Воопшто не ти треба никаква потврда за EuroSport Player, тоа е Интернет сервис кој е достапен за сите кои имаат Интернет пристап и кои се подготвени да платат за неговото користење. Интернет сервисите не спаѓаат под никаква регулација на АААВМУ или било каков застапник на авторските права за ЕуроСпорт каналите. И јас го имам користено EuroSport Player, и тоа од поодамна.
Кога сме кај исклучувањето на Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите, единствено објаснување кое само делумно држи вода, е тоа што во официјалниот регистар на АААВМУ за застапници на програмски сервиси и филмски, спортски и други права, на списокот кој последен пат е ажуриран на 27 декември 2017, нема застапник на Discovery и ЕуроСпорт каналите.
http://avmu.mk/zastapnici-na-prava/
http://avmu.mk/wp-content/uploads/2017/06/27.12.2017.xls
Ова може да објасни зошто Вип ТВ, Македонски Телеком и Телекабел не ги имаат обновено авторските права за Discovery и ЕуроСпорт каналите, но тоа не значи дека не би можеле преку своите матични фирми во Австрија и Германија да се обидат на некаков начин да ги регулираат авторските права, или барем да ги информираат Discovery Communications дека немаат нивен застапник за авторски права во Македонија, поради што треба да овластат нов застапник во Македонија за авторски права за да можат македонските телевизиски оператори да ги обноват своите авторски права за Discovery каналите и за ЕуроСпорт каналите.
На крајот на краиштата, српските Спорт Клуб канали ги забранија бидејќи емитувале македонски реклами, па ги заменија со хрватските Спорт Клуб канали - кои исто така емитуваат македонски реклами, а за Discovery каналите и за ЕуроСпорт каналите од поодамна знаевме дека не ги имаат обновено авторските права и дека ќе им истечат на 31 декември 2017, што говори дека имаа доволно време за да ги контактираат Discovery Communications за да овластат нов застапник за нивните авторски права во Македонија.
Да, додадени се Sport Klub 1 HD, 2 HD и 3 HD каналите во дигиталната телевизиска понуда, но слика и звук ќе пуштат на 1 јануари 2018.