A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Овој DocuBox HD каналов има превод на бугарски и "англиски", зошто не даваат превод и на македонски кога веќе го има?
Прегледај го приврзокот 113118
Па нели blizoo се пофали дека каналот ќе биде локализиран? Зарем ја нема опцијата македонски превод?

Значи, FOX life словенија ќе биде кај нас. Изгледа и сите останати канали од FOX групацијата. Само има еден проблем, тие канали имаат само словенечки и хрватски превод, а не и српски (не толку важно) и македонски. Е сега доколку успеат операторите (не зборам само за blizoo), DVB преводот од македонски да го преместат кај овие верзии и повеќе да не биде кај српските веризии на каналите, би било многу добро.
 
FOX Life вратен е, само со Англиско аудио и само со Словенски превод.
 
на македонски се преведува словенечки
за друг пат обратите повеќе внимание на часовите по македонски јазик :D
Е сега темава не е за тоа, али ајде, нека биде поука ова твоево...
 
Ја вратиле фокс лајф,само со словенечки превод се.

Ја вратиле и сега кој им е...
Ова е словенечкиот FOX Life:
image.png

И тој има вакво:
fl1.png

Сега шо праиме.
 
Ја вратиле и сега кој им е...
Ова е словенечкиот FOX Life:
image.png

И тој има вакво:
fl1.png

Сега шо праиме.
Сакаш да кажеш дека словенечката верзија има и македонски превод? Има ли и опции за други преводи?
Прашувам, бидејќи кога ја имаше Т2 листата, кај тамошниот словенечки foxlife нема превод освен на словенечки и хрватски :)
 
Ете гледаш дека има, само овие или се токмаци или повторно не смат да го вклучат поради ексклузивни права на некој друг оператор? Во секој склучај премногу валкани игри се играат на штета на обичниот гледач, смрди на корупција до небо.
 
Па белким веќе се надминати бе тие детски права за преводи :unsure:
А српски има ли?
 
А може ли некој да објасни зошто не може да се емитуваат српските FOX канали и српските Спорт Клуб канали ?

Скапи се српските лиценци, Србите не издаваат такви лиценци за Македонија, АААВМУ не дозволува, или кабелските и дигиталните оператори не сакаат да вадат српски лиценци ?
 
Искрено, верувам и АВМУ не знае самата, а камоли ние :D
Моја претпоставка и колку што сфатив, наводно согласно законот смеело да се нуди каналот само од земјата каде што е регистриран. Но мене ми е чудно, како СК е регистриран во Романија, Хрватска, Словенија, а не е во Србија? Што, во Србија каналите СК се без дозвола?
Истото, ама баш истото, важи и за каналите од Фокс групацијата.

Што се однесува до тоа какви лиценци нашиве ќе превземат, мислам дека нема врска со цената, но доколку и операториве биле малку потранспарентни и ги објаснат тие специфични (проблематични) делови од договорите, можеби и би ни било појасно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom