Ајде утре или задутре идам на Випче.
Биди подготвен да се нервираш со кабелските рисивери на Вип ТВ кои доаѓаат со тапа софтвер, освен ако планираш да користиш дигитална телевизија преку кабелски CA модул на LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер.
Кога сме кај кабелскиот Интернет, со почетна Интернет брзина од 3 мегабајти во секунда, сигурно ќе бидеш задоволен. Но ако планираш да користиш безжичен Интернет по дома на лаптоп или на мобилен телефон или на таблет компјутер, прими го мојот совет и купи си безжичен рутер преку кој ќе го користиш безжичниот Интернет, јас лично не знам каков е безжичниот Интернет на кабелските безжични рутери од Вип ТВ, бидејќи и од порано користам безжичен Интернет преку мој безжичен рутер и сум максимално задоволен од истиот.
За фиксната и мобилната телефонија не можам да коментирам, ретко ги користам фиксниот и мобилниот телефон од Вип, но и кога ги користам, не можам да се пожалам за квалитетот на услугата.
Оти? Јас мислам дека локалните кабелски оператори се далеку подобри од скапаниов ВИП. Или Макс или локален кабелски оператор.
MaxTV од Македонски Телеком
АКО И САМО АКО Е НА ОПТИКА, во ниту една друга ситуација не доаѓа во предвид.
Како некој кој ги има поминато пролетта 2016 и летото 2016 работејќи за приватна фирма ангажирана за да ја одржува телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком во одредени реони низ Скопјево, можам да потврдам дека бакарната телекомуникациска мрежа им е тапа.
Врие од пријавени дефекти од страна на корисниците на телекомуникациски услуги преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - над 90%, додека помалку од 10% од пријавените дефекти паѓаат на корисниците на телекомуникациски услуги преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Особено на идните корисници на Магента пакетите можам да им препорачам да земат
МАГЕНТА ПАКЕТ САМО НА ОПТИЧКИ ПРИКЛУЧОК, бидејќи на бакарен приклучок ќе пријавуваат дефекти барем еднаш месечно, освен ако живеат во послабо населено подрачје или во подрачје во кое повеќето жители користат кабелска телевизија, односно не ја користат телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком - ниту преку Македонски Телеком, ниту преку некој друг телекомуникациски оператор, или ако живеат во близина на локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком - вообичаено телекомуникациската централа е во истиот објект во кој е сместена локалната Македонска Пошта, но не секогаш, има исклучоци каде што локалната телекомуникациска централа е сместена во мала куќа или во локален деловен објект, во зависност од местоположбата на населеното место.
Кога сме кај Вип ТВ, барем за поранешна кабелска телевизија Зора можам да потврдам дека уште пред да ја купи Кејблтел, кој подоцна се ребрендираше во Близо, пуштија оптички кабли низ Карпош и низ Автокоманда, поради што во тие населби кабелската телевизија и кабелскиот Интернет се стабилни и издржливи. Неодамна Вип ТВ пушти оптички кабли и низ Радишани, поради што сега и таму кабелската телевизија и кабелскиот Интернет треба да бидат стабилни и издржливи.
Можам само да претпоставувам со оглед на густата населеност на Центар, Аеродром и Кисела Вода, дека и во овие населени места Вип ТВ има пуштено оптички кабли, но можно е да грешам.
Од друга страна, барем 50% од корисниците на MaxTV ја користат оваа услуга на Македонски Телеком исклучиво поради спортските канали, ова ми го имаат кажано самите корисници на Македонски Телеком кај кои сум отстранувал дефекти.
Јас лично не сум баш некој обожавател на спортови, додека од друга страна многу ми се допаѓа Djazz TV, а Вип ТВ од неодамна ги додаде и хрватските ХРТ канали - без ХРТ 2 - додека Македонски Телеком не ги нуди овие канали, а сигурно ќе ги наплаќаат дополнително доколку ги додадат во својата MaxTV понуда во иднина.
Бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком едвај ги издржува тие неколку ТВ канали во висока High Definition (HD) резолуција кои ги пренесува, поради што ги има малку во MaxTV понудата на Македонски Телеком за корисниците преку бакарната телекомуникациска мрежа, но затоа нудат повеќе ТВ канали во HD резолуција за корисниците на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која има речиси неограничени можности, ама за жал не е масовно распространета низ цело Скопје и низ цела Македонија.
Но затоа, со оглед на фактот дека Вип ТВ нуди кабелски Интернет со брзина и до 10 мегабајти во секунда, како и десетици ТВ канали во HD резолуција, повеќе од очигледно е дека кабелската телекомуникациска мрежа на Вип ТВ е доволно стабилна и издржлива за да нуди подобри и поквалитетни телекомуникациски услуги наспроти бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
За да биде идиотизмот на Македонски Телеком уште поголем, лично бев сведок во два наврати како пуштија оптички кабли низ две улици не бидејќи така сакаа, туку бидејќи кај едната улица имаше подземен дефект поради што беше оштетен еден од главните бакарни кабли, а кај другата улица поради имотно-правни односи околу подземниот кабел, одлучија воопшто да не се замараат со правни проблеми, туку директно да пуштат оптички кабли од другата страна на улицата.
Или со други зборови кажано, поголем дефект кој би се отстранувал подолг временски период и чие што отстранување би било прескапо за Македонски Телеком, би ги убедило повеќе да пуштат оптички кабли, отколку потписи од локалните жители кои собрале петиција за пуштање на оптички кабли низ целата улица.
Земајќи го во предвид ваквиот несериозен однос на Македонски Телеком кон неговите сегашни и идни корисници, особено кога ќе се земат во предвид неодржливите Магента пакети во некои места, за мене лично - додека оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком не стане масовно достапна низ цело Скопје и низ цела Македонија, Вип ТВ останува подобра и поприфатлива алтернатива - и од гледна точка на квалитет на услугите, и од гледна точка на цените на услугите.
Единствена негативна карактеристика кај дигиталната телевизија на Вип ТВ, се нивните катастрофални кабелски рисивери кои доаѓаат со тапа софтвер, но барем овозможуваат снимање и поврзување со надворешен хард диск преку USB кабел, додека IPTV рисиверите на Македонски Телеком од самиот почеток кога Македонски Телеком почна да ја нуди својата MaxTV услуга, доаѓаат со USB порта која е бескорисна, односно која нема никаква функција.
Уште една предност на Вип ТВ наспроти MaxTV на Македонски Телеком, е тоа што со кабелски CA модул може да се гледа дигиталната телевизија на Вип ТВ на LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер, а ако телевизорот има опција за снимање на надворешен хард диск преку USB кабел, тогаш кабелскиот рисивер воопшто нема ни да биде потребен, додека Македонски Телеком никако да почне да го следи трендот на неговата сестринска компанија Хрватски Телеком од групацијата Дојче Телеком, која од поодамна нуди сателитска телевизија за оние корисници кои не можат да користат MaxTV преку копнена телекомуникациска линија.
Но затоа Вип ТВ веќе има лиценца за емитување на сателитска телевизија во Македонија, па кога ќе започнат да нудат сателитски ТВ услуги - можеби за едно 100 години од сега - ќе бидат достапни низ цела Македонија, па можеби на Македонски Телеком ќе му биде малку тешко да си ги собере сите овци на број.