A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Jaс не знам што толку им пречат на Авму преводите. Разбирам во Македонија живееме и треба да има манкедонски превод а и албански со оглед на тоа што и албанците живеат во државава но има луѓе што сакаат да ги гледаат телевизиите и читаат со српски или некој друг певод.

Друго вака пола канали кој се понови или не се сеуште преведени на македонски и албански остануваат без ниеден превод и народот кој не го разбира англискиот јазик или јазикот на кој се зборува на телевизијата гледаат како телиња во шарена врата.

Не е поради тоа, како за избор МОЖЕ и други јазици да има. МК е задолжителен, ако нема МК мора да ги исклучат и другите преводи. Еве, на другите канали (TV1000, FilmBOX...) ги оставија. Само на Фоксовите се исклучени

Еве, избори се ближат, па можеби ќе ни фрлат коска и ќе го укинат таквиот идиотски законик според кој македонскиот превод е задолжителен.

Слично како што ги укинаа задолжителните придонеси за хонорарците.

Прво ги воведоа задолжителните придонеси за хонорарците - и покрај масовниот протест на хонорарците, а потоа ги укинаа и се испофалија дека донеле одлука од која хонорарците и хонорарните работодавачи ќе имаат огромна корист, бидејќи државата одлучила да биде дарежлива.

Ретко на кого не му е убаво кога со туѓа пченица за душа дава.
 
Еве, избори се ближат, па можеби ќе ни фрлат коска и ќе го укинат таквиот идиотски законик според кој македонскиот превод е задолжителен.
А кој ќе укинува или менува Закон? Нема Собрание, распуштено е :) Секако, постои можност за повторно составување, но не за ваква работа :)
 
Ценетите господа, ги тргнале преводите и од некои други канали: сите Discovery канали: Science, DTX, ID Xtra, Animal Planet (+HD), HD Showcase, единствено до овој момент имаше само српски на Dis. Science HD. Имаше и на некои други ама ги заборавив.
Да не е ова привремено, бидејќи АААВМУ врши мониторинг, па чекаат да поминат „прегледите“, па повторно да ги вратат? :D
 
И што ако прават вака? И без Аудио ќе не остават на Еуроспорт (пошто нема МК нели)? Убаво си рече @Dexter26, идат избори :)
 
И што ако прават вака? И без Аудио ќе не остават на Еуроспорт (пошто нема МК нели)? Убаво си рече @Dexter26, идат избори :)
Тоа што ќе има избори нема врска.Ние си плаќаме за одредена услуга живееме во Македонија мислам дека е редно и самите оператори да вложат во тоа, а не само чист профит да остваруваат како може Словенија со ист број на жители да обезбеди превод а скоро иста цена ние на услуга да плаќаме.А инаку сите оператори кога го регистрираат каналот треба да поведат сметка за тоа од каде ќе го понудат а не регистирај канал од Словенија а нам ни пракажуваат од Србија и самите знаат кои канали се барани така да не мора во нивната понуда да нудат 100 канали а пола или повеќе од нив не се гледани или само макетиншки трик еве ние имаме 100 канали.
 
Отстранети се странските преводи на сите Discovery канали, со исклучок на рамковнистичкиот превод на Discovery IDxtra - а сеуште нема македонски превод на тој канал, отстранети се странските преводи на TV 1000, сеуште се достапни српскиот и хрватскиот превод на Lov i Ribolov и на National Geographic Wild, сеуште е достапен српскиот превод на TLC каналот и сеуште е достапен хрватскиот превод на CBS Reality.

Како тргнала работава, нема да ме изненади доколку ја откажам кабелската телевизија во текот на годинава. Си имам работа со кабелски оператор кој ме труе со странски ТВ канали од соседството на неразбирлив јазик и без превод, додека странските ТВ канали од соседството кои се на разбирлив јазик од поранешните југословенски републики сака да ми ги наплаќа дополнително.

Ако ситуацијата со преводите е иста и кај Телекабел и кај MaxTV, тогаш нема да ми биде потребно префрлување на друг телевизиски оператор, туку целосно откажување на телевизиските услуги, бидејќи ќе станат тотално непотребни.

