А што да правиме ние сега што не сме на телеком?
Нели е тоа дискриминација?
Пола македонија е дискриминирана.
Нели има закон против дискриминација
Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Секако дека не е фер, ни јас не сум корисник на Македонски Телеком, но ти говорам од легална гледна точка дека ексклузивниот договор кој Македонски Телеком го има со таа српска компанија, им дозволува да ја вршат ваквата дискриминација.
Еве Дојче Телеком во 2018 година стана еден од првите телекомуникациски оператори во Европа кои почнаа да воведуваат 5G мобилен телекомуникациски сигнал. Исто и во Македонија, Македонски Телеком сега во септември 2018 за прв пат тестираше 5G мобилен телекомуникациски сигнал.
И сега ако Македонски Телеком прв воведе 5G мобилен телекомуникациски сигнал во Македонија, а Вип одлучат да молчат и да си дремат со 4G мобилен телекомуникациски сигнал во наредните 2 или повеќе години, дали тоа значи дека Македонски Телеком има монопол на 5G мобилниот телекомуникациски сигнал во Македонија ?
Не, туку значи дека Македонски Телеком прв вовел 5G мобилен телекомуникациски сигнал во Македонија, а ако Вип не сака преку сопствена 5G мобилна телекомуникациска мрежа да нуди 5G мобилен телекомуникациски сигнал, ќе може или да си остане со постоечката 4G мобилна телекомуникациска мрежа, или да нуди 5G мобилен телекомуникациски сигнал преку 5G мобилната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - доколку Вип така одлучи, и во таков случај се разбира, за одредена цена која ќе ја одреди Македонски Телеком.
Еве што вели Комисијата за заштита на конкуренцијата:
" Покрај овој прекршок кој го констатира комисијата и го финишира со решение и со изрекување на санкција, комисијата само ја санкционира фирмата
Телеком од причина што
така добиените ексклузивни права таа не беш
е спречена
од страна на HD WIN да ги даде на некои други заинтересирани субјекти“, вели Чедо Краљевски - претседател на Комисија за заштита на конкуренцијата ".
Значи продавницата на Македонски Телеком е` отворена, останува на Вип и останатите телевизиски оператори да побараат цена од Македонски Телеком за да ги откупат авторските права за емитување/ре-емитување на директен и/или репризен телевизиски пренос од натпреварите во Лига на Шампиони и/или Лига Европа, па ако се договорат, ете ти Лига на Шампиони и/или Лига Европа и на други телевизиски оператори, а не само на Македонски Телеком.
Но од личното искуство со Вип ТВ, можам да ти потврдам дека дополнителни плаќања за авторски права за Лига на Шампиони и/или Лига Европа е` меѓу последните работи кои ги имаат во план. Вип ТВ ги укина Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите кои нудат многу повеќе и многу побогати ТВ содржини во споредба со Лига на Шампиони и Лига Европа, што говори дека на Вип ТВ профитот им е` на прво место, а инвестициите во подобри и поквалитетни ТВ содржини им е` на последно место.
А на локалните и регионалните телевизиски оператори сигурно им е` уште потешко да му плаќаат на Македонски Телеком за емитување/ре-емитување на директен и/или репризен пренос на натпреварите од Лига на Шампиони/Лига Европа.