За ова сум заинтересиран и јас, иако немам пробано дали е можно и како. Имам иста ситуација со еден телевизор, а планирам да набавам и проектор кој ќе има само пин, а не и скарт влез, а секако сакам да го користам и да гледам тв, пред се фудбал. Им го поставив ова прашање во логинг електроникс како стручни за кабли и слични ствари, и тие ми одговорија дека сигналите треба да се компатибилни, и ми го понудија овој кабел како решение SCART 11 (scart-6xRCA, 1.5m) кој чини 325 денари. Е сега штом ти си пробувал со ваков тип на кабел и не работи, може или кабелот да е фаличен, па евентуално со поквалитетен да се реши проблемот, или сепак сигналот што го пушта ресиверот да не е соодветен, што ми изгледа како поверојатна опција, и во тој случај нема спас освен со додатен уред за конвертирање. Во технички подесувања во менито на ресиверот има за ТВ Scart излез три опции, CVBS, RGB и S-video, пробај да ги смениш овие, да не случајно има врска. Ако успееш некако да извадиш слика, информирај.
Епа јас земав таков кабел со 3 излезни пинови и со скарт на другиот крај на кабелот. Кога го купував кабелот ми кажаа дека овој со 3 пинови бил за моно, а тој за 6 за стерео. Мене на истиот телевизор на кој пробувам да го приклучам ресиверот ми беше приклучено двдто и работеше све супер, со стерео звук. Сега различен е сигналот дека дигитална телевизија, но сепак би требало да работи и со обичен кабел. Јас би го земал и тој од Логинг кога би знаел дека работи без проблем, ама прашањето ми е дали е до ресиверот, дали си има некој зезанции како да се приклучи или стварно не знам што е проблемот. Фала за помошта како и да е ,па ако нешто успееш да средиш, информирај ме