A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Падна во вода уште кога беше најавена веста за спојување на Вип и ОНЕ на почетокот на декември 2014.
Убаво би било и blizoo да влезеше, па на пример во поголемите градови каде што има мрежа да беше кабелска телевизија, а каде што немаат воопшто кабли и во остатокот од земјата да идеа со dvb-t телевизијата.
Иначе, дали one.VIP планира миграција од DVB-T на DVB-T2 платформата? Да знам дека ќе повлече трошоци во однос на ресирверите, но барем ќе имаат поголем капацитет и квалитет на бежичната телевизија.
 
Не знам дали Боом ТВ планираат миграција од DVB-T на DVB-T2, но лично мислам дека со самиот факт дека Близо ќе продолжи да функционира како независна фирма, среќа во несреќа е тоа што нема да се спојува со ОНЕ и ќе продолжи да нуди телекомуникациски услуги преку својата кабелска мрежа.

Ова значи дека Близо ќе продолжи да купува кабелски оператори низ Македонија и ќе продолжи да пушта оптички кабли, со што се отвораат вратите за Близо да му стане сериозна конкуренција на Ти-Хоум.

Оптичките кабли секогаш ќе нудат побрз Интернет и поквалитетни услуги во споредба со безжичниот Интернет на ОНЕ и терестријалната телевизија - чија што единствена предност е тоа што е достапна преку обична собна антена, се додека има сигнал, се разбира.

Има надеж Близо да почне да нуди IPTV во иднина, а за оваа цел да ги користи и својот кабелски Интернет - кој благодарејќи на оптичките кабли ќе може да достигнува уште поголеми брзини во иднина, а од тука да следуваат уште повеќе ТВ канали во HD резолуција - но и безжичниот Интернет на ОНЕ. Во такви околности, доколку некој користи IPTV телевизија од Близо, но истовремено користи и безжичен Интернет од ОНЕ, тогаш ќе може да гледа IPTV телевизија преку IPTV рисиверот кој Близо би му го дале на користење од било каде, се додека е поврзан на Интернет преку кабелскиот Интернет на Близо, или преку безжичниот Интернет на ОНЕ.

Но сето ова е научна фантастика за нас, обичните македонски смртници, бидејќи сме светлосни години далеку од таков развој на настаните.

За почеток, Близо ќе мораат да направат не добар, туку одличен софтвер, не само за нивните идни IPTV рисивери, туку и за нивните сегашни кабелски рисивери, но засега не делуваат како да се заинтересирани за нешто такво. А нивниот сегашен софтвер на нивните сегашни кабелски рисивери е ЧИСТА ТАПА.

И се разбира, ќе мораат да ја прошират и да ја оптимизираат својата оптичка кабелска мрежа за да работи најдобро со IPTV рисиверите кои ќе планираат да ги даваат на користење на нивните корисници.

Ти-Хоум веќе го има направено ова во повеќе градови низ Македонија и сеуште го прави, што му дава огромна предност, додека Близо воопшто не ни делува како да е заинтересиран за развој на настаните во тој правец.
 
^
@Dexter26 го заборави најважното според мене: да си ја средат програмската шема, бидејќи без пола квалитетни канали (не зборам само за SK, Nat Geo и FOXlife, туку за DaVinci, Cinestar, HBO, 24Kitchen и сл.) пола нискобуџетни (или FTA) канали нема да одат напред.
 
Што толку сте запнале со IPTV? Пред се треба да имаш барем 4mbps интернет, а со оглед каква ни е државата... Она дека до 2020 нема да смее да се нудат брзини помали од 30mbps е супер, ама....
 
Па да, тоа е најголемиот проблем со кој Близо се соочуваат, но ете, не ми текна.

Се фокусирав на техничките аспекти, чисто онака за да останат Близо без изговор зошто не ја збогатуваат својата ТВ понуда со квалитетни канали.

Срамота е да даваат Food Network - само во HD резолуција - без никаков превод, освен холанѓански и не знам кои други преводи кои се неразбирливи за нас, обичните смртници.

Секако дека се потребни и Cinestar, 24 Kitchen и HBO каналите, но пред се, потребна им е квалитетна инфраструктура доколку воопшто имаат планови да мигрираат кон IPTV.

Што толку сте запнале со IPTV? Пред се треба да имаш барем 4mbps интернет, а со оглед каква ни е државата... Она дека до 2020 нема да смее да се нудат брзини помали од 30mbps е супер, ама....

Најевтиниот 3 Max пакет на Ти-Хоум доаѓа со Интернет брзина од 4 мегабита во секунда, односно 400 килобајти во секунда реална брзина, додека најевтиниот Интернет пакет и најевтиниот комбиниран пакет на Близо е со брзина од 10 мегабита во секунда, односно 1 мегабајт во секунда реална брзина. Но истовремено Ти-Хоум нудат и 2 Max пакети, што значи фиксна телефонија и IPTV без Интернет пристап, туку само со најосновна мрежна врска преку Интернет протокол за потребите на фиксната телефонија и за потребите на MaxTV.

Па да, IPTV не е многу поинаква платформа во споредба со DVB-C, особено ако се земе во предвид фактот дека ако снема Интернет, по автоматизам ќе снема и IPTV сигнал, но како поранешен корисник на MaxTV можам да потврдам дека IPTV услугите на Ти-Хоум се одлични во споредба со DVB-C услугите на Близо, кои се едвај над границата на просекот.

Но благодарејќи на IPTV, Ти-Хоум нуди MaxTV за домашните корисници, како и за корисниците на мобилни телефони и таблет компјутери.

Доколку и Близо се префрли на IPTV платформа, ќе може да му конкурира на Ти-Хоум и на тоа поле.

А кога сме кај губењето Интернет и IPTV сигнал, за што спомнав претходно, Ти-Хоум во 2014 година во целост премина кон IP телефонија, поради што е обврзувачки стабилниот Интернет сигнал, барем за најосновните потреби на фиксната телефонија. Ова во превод значи дека за корисниците на Ти-Хоум, ако падне Интернетот, ќе останат и без телефонски сигнал.

Но истото важи и за корисниците на Близо, ако падне кабелскиот Интернет на Близо, ќе останат и без телефонски сигнал.

Кога веќе фиксната телефонија е речиси целосно префрлена на Интернет протокол - а кај Близо и кај Ти-Хоум во целост е префрлена на Интернет протокол, тогаш може и телевизијата да се префрли на Интернет протокол.

И Близо и Ти-Хоум овоможуваат телевизиски услуги и/или фиксна телефонија без задолжително користење на нивните Интернет услуги, па затоа не мораат сите корисници на телевизиските услуги/фиксната телефонија на Близо и на Ти-Хоум, да користат и Интернет од Близо и/или од Ти-Хоум.
 
Последно уредено:
Па да, тоа е најголемиот проблем со кој Близо се соочуваат, но ете, не ми текна.

Се фокусирав на техничките аспекти, чисто онака за да останат Близо без изговор зошто не ја збогатуваат својата ТВ понуда со квалитетни канали.

Срамота е да даваат Food Network - само во HD резолуција - без никаков превод, освен холанѓански и не знам кои други преводи кои се неразбирливи за нас, обичните смртници.

Секако дека се потребни и Cinestar, 24 Kitchen и HBO каналите, но пред се, потребна им е квалитетна инфраструктура доколку воопшто имаат планови да мигрираат кон IPTV.

Ти-Хоум нудат MaxTV со Интернет брзина од 4 мегабита во секунда, односно 400 килобајти во секунда реална брзина, додека најевтиниот Интернет пакет на Близо е 10 мегабита во секунда, односно 1 мегабајт во секунда реална брзина. Но истовремено Ти-Хоум нудат и 2 Max пакети, што значи фиксна телефонија и IPTV без Интернет пристап, туку само со најосновна мрежна врска преку Интернет протокол за потребите на фиксната телефонија и за потребите на MaxTV.

Па да, IPTV не е многу поинаква платформа во споредба со DVB-C, особено ако се земе во предвид фактот дека ако снема Интернет, по автоматизам ќе снема и IPTV сигнал, но како поранешен корисник на MaxTV можам да потврдам дека IPTV услугите на Ти-Хоум се одлични во споредба со DVB-C услугите на Близо, кои се едвај над границата на просекот.

Но благодарејќи на IPTV, Ти-Хоум нуди MaxTV за домашните корисници, како и за корисниците на мобилни телефони и таблет компјутери.

Доколку и Близо се префрли на IPTV платформа, ќе може да му конкурира на Ти-Хоум и на тоа поле.

А кога сме кај губењето Интернет и IPTV сигнал, за што спомнав претходно, Ти-Хоум во 2014 година во целост премина кон IP телефонија, поради што е обврзувачки стабилниот Интернет сигнал, барем за најосновните потреби на фиксната телефонија. Ова во превод значи дека за корисниците на Ти-Хоум, ако падне Интернетот, ќе останат и без телефонски сигнал.

Но истото важи и за корисниците на Близо, ако падне кабелскиот Интернет на Близо, ќе останат и без телефонски сигнал.

Кога веќе фиксната телефонија е речиси целосно префрлена на Интернет протокол - а кај Близо и кај Ти-Хоум во целост е префрлена на Интернет протокол, тогаш може и телевизијата да се префрли на Интернет протокол.

И Близо и Ти-Хоум овоможуваат телевизиски услуги и/или фиксна телефонија без задолжително користење на нивните Интернет услуги, па затоа не мораат сите корисници на телевизиските услуги/фиксната телефонија на Близо и на Ти-Хоум, да користат и Интернет од Близо и/или од Ти-Хоум.
Па веќе скоро сите оператори ја имаат префрлено фиксната преку Интернет протокол (т.н. VoIP - Voice Over Internet Protocol). Само доколку се воведе IPTV кај Близу, заборавете на КА Модулите. Некако со КА Модул и подобро ми е... Рисиверите на Т-Хоум малку кочат, овие на Близу софтверот не им е баш најдобар...

-Е Сега Близу, малку и ќе заштеди на трошоци, бидејќи рисиверите (тие ADB-2840C) им подржуваат и IPTV и ТВ преку коаксијален, односно нема да имаат потреба од набавка на нови рисивери...
 
Последно уредено:
Нема шанси Близу да премине на IPTV платформа со ваква инфраструктура. SBB ја имаат супер искористено DVB-C платформата, и ако Близу работи како нив супер иднина би имале.
 
Па веќе скоро сите оператори ја имаат префрлено фиксната преку Интернет протокол (т.н. VoIP - Voice Over Internet Protocol)

Е па, кога веќе е така кај фиксната телефонија, тогаш може така да биде и со кабелската телевизија, барем кај Близо, бидејќи технички го имаат, односно можат да го имаат потребниот потенцијал за минимум 2 до 3 години од сега, доколку почнат масовно да пуштаат оптички кабли насекаде низ Македонија каде што ги нудат своите услуги.

Интернет протоколот веќе стана стандард кај фиксната телефонија, а може да стане стандард и кај кабелската телевизија. DVB-C не е лош стандард, ама нема толкав потенцијал како IPTV.

Така на пример, почнувајќи од 2015 година, HBO ќе почне да ги нуди своите ТВ канали и преку Интернет, што значи дека нема да мораме да ги користиме услугите на кабелските и дигиталните оператори за да ги гледаме HBO каналите, и притоа да им плаќаме дополнително за истите тие ТВ канали, бидејќи во блиска иднина ќе можеме преку Интернет да плаќаме претплата директно на HBO само за нивните канали.

Кога Близо би почнал да нуди IPTV телевизија преку квалитетни IPTV рисивери со инсталиран Интернет пребарувач и квалитетен софтвер, би можеле преку истите тие IPTV рисивери да се претплатиме на HBO и да ги гледаме нивните ТВ канали преку истите тие IPTV рисивери, така што парите од претплатата би оделе директно кај HBO, а не кај Близо - кои и понатаму би ни наплаќале редовна претплата за нивните услуги кои ги користиме.

А ако Netflix почне да се шири низ Европа, па тек тогаш IPTV ќе земе уште поголем замав на европскиот континент.

Но бидејќи тоа сигурно нема да го дочекаме во блиска иднина, еве Близо ја има можноста во наредниве 2 до 3 години од сега, да мигрира кон IPTV и да му стане сериозна конкуренција на Ти-Хоум, но истовремено и да се подготви за независната претплата на HBO и за доаѓањето на Netflix - најверојатно најдоцна до крајот на 2020 година.
 
Дајте утре сите да им вртиме во кол центарот да ги бараме каналите. Да се зкануваме со непослушност, со неплаќање, со раскин на договори. ... со било шо, само да притискаме.
Што убави утакмици има утре, ќе се ебавам јас со стримови.

Мојте м и кажаа дека кај јанко јади курек имало денес тема за близу ,се бунеле луѓе
 
Да, имаше вчера, се јавија неколкумина. Јанко на еден му вика: Ух, па види, во денешно време тешко е без Спорт Клуб. [emoji14]os:
 
Истото го кажаа и гледачите кај Јанко, и тие беа информирани дека моментално не се водат никакви разговори меѓу Близу и СК.
Јас им давам можност до 1 февруари да ги вратат каналите, ако продолжат уште со глупирањето... авиридерчи.
 
Нема до, ако за 3-4 дена не ги стават, поздрави се со СК...
 
До 1ви Февруари е океј рок, да видиме дали може да го пробијат дното до кое дојдоа. За 3-4 дена да ги вратат ми е научна фантастика, поготово кога ќе ми текне колку време чекавме првиот пат кога ги ставија. Па уште и реклами „СК одсега на Близу“, а сите други оператори ги имаа повеќе од една година :tapp:
 
Но морам да ти реплицирам, ако не се лажам, SK Prime (сегашен SK3) го додадоа меѓу првите, што навистина се изненадив. А за првите два и те како се чекаше :D
 
Нашава Мултимеда нет од Куманово како слушнав има влезено во Скопје, Тетово и Велес, па сигурно ќе имате наскоро комплетна мрежа од нив. За 750денари имаш до 55 аналогни, 56 дигитални(меѓу нив се HBO, Cinestar, Klasik, Arena 1, 2, 3, 4, SK1 и 2 и во HD ги има: Eurosport 1-2, Sk1, Sk2, Discovery Showcase, Alfa, MTV, + интернет од 15-80мбит(некогаш е 15, некогаш преку 80мбит), 500гб сообраќај, и фиксни разговори во сопствена мрежа по 0.5 денари минута, 1ден за останати оператори.
Секој месец сметката ми е 800ден, никаква доплата нема за други канали. Приемот е DVB-C, некаде целиот прием оди преку коаксијален кабел па истиот го приклучуваат на кабловски модем после во рутер итн, некаде си оди посебен утп кабел за интернет, посебен коаксијален за кабелска.
Не правам никому реклама, туку известувам за она што слушнав од инкасаторите дека се шират низ државата, па некому можеби ќе му дојде во близина;).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom