A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.017
Поени од реакции
1.072
АВМУ: Презентирани наодите од студии за можности за воведување дигитално радио и телевизиско емитување во земјава

watch_later 24. ДЕКЕМВРИ 2021. @ 14:43 timelapse2 МИН.

АВМУ: Презентирани наодите од студии за можности за воведување дигитално радио и телевизиско емитување во земјава

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа последниот јавен состанок за оваа година, на кој директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.
Како што соопштуваат од АВМУ, присутните на состанокот кој поради состојбата со коронавирусот се реализираше преку видео конференциска врска, имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите за локалните избори, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ по барање, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, активностите на полето на меѓународната соработка.

На состанокот, се посочува, беа презентирани и наодите од Студијата за можностите за воведување на дигитално радио во земјава, која за потребите на Агенцијата ја изработи Таргет комуникации. Целта на Студијата беше да се направи анализа на постоечката инфраструктура (приемничка база, предаватели) за воведување на дигитално радио и да се истражат можностите што ги нуди DAB/DAB+ технологијата. Со Студијата, имајќи ги предвид анализите од техничка и комерцијална природа, се предлага воведување на DAB+технологијата на наменски мултиплекс со тоа што правото за оперирање би било доделено на ЈП Национална Радиодифузија. Дополнително, за да се направи успешен премин од FM кон DAB радио емитување, предложено е да бидат преземени активности со кои ќе се надминат идентификуваните ризици (голем број фм радио приемници, економска исплатливост на инвестицијата, соодветна промоција на новата технологија).

На состанокот се, додава, се дискутираше и за резултатите од Анализата за можностите и потребите за воведување на DVB-T2, исто така, подготвена од Таргет комуникации. Потребата за оваа Анализа произлезе од обврските и праксата на Агенцијата за следење и давање препораки за воведување на нови технологии во сферата на медиумите, односно во делот на преносот на медиумските содржини.
-Анализата содржи опис на сегашната состојба со дигиталното телевизиско емитување, истражени се можностите што ги нуди DVB-T2 технологијата и дадени се препораки и предлози за нејзиното воведување. Врз основа на анализите од техничка и комерцијална природа предложено е DVB-T2 технологијата да се воведе во 2026 година. Во меѓувреме, препорачано е да се преземат активности со кои ќе се надминат одредени ризици (слободен капацитет на постоечките мултиплекси, големиот број DVB-T приемници, неможноста за истовремено емитување на бесплатните канали во DVB-T и DVB-T2 заради немање дополнителни фреквенции) и да се подготви план за воведување на DVB-T2 технологија, стои во соопштението од АВМУ.

Дополнително:
Заклучно со вториот квартал од 2022 година се регистрирани 435 714 претплатници на ТВ услуги, од кои 212 433 на кебалеска, на IPTV е 152 093, на DVB-T 41.297, а 30 081 на сателитска телевизија. И на квартално и на годишно ниво се бележи зголемување на претплатниците на сателитска за 10,11 односно за 22,57 проценти.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.906
Поени од реакции
8.280
За радио потребно ни е DAB ама колку сме спремни за целосрн премин од FM во DAB е знак прашање. Дали воопшто постарите модели на автомобили имаат приемници за емитување радио во DAB, дали воопшто имаме во државава да се купат радио приемници со DAB за да може разно разни канцеларии, салони за убавина, мали бутици, мали локални маркети да ги имаат.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.991
Поени од реакции
1.272
Во сите овие набројани објекти, се слуша радио на интернет. Единствено во автомобилите се уште е застспен ФМ приемот, така да DAB би бил единствено застапен во автомобилите.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.906
Поени од реакции
8.280
Во сите овие набројани објекти, се слуша радио на интернет. Единствено во автомобилите се уште е застспен ФМ приемот, така да DAB би бил единствено застапен во автомобилите.
Не баш во сите, сум видел во места каде се слуша FM на оние малечките радио приемници.
Не на секој газда му се плаќа плус интернет да стави во пример да пишам малска мала пиљара или маркет.

А кога ги пишавме автомобилите има и такви кој возат и стари модели на автомобили кој не верувам да имаат опција DAB.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.017
Поени од реакции
1.072
Не баш во сите, сум видел во места каде се слуша FM на оние малечките радио приемници.
Не на секој газда му се плаќа плус интернет да стави во пример да пишам малска мала пиљара или маркет.

А кога ги пишавме автомобилите има и такви кој возат и стари модели на автомобили кој не верувам да имаат опција DAB.
Кај нас радијата се ФМ плус има комбинација со bluetooth, usb и aux. Само нови модели на автомобили со екран на допир имаат можност мислам со интернет да се поврзани и тоа зависно од моделот на автомобилот. Ќе си живее ФМ многу долго, како прво заради поголемата покриеност со фрекфенции и начинот на кој се пренесува, не се надевај на DAB да се префрлат и вакво радиото како ФМ е доста услужно за многу луѓе.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.906
Поени од реакции
8.280
Кај нас радијата се ФМ плус има комбинација со bluetooth, usb и aux. Само нови модели на автомобили со екран на допир имаат можност мислам со интернет да се поврзани и тоа зависно од моделот на автомобилот. Ќе си живее ФМ многу долго, како прво заради поголемата покриеност со фрекфенции и начинот на кој се пренесува, не се надевај на DAB да се префрлат и вакво радиото како ФМ е доста услужно за многу луѓе.
Јас живеам во Тетово и на некој места слабо се фаќаат некој FM радио станици. На некој локации воопшто не успевам да фатам Метрополис и Антена 5 на најобичен радио приемник или преку телефон. Сигурно потребна ми е подобра антена. E сега DAB e добро што вади чист дигитален сигнал. Не знам дали за DAB е потребен интернет?
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
1.193
Поени од реакции
553
Дали со оваа антена може да де фатат само македонскиве канали или оваа е обична антена?
Koja e razlikata vo antenata ako mozat da se fatat makedonskite kanali, sekoja antena gi fakja istite kanali nema razlika vo antenite, ima razlika vo nivnata jacina samo, a toa deka antenata otklucuva kanali pa so edna mozes da fatis stranski so druga ne haha toa e samo laga
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
397
Поени од реакции
264

Зборот ми беше за овие поновите телевизори дали би фатило само со антена без ресивери тие 10тина канали а не странски
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.017
Поени од реакции
1.072
Зборот ми беше за овие поновите телевизори дали би фатило само со антена без ресивери тие 10тина канали а не странски
Ги фаќа сите канали што ги има мрт и а1 во понудата и плус регионални ако има кај тебе. Ќе си земиш антена со појачало, односно со две кабли еден за во телевизор другиот за на штеќер и ќе ги фаќаш сите македонски канали без проблем и оние кодираните што се ќе ги имаш на листата.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.906
Поени од реакции
8.280
Зборот ми беше за овие поновите телевизори дали би фатило само со антена без ресивери тие 10тина канали а не странски
Ќе фати. Новите телевизори сите имаат DVB T. Како и што ти пишаа ќе ти треба подобра антена. Со послаба антена можно е да имаш малку полош сигнал. Ќе ги фаќаш сите македонски тв канали. Сите МРТ, Телма, Алфа, Канал 5, Сител и локалните од твојот град и зависно дел од државава во кој живееш.

Приклучуваш антена и во опции бараш да ти скенира DVB T канали.

Да појасниме што значат кратенките

DVB T - Digital Video Broadcasting – Terrestrial Терестериални дигитални канали достапни во државата во која се наоѓаш со помош на антена поврзана во телевизорот

DVB T 2 - Digital Video Broadcasting – Second Generation Terrestrial
Исто како првото само втора генерација подобрено за да може и повеќе канали да има и подобар сигнал (ова во Македонија уште не е достапно)

DVB C - Digital Video Broadcasting - Cable
Кабелска преку кабел од тв оператор поврзан во телевизорот.

IPTV - Internet protocol tv Телевизија за која е потребен интернет за да влече сигнал и за ова е потребен уред (телевизор или ресивер) на кој е приклучен интернет кабел или WI FI бежично поврзано со интернет.

CA Modul - e слот во кој има картичка и е замена за ресиверите само што ги немаш плус опциите кој ги нуди операторот како што се видеотека, снимање, премотување.. Новата генерација телевизори имаат дел за приклучување на Ca Modul картичка.
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
734
Поени од реакции
623
Ете МРТ отворија тематски канали ама ништо не функционира добро. МРТ 5 детскиот канал повеќето е копродукција што значи продукциски од друга фирма а подржано од МРТ плус имаат архива емисии од мајка ми и татко ми кога биле деца. Не е лошо тоа ама фали доста МРТ нова продукција а МРТ (искрено се извинувам на изразов но морам) заглавени во гомна ситуација.

Не верувам и некој да е заинтересиран да отвара тематски канали освен помоќниве од албанците. Нашиве кој што и да отвори зтворија. Имавме Тв Нова кој беше повеќе проценти програма информатива вести и политика па поради ситуавијата во која се најде газдата се отиде под клуч. Имавме АБ канал повеќе на забава на крај и тоа се затвори, Боки 13 телевизијата исто се затвори поради знаеме кој причини.

Кај нас газди на телевизија сакаат да тераат шема богатење и на крај завршува приказната пукање бизнисот како меур.
Да не заборавиме, претходно ги имавме А2, Канал 5 Плус и Сител 3. Тогаш им дозволија на националните телевизии да имаат по уште еден кабелски канал и плус дозвола за еротска програма после полноќ :P
А2 понуди нешто ново, а другиве две рециклирана програма. Јас лично доста ја гледав А2. Но, една по една се затворија. Џангл ТВ (музички канал) се појави. Мислам дека Брејк беше газда. И тој канал пропадна. Мислам дека имаа обврска да имаат одреден број вработени кој и не беше така мал.
Во албанија се отвараат тематски телевизии на големо зошто кај нив нема никакво влијание од србија. Ние пак сме практично претворени во српска покраина.
 
Скап бизнис е телевизија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom