АБА лига 2013/2014

Статус
Затворена за нови мислења.
Леле не ја гледав до крај ќе се самозапалам !

Дајте линк нешто или реприза кога ќе има ? Да се види тројката на Тоше !

Браво за МЗТ. (y)
 
Инфаркт утакмица т.е возбудлива до последна секунда Задар-Партизан а сега се репризира Широки-Мзт..Ауууу какви 2 утакмици секоја чест момци за возбудливата игра што ни ја пруживте..
 
Овие од MaxTV цело време постираат на фб дека МЗТ со победа ќе се искачат на второто место, и откако победија напишаа дека моментално се на делба на второто место. Според која табела е тоа? На официјалната табела МЗТ се 5то место

МЗТ се засега 4 бидејки имаат 9-6, а Цедевита имаат 9-5, по натпреварот Раднички-Цедевита ке паднат на 5 бидејки Цедевита ке има 10-5 или 9-6 во зависност од резултатот со подобра кош разлика...
Инаку за играта фантастична прва четвртина потоа паднаа физички очигледно и на крајот пресуди искуството и среката...И Николовски беше добар денеска изненади, а Бакич можеше да ги кошти на МЗТ утакмица со избрзаниот шут за три и промашувањето во нападот пред да шутира за три при 2 позитива мислам дека беше за Широки... Во глобала одлична полусезона или прв дел за МЗТ изненадија позитивно...Доколку беше Пипан од почеток тренер МЗТ ке имаа минимум две победи повеке според мене...
 
Слаби се странциве многу,многууу.
И Оташевиќ и Николиќ и Бакиќ......и Дејвис.

Да не беа,Чековски,Стојановски и Гечевски МЗТ ќе беше последен/претпоследен.

Здравје сезонава ако се обезбеди 5-6 место да се игра во Европа другата година,ќе мора посериозно со поголем буџет и подобри странци да се настапи.

Пипан,секоја чест за човеков,штета што не дојде порано.
 
Слаби се странциве многу,многууу.
И Оташевиќ и Николиќ и Бакиќ......и Дејвис.

Да не беа,Чековски,Стојановски и Гечевски МЗТ ќе беше последен/претпоследен.

Здравје сезонава ако се обезбеди 5-6 место да се игра во Европа другата година,ќе мора посериозно со поголем буџет и подобри странци да се настапи.

Пипан,секоја чест за човеков,штета што не дојде порано.
Молам??! Дејвис слаб? Се зезаш нели? Оташевиќ не е многу слаб, со тоа дека не се очекуваше премногу од него, а испадна квалитетно засилување, подобар од плејовите што ги има МЗТ. Николиќ е слаб, точно, имаше по некој блесок, ама не се вклопи во тимот како што треба. Бакиќ игра топло-ладно, зависи како му тргне.
 
Ма дајте бе експерти ќе ви се погоди случајно кога менуате канали ќе гледате 4 минути кошарка, Дејвис бил слаб, Бакич бил слаб .... Ох бре Боже ....
 
Слаби се странциве многу,многууу.
И Оташевиќ и Николиќ и Бакиќ......и Дејвис.

Да не беа,Чековски,Стојановски и Гечевски МЗТ ќе беше последен/претпоследен.

Здравје сезонава ако се обезбеди 5-6 место да се игра во Европа другата година,ќе мора посериозно со поголем буџет и подобри странци да се настапи.

Пипан,секоја чест за човеков,штета што не дојде порано.

Ти си луд Оташевиќ,Бакиќ и посебно Дејвис слаби.

Оташевиќ трча како коњ цел натпревар,заради него после секој натпревар рипаме нагоре на листата за украдени топки.Не е поентер али не губи топки и игра одбрана ептен јако.Имаш ти поима колку енергија треба за така да играш одбрана ? Па 2 напади кога би играл ти како Оташевич,прва помош не би те дигнала на нозе.

Дејвис не ни сакам да коментирам,освен дека ако успејат некако од управа да го убедат да потпише еден договор на две години или 2+1 ќе биде огромен успех.Плус и ако продолжи вака очекувам и да го купи некој па може и МЗТ да ќари некој денар.

Бакиќ е класична 2/3 позиција,он е шутер.Не можеш ти да очекуваш секој натпервар да има процент на реализиација на три од по 60% +.Да имаше таква реализација немаше да игра за МЗТ.

Николиќ и Николовски се навистина слаби.Имаат и двајцата по некој блесок али и двајцата во одбрана се лоши,а во напад непредвидливи.

Грне треба да му биде даден отказ веќе дека навистина нема поента.Нема да стапне на терен а зима доста солидна плата.За истите пари може да се земе некој што покажува талент од Македонска лига.

.
.
 
Ја незнам како не ве мрзи да му објаснувате на анти-талентон..па он во секој можен спорт оди контра нешто и се нешто не се свиѓа.
 
Од странците само Николиќ е мизерен, другите се вклопија веќе, на почетокот и Бакиќ за ништо не го биваше, но во последно време игра на повисоко ниво.
Значи под итно шут карта за Николиќ, поарно во Вардар нека ги фрлаат тие пари луѓето од управата, отколку на него да му се даваат, значи дечкото ни после 15 кола не прикажа апсолутно ништо, и барем мене не ме убеди дека заслужува место во тим кој се бори за врвот во АБА лига, за српска лига или за оваа нашата ќе е добар.
Не знае да реализира под кош, за таа позиција што ја игра, и за таа висина што ја има, не смее никаков проблем тоа да му претставува.

И не трескајте глупости, не го бивало Дејвис.. барем тој заслужува место загарантирано во тимот.

Против Будуќност се надевам ќе ја продолжат серијата, и мора малце од малце да се исполни салата, и да се напраи дополнителен притисок.
Но без разлика, и овој скор од 9-6 е оодличен.(y)
 
Ја незнам како не ве мрзи да му објаснувате на анти-талентон..па он во секој можен спорт оди контра нешто и се нешто не се свиѓа.

Не туку го тупи со тие Македонски играчи,мислиш ние сме кошаркарска велесила па ќе можеме да пополнуваме секоја позиција со домашни играчи,или пак имаме пари за да си ги дозволиме тие што навистина вредат нешто.

Како од управата да не сакаат Николов од Турција да го донесат.Али истиот да го донесеш ти треба излез во Европа ( Еврокуп најмалку ) и одштета да исплатиш на Турците која гарант нема да биде помала од 100К евра.

.
 
Ја незнам како не ве мрзи да му објаснувате на анти-талентон..па он во секој можен спорт оди контра нешто и се нешто не се свиѓа.
Он е против сите странци, освен оние од Металург :)
 
Бакич и сега си прави чекори,грешки у пас итн итн.
Николич не само што е камен,туку е карпа.
Оташевич,игра одбрана да,ама во напад...........


И не сум против странци,нека играат ама да се квалитетни !
Цедевита пораз,сега само да не летнат во облаци(сигурно нема да дозволи Пипан) и дома со Будуќност мора да се победи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom