Па треба да си луд да имаш посебни претплати за мобилен телефон, а посебно Интернет и ТВ пакет. Ако веќе имаш мобилна претплата, Магентата е најисплатлива: јас имам 2 мобилни линии со неограничен мобилен интернет, една фиксна линија, неограничен интернет (добро сеа, јас сум на бакар, ама не можам да бирам, само тоа е достапно, ама сепак задоволен од брзината), и L телевизија со вклучени Cinemax, HBO, Extreme и уште еден пакет по избор, за 2700 денари претплата. Интернет и ТВ пакетот без двете мобилни линии, мобилниот интернет и фиксната линија чини 1800 денари (таа комбинација која ја имам јас). Па не знам кој луд би го одбрал тоа? Само HBO-то да го доплатиш и 300-400 денари кредит да ставиш ако имаш при-пејд број и тоа само на еден телефон, и ќе платиш исто колку јас. Нормално дека Магентата треба да е прв избор.
За SK заборави: Формула 1? Натпреварите на македонската фудбалска репрезентација од квалификациите за Светско? Викаш не треба?