A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
150
Поени од реакции
74
Вака наместено врз Барање канал, Ок кога стискам ми дава внеси лозинка место да ме однесе во десниот прозорец... Ќе се јавам утре во техничка поддршка.
Пробај да внесеш 1234 или 123456

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.454
Поени од реакции
2.802
Никако не успеаа да направат софтвер за барем еден рисивер како што треба. Секој си има посебна маана. Овој што им е сега многу ми иде на нерви, пошто често се губат каналите. :mad:
 
StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151

Треба да земат некој Cisco и саглам софтвер да направат.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
На Госпел ресивериве кај се гледа што е наредно на програмата на каналот што е вклучен во моментот?
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.454
Поени од реакции
2.802
На Госпел ресивериве кај се гледа што е наредно на програмата на каналот што е вклучен во моментот?
Десно од Power копчето има Info. Ако не, пошто о тоа некогаш заебава оди на EPG.
 
B

Blade Torch

Гостин
На Госпел ресивериве кај се гледа што е наредно на програмата на каналот што е вклучен во моментот?
На EPV е. Некни кога чепкав на тоа ми излезе програма. :ROFLMAO:Што и да им значи тоа EPV. Насекаде кратенки
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Фала на двајцата, глупости тешки :tapp:
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
На EPV е. Некни кога чепкав на тоа ми излезе програма. :ROFLMAO:Што и да им значи тоа EPV. Насекаде кратенки
EPG: Electronic program guide или на македонски: електронски програмски водич.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.113
Поени од реакции
327
Оти? Јас мислам дека локалните кабелски оператори се далеку подобри од скапаниов ВИП. Или Макс или локален кабелски оператор.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.673
Поени од реакции
11.897
Ајде утре или задутре идам на Випче. :)
Биди подготвен да се нервираш со кабелските рисивери на Вип ТВ кои доаѓаат со тапа софтвер, освен ако планираш да користиш дигитална телевизија преку кабелски CA модул на LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер.

Кога сме кај кабелскиот Интернет, со почетна Интернет брзина од 3 мегабајти во секунда, сигурно ќе бидеш задоволен. Но ако планираш да користиш безжичен Интернет по дома на лаптоп или на мобилен телефон или на таблет компјутер, прими го мојот совет и купи си безжичен рутер преку кој ќе го користиш безжичниот Интернет, јас лично не знам каков е безжичниот Интернет на кабелските безжични рутери од Вип ТВ, бидејќи и од порано користам безжичен Интернет преку мој безжичен рутер и сум максимално задоволен од истиот.

За фиксната и мобилната телефонија не можам да коментирам, ретко ги користам фиксниот и мобилниот телефон од Вип, но и кога ги користам, не можам да се пожалам за квалитетот на услугата.

Оти? Јас мислам дека локалните кабелски оператори се далеку подобри од скапаниов ВИП. Или Макс или локален кабелски оператор.
MaxTV од Македонски Телеком АКО И САМО АКО Е НА ОПТИКА, во ниту една друга ситуација не доаѓа во предвид.

Како некој кој ги има поминато пролетта 2016 и летото 2016 работејќи за приватна фирма ангажирана за да ја одржува телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком во одредени реони низ Скопјево, можам да потврдам дека бакарната телекомуникациска мрежа им е тапа.

Врие од пријавени дефекти од страна на корисниците на телекомуникациски услуги преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - над 90%, додека помалку од 10% од пријавените дефекти паѓаат на корисниците на телекомуникациски услуги преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Особено на идните корисници на Магента пакетите можам да им препорачам да земат МАГЕНТА ПАКЕТ САМО НА ОПТИЧКИ ПРИКЛУЧОК, бидејќи на бакарен приклучок ќе пријавуваат дефекти барем еднаш месечно, освен ако живеат во послабо населено подрачје или во подрачје во кое повеќето жители користат кабелска телевизија, односно не ја користат телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком - ниту преку Македонски Телеком, ниту преку некој друг телекомуникациски оператор, или ако живеат во близина на локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком - вообичаено телекомуникациската централа е во истиот објект во кој е сместена локалната Македонска Пошта, но не секогаш, има исклучоци каде што локалната телекомуникациска централа е сместена во мала куќа или во локален деловен објект, во зависност од местоположбата на населеното место.

Кога сме кај Вип ТВ, барем за поранешна кабелска телевизија Зора можам да потврдам дека уште пред да ја купи Кејблтел, кој подоцна се ребрендираше во Близо, пуштија оптички кабли низ Карпош и низ Автокоманда, поради што во тие населби кабелската телевизија и кабелскиот Интернет се стабилни и издржливи. Неодамна Вип ТВ пушти оптички кабли и низ Радишани, поради што сега и таму кабелската телевизија и кабелскиот Интернет треба да бидат стабилни и издржливи.

