Од странците само Николиќ е мизерен, другите се вклопија веќе, на почетокот и Бакиќ за ништо не го биваше, но во последно време игра на повисоко ниво.
Значи под итно шут карта за Николиќ, поарно во Вардар нека ги фрлаат тие пари луѓето од управата, отколку на него да му се даваат, значи дечкото ни после 15 кола не прикажа апсолутно ништо, и барем мене не ме убеди дека заслужува место во тим кој се бори за врвот во АБА лига, за српска лига или за оваа нашата ќе е добар.
Не знае да реализира под кош, за таа позиција што ја игра, и за таа висина што ја има, не смее никаков проблем тоа да му претставува.
И не трескајте глупости, не го бивало Дејвис.. барем тој заслужува место загарантирано во тимот.
Против Будуќност се надевам ќе ја продолжат серијата, и мора малце од малце да се исполни салата, и да се напраи дополнителен притисок.
Но без разлика, и овој скор од 9-6 е оодличен.