Викаш "барем некои од нив" а подоле пишуваш како ги нема FOX каналите, HBO каналите, 24 Kitchen и Jugoton. Кој тоа подобри канали ги има Телекабел, а ги нема Близоо?
Јас плаќам 800 ден. месечно со неограничен интернет, телефонија и дигитална тв (вклучително и спортските канали). Ти викаш пакетот н телекабел е 450 ден, кажи ми каде да најдам неограничен интернет и телефонија за останатите 350 ден (до вкупно 800 што ги плаќам месечно)?
Далеку дека Близу се перфектни, ама пак не се и до толку за нигде како што ги збориш ти.
И сегде во светот кабелските телевизии ХД програма даваат баш заради спортските канали и филмските канали (тоа не е ствар на мој вкус туку тоа е факт)
Па, кога би правеле споредба помеѓу Телекабел и Близо - не земајќи ги во предвид и Боом ТВ - ниту Близо, ниту Телекабел ги имаат HBO каналите, ниту го имаат 24 Kitchen.
Близо ги има National Geographic, NatGeo Wild, FOX Life и FOX каналите - не ги има FOX Crime и FOX Movies, а Телекабел намерно не ги нуди бидејќи очигледно поисплатливо им е да трошат пари за емитување на Cinestar, Cinestar A&T, HRT 1, HRT 3 и AXN.
Близо го нуди со дополнителна претплата Jugoton, а пред некој месец го укинаа VH1, додека Телекабел и понатаму го емитуваат VH1.
Јас не велам дека понудата на Близо е ептен за никаде, но еве за мој личен вкус, е до некаде лоша бидејќи ми нудат рамковнистички канали кои ама баш ич не ми се потребни во основниот пакет, додека за хрватските канали кои барем се разбирливи за нас Македонците, ми бараат дополнителни 99 денари секој месец.
Туку дај откриј ни ти како си издејствувал 800 денари месечно за 3 услуги во 1 пакет ?
Потпиша нов договор на 2 години или Близо одеднаш станаа дарежливи ?
Дали ја користиш дигиталната телевизија на само 1 (ЕДЕН) телевизор ?
Доколку си потпишал нов договор на 2 години и користиш дигитална телевизија на само 1 (ЕДЕН) телевизор, тогаш сосема разбирливо е твоето задоволство.
Но јас сум во комплетно поинаква ситуација, која вели дека јас плаќам 1200 денари месечно за 3 услуги во 1 пакет - без хрватските канали, бидејќи не планирам да им плаќам на Близо дополнителни 99 денари секој месец за истите тие канали, а од тие 1200 денари месечна претплата, само 200 денари се дополнителна претплата која ја плаќам за кабелскиот рисивер за вториот телевизор, но и доколку одлучам да го заменам кабелскиот рисивер за кабелски CA модул, сепак ќе морам да ги плаќам тие дополнителни 200 денари секој месец за вториот телевизор.
Од друга страна, Телекабел нудат кабелска телевизија - и аналогна и дигитална - до максимум 5 телевизори за 450 денари месечно, а заедно со кабелски Интернет - исто така неограничен - за 850 денари месечно, или доколку одлучам да го задржам и фиксниот телефон, за 1000 денари месечно - без никаков обврзувачки договор, што значи дека ќе можам да ги баталам кога сакам и без да плаќам било какви пенали.
За тебе сигурно не е исплатливо бидејќи си задоволен со месечна претплата од 800 денари месечно, но за мене е исплатливо бидејќи било која претплата под 1200 денари месечно која не предвидува дополнителна претплата за 2 или повеќе телевизори, и што е уште поважно - која не следува со обврзувачки договор, е доста поевтина опција од ова што ми го нуди Близо.
Инаку, за 800 денари месечно, и јас би останал со Близо, доколку ми го заменат кабелскиот рисивер на вториот телевизор со кабелски CA модул и не ми наплаќаат дополнително за истиот. Евентуално, можеби би прифатил да им плаќам дополнителни 99 денари секој месец за хрватските канали, па така претплатата би ме чинела 899 денари месечно.
Но да ти бидам искрен, барем засега, Близо не ми делуваат на мене на толку дарежлива компанија.
Претходно спомна дека HD резолуцијата се користи само за гледање спортски канали, воопшто не ги спомна филмските канали. Но сепак за ваквото мислење, и понатаму останувам на ставот дека тоа е прашање на личен вкус, бидејќи еве за споредба, јас не сум толку многу по спортските ТВ содржини.