Можам само да претпоставувам со оглед на густата населеност на Центар, Аеродром и Кисела Вода, дека и во овие населени места Вип ТВ има пуштено оптички кабли, но можно е да грешам.

Од друга страна, барем 50% од корисниците на MaxTV ја користат оваа услуга на Македонски Телеком исклучиво поради спортските канали, ова ми го имаат кажано самите корисници на Македонски Телеком кај кои сум отстранувал дефекти.

Јас лично не сум баш некој обожавател на спортови, додека од друга страна многу ми се допаѓа Djazz TV, а Вип ТВ од неодамна ги додаде и хрватските ХРТ канали - без ХРТ 2 - додека Македонски Телеком не ги нуди овие канали, а сигурно ќе ги наплаќаат дополнително доколку ги додадат во својата MaxTV понуда во иднина.

Бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком едвај ги издржува тие неколку ТВ канали во висока High Definition (HD) резолуција кои ги пренесува, поради што ги има малку во MaxTV понудата на Македонски Телеком за корисниците преку бакарната телекомуникациска мрежа, но затоа нудат повеќе ТВ канали во HD резолуција за корисниците на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која има речиси неограничени можности, ама за жал не е масовно распространета низ цело Скопје и низ цела Македонија.

Но затоа, со оглед на фактот дека Вип ТВ нуди кабелски Интернет со брзина и до 10 мегабајти во секунда, како и десетици ТВ канали во HD резолуција, повеќе од очигледно е дека кабелската телекомуникациска мрежа на Вип ТВ е доволно стабилна и издржлива за да нуди подобри и поквалитетни телекомуникациски услуги наспроти бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

За да биде идиотизмот на Македонски Телеком уште поголем, лично бев сведок во два наврати како пуштија оптички кабли низ две улици не бидејќи така сакаа, туку бидејќи кај едната улица имаше подземен дефект поради што беше оштетен еден од главните бакарни кабли, а кај другата улица поради имотно-правни односи околу подземниот кабел, одлучија воопшто да не се замараат со правни проблеми, туку директно да пуштат оптички кабли од другата страна на улицата.

Или со други зборови кажано, поголем дефект кој би се отстранувал подолг временски период и чие што отстранување би било прескапо за Македонски Телеком, би ги убедило повеќе да пуштат оптички кабли, отколку потписи од локалните жители кои собрале петиција за пуштање на оптички кабли низ целата улица.

Земајќи го во предвид ваквиот несериозен однос на Македонски Телеком кон неговите сегашни и идни корисници, особено кога ќе се земат во предвид неодржливите Магента пакети во некои места, за мене лично - додека оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком не стане масовно достапна низ цело Скопје и низ цела Македонија, Вип ТВ останува подобра и поприфатлива алтернатива - и од гледна точка на квалитет на услугите, и од гледна точка на цените на услугите.

Единствена негативна карактеристика кај дигиталната телевизија на Вип ТВ, се нивните катастрофални кабелски рисивери кои доаѓаат со тапа софтвер, но барем овозможуваат снимање и поврзување со надворешен хард диск преку USB кабел, додека IPTV рисиверите на Македонски Телеком од самиот почеток кога Македонски Телеком почна да ја нуди својата MaxTV услуга, доаѓаат со USB порта која е бескорисна, односно која нема никаква функција.

Уште една предност на Вип ТВ наспроти MaxTV на Македонски Телеком, е тоа што со кабелски CA модул може да се гледа дигиталната телевизија на Вип ТВ на LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер, а ако телевизорот има опција за снимање на надворешен хард диск преку USB кабел, тогаш кабелскиот рисивер воопшто нема ни да биде потребен, додека Македонски Телеком никако да почне да го следи трендот на неговата сестринска компанија Хрватски Телеком од групацијата Дојче Телеком, која од поодамна нуди сателитска телевизија за оние корисници кои не можат да користат MaxTV преку копнена телекомуникациска линија.

Но затоа Вип ТВ веќе има лиценца за емитување на сателитска телевизија во Македонија, па кога ќе започнат да нудат сателитски ТВ услуги - можеби за едно 100 години од сега - ќе бидат достапни низ цела Македонија, па можеби на Македонски Телеком ќе му биде малку тешко да си ги собере сите овци на број.
 
Последно уредено:

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Кај мене има само Вип и Телеком и Неотел преку Телеком. На Вип се одлучив од причина што заштедувам околу 900 ден со Комбо, и добивам интернет од 30 mbps, додека кај Телеком 8, на Вип има гратис да речеме Спорт Клуб, кај Телеком се доплаќа. Е сега ќе дадат еден обичен ресивер со скарт и еден модул, тие со скартовите ли не се во ред?
 
Само ако ти дадат од старите Topfield или од старите Neta кабелски рисивери нема да имаш проблем, на нив не може да се снима и не можат да се поврзат со надворешен хард диск преку USB кабел, но затоа може рачно да се подесува распоредот на дигиталните ТВ канали - се до наредното ресетирање на кабелскиот рисивер кога Вип ТВ ќе додаде по некој нов ТВ канал или ќе отстрани по некој постоечки ТВ канал, па распоредот на ТВ каналите ќе се врати на фабричко подесување, поради што ќе мораш повторно да го подесуваш распоредот на ТВ каналите.

Од друга страна, новите Gospell рисивери исто така доаѓаат со тапа софтвер, на нив не може рачно да се подесува распоредот на дигиталните ТВ канали - поточно може, но софтверот го заборава рачниот распоред, но затоа може да се снима и да се поврзат со надворешен хард диск преку USB кабел.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.454
Поени од реакции
2.802
Биди подготвен да се нервираш со кабелските рисивери на Вип ТВ кои доаѓаат со тапа софтвер, освен ако планираш да користиш дигитална телевизија преку кабелски CA модул на LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер.

Кога сме кај кабелскиот Интернет, со почетна Интернет брзина од 3 мегабајти во секунда, сигурно ќе бидеш задоволен. Но ако планираш да користиш безжичен Интернет по дома на лаптоп или на мобилен телефон или на таблет компјутер, прими го мојот совет и купи си безжичен рутер преку кој ќе го користиш безжичниот Интернет, јас лично не знам каков е безжичниот Интернет на кабелските безжични рутери од Вип ТВ, бидејќи и од порано користам безжичен Интернет преку мој безжичен рутер и сум максимално задоволен од истиот.

За фиксната и мобилната телефонија не можам да коментирам, ретко ги користам фиксниот и мобилниот телефон од Вип, но и кога ги користам, не можам да се пожалам за квалитетот на услугата.

MaxTV од Македонски Телеком АКО И САМО АКО Е НА ОПТИКА, во ниту една друга ситуација не доаѓа во предвид.

Како некој кој ги има поминато пролетта 2016 и летото 2016 работејќи за приватна фирма ангажирана за да ја одржува телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком во одредени реони низ Скопјево, можам да потврдам дека бакарната телекомуникациска мрежа им е тапа.

Врие од пријавени дефекти од страна на корисниците на телекомуникациски услуги преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - над 90%, додека помалку од 10% од пријавените дефекти паѓаат на корисниците на телекомуникациски услуги преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Особено на идните корисници на Магента пакетите можам да им препорачам да земат МАГЕНТА ПАКЕТ САМО НА ОПТИЧКИ ПРИКЛУЧОК, бидејќи на бакарен приклучок ќе пријавуваат дефекти барем еднаш месечно, освен ако живеат во послабо населено подрачје или во подрачје во кое повеќето жители користат кабелска телевизија, односно не ја користат телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком - ниту преку Македонски Телеком, ниту преку некој друг телекомуникациски оператор, или ако живеат во близина на локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком - вообичаено телекомуникациската централа е во истиот објект во кој е сместена локалната Македонска Пошта, но не секогаш, има исклучоци каде што локалната телекомуникациска централа е сместена во мала куќа или во локален деловен објект, во зависност од местоположбата на населеното место.

Кога сме кај Вип ТВ, барем за поранешна кабелска телевизија Зора можам да потврдам дека уште пред да ја купи Кејблтел, кој подоцна се ребрендираше во Близо, пуштија оптички кабли низ Карпош и низ Автокоманда, поради што во тие населби кабелската телевизија и кабелскиот Интернет се стабилни и издржливи. Неодамна Вип ТВ пушти оптички кабли и низ Радишани, поради што сега и таму кабелската телевизија и кабелскиот Интернет треба да бидат стабилни и издржливи.

Можам само да претпоставувам со оглед на густата населеност на Центар, Аеродром и Кисела Вода, дека и во овие населени места Вип ТВ има пуштено оптички кабли, но можно е да грешам.

Од друга страна, барем 50% од корисниците на MaxTV ја користат оваа услуга на Македонски Телеком исклучиво поради спортските канали, ова ми го имаат кажано самите корисници на Македонски Телеком кај кои сум отстранувал дефекти.