Тоа што ќе има избори нема врска.Ние си плаќаме за одредена услуга живееме во Македонија мислам дека е редно и самите оператори да вложат во тоа, а не само чист профит да остваруваат како може Словенија со ист број на жители да обезбеди превод а скоро иста цена ние на услуга да плаќаме.А инаку сите оператори кога го регистрираат каналот треба да поведат сметка за тоа од каде ќе го понудат а не регистирај канал од Словенија а нам ни пракажуваат од Србија и самите знаат кои канали се барани така да не мора во нивната понуда да нудат 100 канали а пола или повеќе од нив не се гледани или само макетиншки трик еве ние имаме 100 канали.

И сето тоа што ти го велиш е добро, но не е во ред да се форсира македонски превод - за кој повеќе од јасно е дека македонските телевизиски оператори не сакаат да платат И НЕМА ДА ПЛАТАТ - со забранување на странскиот превод.

Нема ништо анти-македонско и ништо незаконско во тоа странски превод на јазик од поранешните југословенски републики да биде достапен како алтернативен превод, се додека не се обезбеди македонски превод.

Вака ќе си останеме без превод, па лажните патриоти и лажните националисти на грав нека си ги преведуваат филмовите, сериите и документарните емисии и серијали.

Макпетрол е овластен дистрибутер на Хонда за Македонија, но тоа не значи дека ако купам возило од кај нив, возилото нема да работи ако му ставам гориво од бензиска пумпа која не е на Макпетрол.

Истото важи и за преводот, добредојден е македонскиот превод, но истовремено ништо не им недостига ниту на српскиот превод, ниту на хрватскиот превод, и двата се со одличен квалитет.
 
На DTX ставиле хрватски превод а на Discovery Showcase HD не го вратиле српскиот превод само албански има,а како може NGC Wild да има 10 преводи а на Showcase да не ги вратат преводите имаше 10тина
 
Discovery world зошто го исклучија ?

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
 
Еден од подобрите канали и тој го тргнаа

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
 
Еден од подобрите канали и тој го тргнаа

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
Подобар или не, не знам, единствено не го гледав, а ниту моите бидејќи и немаше превод на разбирлив јазик. А на DTX мислам дека треба да му дадеме шанса, бидејќи е релативно нов (зборам за во Македонија, во другите земји, на пр. Русија е постар).
 
Не сум толку по коли запален не ми требаше таков канал,требаше и двата да бидат во понуда а не вака еден ставаат еден бришат.Загреови се.

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
 
Не сум толку по коли запален не ми требаше таков канал,требаше и двата да бидат во понуда а не вака еден ставаат еден бришат.Загреови се.

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
Па ако секако, колку повеќе останат, толку подобро. Но искрено и ID беше заменет со ID Xtra, само за потсетување.
Но што знам, можеби и самиот дистрибутер бара таква промена, бидејќи вакви случаи има насекаде во Европа.
 
А да се собереме ние од темава, да си отвориме наш оператор? Нема да имаме 500 телевизии, туку некои 20-30 (квалитетни!) и секој месец ќе си плаќаме сами на себе за "одржување на договорите". Што е ова: нема преводи, каналиве ги има/нема, (мене најмногу што ми смета!!!) гледам реклами на канали што ги плаќам, пакети ми прави некој шапшал (пола од каналите не знам ни каков знак имаат, не пак да ги гледам)...сериозен сум. Непрофитабилни ќе бидеме. Претплата колку да одржуваме опрема и да им плаќаме на ТВ права за сигналот.
 
Не си ги троши нервите.

Купи си Dreambox сателитски рисивер, стави си сателитска телевизија и единствена услуга за која ќе плаќаш месечно ќе биде Интернетот кој ќе ти биде потребен за Dreambox сателитскиот рисивер, а за Близо и останатите телевизиски оператори ќе заборавиш дека постојат во наредните неколку месеци. Освен ако Интернетот за Dreambox сателитскиот рисивер ти е од Близо или од некој од останатите телевизиски оператори, се разбира. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom