^
@Dexter26 го заборави најважното според мене: да си ја средат програмската шема, бидејќи без пола квалитетни канали (не зборам само за SK, Nat Geo и FOXlife, туку за DaVinci, Cinestar, HBO, 24Kitchen и сл.) пола нискобуџетни (или FTA) канали нема да одат напред.
Па да, тоа е најголемиот проблем со кој Близо се соочуваат, но ете, не ми текна.
Се фокусирав на техничките аспекти, чисто онака за да останат Близо без изговор зошто не ја збогатуваат својата ТВ понуда со квалитетни канали.
Срамота е да даваат Food Network - само во HD резолуција - без никаков превод, освен холанѓански и не знам кои други преводи кои се неразбирливи за нас, обичните смртници.
Секако дека се потребни и Cinestar, 24 Kitchen и HBO каналите, но пред се, потребна им е квалитетна инфраструктура доколку воопшто имаат планови да мигрираат кон IPTV.
Што толку сте запнале со IPTV? Пред се треба да имаш барем 4mbps интернет, а со оглед каква ни е државата... Она дека до 2020 нема да смее да се нудат брзини помали од 30mbps е супер, ама....
Најевтиниот 3 Max пакет на Ти-Хоум доаѓа со Интернет брзина од 4 мегабита во секунда, односно 400 килобајти во секунда реална брзина, додека најевтиниот Интернет пакет и најевтиниот комбиниран пакет на Близо е со брзина од 10 мегабита во секунда, односно 1 мегабајт во секунда реална брзина. Но истовремено Ти-Хоум нудат и 2 Max пакети, што значи фиксна телефонија и IPTV без Интернет пристап, туку само со најосновна мрежна врска преку Интернет протокол за потребите на фиксната телефонија и за потребите на MaxTV.
Па да, IPTV не е многу поинаква платформа во споредба со DVB-C, особено ако се земе во предвид фактот дека ако снема Интернет, по автоматизам ќе снема и IPTV сигнал, но како поранешен корисник на MaxTV можам да потврдам дека IPTV услугите на Ти-Хоум се одлични во споредба со DVB-C услугите на Близо, кои се едвај над границата на просекот.
Но благодарејќи на IPTV, Ти-Хоум нуди MaxTV за домашните корисници, како и за корисниците на мобилни телефони и таблет компјутери.
Доколку и Близо се префрли на IPTV платформа, ќе може да му конкурира на Ти-Хоум и на тоа поле.
А кога сме кај губењето Интернет и IPTV сигнал, за што спомнав претходно, Ти-Хоум во 2014 година во целост премина кон IP телефонија, поради што е обврзувачки стабилниот Интернет сигнал, барем за најосновните потреби на фиксната телефонија. Ова во превод значи дека за корисниците на Ти-Хоум, ако падне Интернетот, ќе останат и без телефонски сигнал.
Но истото важи и за корисниците на Близо, ако падне кабелскиот Интернет на Близо, ќе останат и без телефонски сигнал.
Кога веќе фиксната телефонија е речиси целосно префрлена на Интернет протокол - а кај Близо и кај Ти-Хоум во целост е префрлена на Интернет протокол, тогаш може и телевизијата да се префрли на Интернет протокол.
И Близо и Ти-Хоум овоможуваат телевизиски услуги и/или фиксна телефонија без задолжително користење на нивните Интернет услуги, па затоа не мораат сите корисници на телевизиските услуги/фиксната телефонија на Близо и на Ти-Хоум, да користат и Интернет од Близо и/или од Ти-Хоум.