биле 6.690 абортуси во 2006 година. И да се земат предвид и дивите абортуси и тие да бидат колку и легалните, нема да се добие бројка од 30.000 абортуси, како што излезе со неофицијален податок невладината организација „Ревита“ од Битола. Во Македонија лани се родиле околу 22.700 бебиња, што е за околу 2.000 помалку од 2001 година кога биле родени 24.183 деца.

Против владината кампања за абортус се и опозиционите партии. Вчера се огласи Форумот на жените на ЛДП кои сметаат дека проблемот со наталитетот не се решава со рестриктивен абортус. „Недозволиво е жената да се третира само како средство за репродукција. Таа е и економски и интелектуален столб на семејството и нацијата“, вели Мери Минчовска.

И СДСМ планира да реагира за ограничувањето на абортусот. За утре се најавува пратеничко прашање за абортусот.

И додека Владата планира за ги заостри мерките за абортусот, новиот американски претседател Барка Обама ги либерализира правата за абортус. Тој ја укина забраната за финансирање на групите и клиниките кои изведуваат или делат совети за абортус.

Извор: Утрински весник, 29.01.2009
 
Утрински напиша:

Фала богу нешто нормално да прочитам од напите политичари. Ми се допаѓа кога страните кои би требало да ги имаат заземено, и да ги почитуваат. За американците ми е некако нормално...
 
„Недозволиво е жената да се третира само како средство за репродукција. Таа е и економски и интелектуален столб на семејството и нацијата“, вели Мери Минчовска.
И во право си е тетката!!!!!
 
„Недозволиво е жената да се третира само како средство за репродукција. Таа е и економски и интелектуален столб на семејството и нацијата“, вели Мери Минчовска.
И во право си е тетката!!!!!
не, не, не...

жената е само за раѓање и не смее да има во никој случај право на избор.. не дај боже абортус да помисли... таа треба да оди на стрелање или на бесилка .. во најдобар случај да ја запалат на сред плоштад као што во среден век ги палеле вештерките...
 
Тие што се против абортусот нека си бидат против абортусот јас немам ништо против, но нека ги остават тие што се за абортусот на мира!!!!
Нема никој право да се меша во туѓ живот и туѓа фамилија, тие што го наметнуваат со сила своето мислење не се личности што би можело да се окарактеризираат како демократски личности кои поседуваат такви вредности.

Живееме во 21 век каде демократијата, меѓусебната толеранција и правото на избор на индивидуата како ќе го оформува своето семејство треба да се почитуваат и заштитат со закон.
Р. Македонија како европска држава го почитува демократското право на жената на абортус, тие што според своите лични морални убедувања не сакаат да абортираат не мораат тоа да го сторат законот не обврзува да мора да се абортира, законот дава избор,
ова се времиња на слобода и избор а секој кој сака да ограничи нечии права на избор тогаш тој човек не е во ред и има сериозни проблеми.
Никој не ве тера да не сте против абортус!!!!!!!!!!!! Тие што сте си против бидете си против абортус тоа си е ваша лична работа. Но ве молам не бидете дрски да се мешате во личните работи и личниот избор на сите останати кои не го делат вашето мислење, тоа е многу примитивно.
 
Само толку од нејзиното право?Значи заклучив дека жената има право да абортира само и само дека нашите болници се „чисти„.Ако не се чисти јок абортирање.

Наташа очигледно не си ме разбрала убаво има некои разлики помеѓу ЛЕГАЛЕН (ДОЗВОЛЕН ЗАКОНСКИ) И НЕЛЕГАЛЕН АБОРТУС.
ЛЕГАЛЕН
Легалниот абортус е всушност со закон загарантирано право на жената да може да абортира во сигурни медицински услови со минимални шанси за смртен случај или инфекција опасна по живот.

НЕЛЕГАЛЕН
Нелегалниот абортус е со закон забранет абортус кој се изведува во диви несоодветни, нехигиенски услови(подруми, визби итн) често пати од нестручни лица кои немаат соодветна медицинска обука и обично стапките на смртност се високи.
Инфекциите се вообичаен резултат на нелегалниот абортус, сепса труење на целиот организам предизвикано од нестерилни инструменти.

Нашиот сегашен закон е многу ригорозен во однос на абортирањето на деца во подоцнежните фази од бременоста (до 3 месеци бременост). Ова е многу строг закон кој што не дозволува абортус во подоцнежен месец над 3 месец бременост што мислам дека е предоволно.
 
не, не, не...

жената е само за раѓање и не смее да има во никој случај право на избор.. не дај боже абортус да помисли... таа треба да оди на стрелање или на бесилка .. во најдобар случај да ја запалат на сред плоштад као што во среден век ги палеле вештерките...
Amin! Taka treba da bide!!!!
 
ако го забранат абортусот, не дека ќе се намали бројот на абортуси, туку за дупло ќе се зголемат илегалните. Па од два "зла", подобро е помалотот, нели? Ако више жената решила да абортира, нека аборитра ко шо треба
 
не, не, не...

жената е само за раѓање и не смее да има во никој случај право на избор.. не дај боже абортус да помисли... таа треба да оди на стрелање или на бесилка .. во најдобар случај да ја запалат на сред плоштад као што во среден век ги палеле вештерките...
Aj kazi deka se zaebavas,so e so tebe,ti ako sakas ragaj i 20 deca,ja si iam celi u zivotot koj ne vklucuvaat deca do mojata 30-ta godina,a za ako prethodno se desi nesakana bremenost,zar vladata go poseduva moeto telo pa da mi kaze so da praam,ne e ova nacin za da go zgolemat natalitetot,ako e za toa,so e so albancive u drzavava,dvojno,trojno ke se razmnozuvaat,ko gluvci,ne e se do kazni i zakoni,neka gi kacat platite pa neka ragjaat lugjevo i po 10 deca,so niski standardi ne se odgleduva dete,ja na moeto sakam se da u dadam,ama koa se nema pari,edno nemozes da odgleduvas ne pa poise.Nemoze da ni go skratat pravoto na izbor!!!!
 
сарказам беше ... ништо на светот неможе да ме убеди дека жените се само за раѓање деца и за седење дома и ништо на светот неможе да ме убеди дека абортусот е убиство
 
треба да се забрани и алкохол, предизвикува импотенција кај мажите, со тоа се намалува наталитетот. исто и цигари. порно филмови, се косат со моралните вредности на голем дел од младинава како што гледам. и презервативи треба да се забранат, апчиња за контрацепција, спермициди, секаков вид контрацепција. да се навратам на еден заклучок од пред неколку страни-ајде сите назад во 17ти век! мастурбација убиство е? по некоја логика, и така се троши материјалот за создавање дете. да забраниме и тоа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom