Дали си им го вратил кабелскиот модем/рутер кога си им ја враќал опремата, или дали тие си го зеле назад кога ја земале назад опремата ?
Можно е да имаш активен фиксен телефон од Вип, па затоа ти го оставиле кабелскиот модем/рутер на користење, па сега се фаќаат випосаните за таа квака за дополнително да те олеснат финансиски.
Во спротивно, доколку си им ја вратил целата опрема, поднеси приговор прво до Вип, па ако го одбијат, поднеси приговор до АЕК.
На мене ми го направија истото и од Македонски Телеком кога се исклучив од нив во 2012 година - го оставија рутерот бидејќи мислеа дека јас ќе продолжам да користам фиксна телефонија од нив, иако и фиксниот телефон го префрлив на тогашен Близо, па откако јас лично им го вратив рутерот во Македонски Телеком, ми пристигна сметка за наплата на пенали поради враќање на оштетена опрема - многу повеќе од 2.499 денари.
Им поднесов приговор во салон на Македонски Телеком, ми го прифатија приговорот и ми ја отпишаа таа сума која бараа да им ја платам за враќање на оштетена опрема, во спротивно ќе се видевме повторно во АЕК, а можеби подоцна и на суд.