Јас лично не сум баш некој обожавател на спортови, додека од друга страна многу ми се допаѓа Djazz TV, а Вип ТВ од неодамна ги додаде и хрватските ХРТ канали - без ХРТ 2 - додека Македонски Телеком не ги нуди овие канали, а сигурно ќе ги наплаќаат дополнително доколку ги додадат во својата MaxTV понуда во иднина.

Бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком едвај ги издржува тие неколку ТВ канали во висока High Definition (HD) резолуција кои ги пренесува, поради што ги има малку во MaxTV понудата на Македонски Телеком за корисниците преку бакарната телекомуникациска мрежа, но затоа нудат повеќе ТВ канали во HD резолуција за корисниците на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која има речиси неограничени можности, ама за жал не е масовно распространета низ цело Скопје и низ цела Македонија.

Но затоа, со оглед на фактот дека Вип ТВ нуди кабелски Интернет со брзина и до 10 мегабајти во секунда, како и десетици ТВ канали во HD резолуција, повеќе од очигледно е дека кабелската телекомуникациска мрежа на Вип ТВ е доволно стабилна и издржлива за да нуди подобри и поквалитетни телекомуникациски услуги наспроти бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

За да биде идиотизмот на Македонски Телеком уште поголем, лично бев сведок во два наврати како пуштија оптички кабли низ две улици не бидејќи така сакаа, туку бидејќи кај едната улица имаше подземен дефект поради што беше оштетен еден од главните бакарни кабли, а кај другата улица поради имотно-правни односи околу подземниот кабел, одлучија воопшто да не се замараат со правни проблеми, туку директно да пуштат оптички кабли од другата страна на улицата.

Или со други зборови кажано, поголем дефект кој би се отстранувал подолг временски период и чие што отстранување би било прескапо за Македонски Телеком, би ги убедило повеќе да пуштат оптички кабли, отколку потписи од локалните жители кои собрале петиција за пуштање на оптички кабли низ целата улица.

Земајќи го во предвид ваквиот несериозен однос на Македонски Телеком кон неговите сегашни и идни корисници, особено кога ќе се земат во предвид неодржливите Магента пакети во некои места, за мене лично - додека оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком не стане масовно достапна низ цело Скопје и низ цела Македонија, Вип ТВ останува подобра и поприфатлива алтернатива - и од гледна точка на квалитет на услугите, и од гледна точка на цените на услугите.

Единствена негативна карактеристика кај дигиталната телевизија на Вип ТВ, се нивните катастрофални кабелски рисивери кои доаѓаат со тапа софтвер, но барем овозможуваат снимање и поврзување со надворешен хард диск преку USB кабел, додека IPTV рисиверите на Македонски Телеком од самиот почеток кога Македонски Телеком почна да ја нуди својата MaxTV услуга, доаѓаат со USB порта која е бескорисна, односно која нема никаква функција.

Уште една предност на Вип ТВ наспроти MaxTV на Македонски Телеком, е тоа што со кабелски CA модул може да се гледа дигиталната телевизија на Вип ТВ на LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер, а ако телевизорот има опција за снимање на надворешен хард диск преку USB кабел, тогаш кабелскиот рисивер воопшто нема ни да биде потребен, додека Македонски Телеком никако да почне да го следи трендот на неговата сестринска компанија Хрватски Телеком од групацијата Дојче Телеком, која од поодамна нуди сателитска телевизија за оние корисници кои не можат да користат MaxTV преку копнена телекомуникациска линија.

Но затоа Вип ТВ веќе има лиценца за емитување на сателитска телевизија во Македонија, па кога ќе започнат да нудат сателитски ТВ услуги - можеби за едно 100 години од сега - ќе бидат достапни низ цела Македонија, па можеби на Македонски Телеком ќе му биде малку тешко да си ги собере сите овци на број.
Сето ова можам и да го потврдам бидејќи сум од тој реон (за Вип). Мрежата во тие реони каде имаат оптика (а мислам дека не се само Карпош и Автокоманда, туку веќе и Центар, Аеродром, и Кисела Вода се под оптика) е топ, со тоа што знае да им зебаваат појачалата понекогаш, но кога ќе дојдат веднаш го средуваат тоа, само треба да се регулира јачината на сигналот кој го испорачува појачалото. А исто така и за Телеком, бидејќи пред неколку месеци поставија оптика овде, Неотел и Телеком само преку оптика да се земе. Бакар никако, освен ако сакаш постојано проблеми да имаш...
 
StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Gospel стварно е за никаде. Ми донеле 2, им викам дај само еден и еден CAM. Добро е што ТВ-то ми го прифати, иначе кој ќе трпеше уште еден Gospel.
Од Пинковите највеќе вредат Pink Hits 2 (пошто има добри класични хитови) и Zabava (Курсаџии).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom