A1 телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да, турска синхронизирана серија која ќе се дава само во сабота и недела
 
АМАН има ли спааас? Има ли крааај на ова веќе! АМАН ЗНАЧИ АМАН! Ај не обрнував внимание! Ама претеризам! Од јутра до сутра више со серииве!!!!
 
Јас не знам како не им е тешко на мајка ми, баба ми и уште 500.000 жени во државава наеднаш да пратат толку серии. И Ајнштајн да е ќе му се измешаат толку прикаски во главата -.-
 
о_0 Пак ли турски серии?Аман веке,аман.Од нив телевизорот не ми се вклучува,што добива нaродот од нив.
Оh my God,има ли спас :se_ molam
 
Јас не знам како не им е тешко на мајка ми, баба ми и уште 500.000 жени во државава наеднаш да пратат толку серии. И Ајнштајн да е ќе му се измешаат толку прикаски во главата -.-

Од друга страна, коа има толку многу уживатели на вакви програми нека си уживаат луѓето, ако тоа ги прави среќни, шо имаат друга работа, таман серииве им се бегство од реалноста, си одмораат мозок. Ваљда бабиве нема да седнат да симнуваат ЛОСТ и 24 за да гледаат нешто квалитетитно :)
 
Незнам како не приметвите дека Велија делија е во криза ,бизнисот со маркетине не му ојт а тоа се одразвит на телевизијава...Од американските серии скоро од ниедна не одкупи нови сезони а турскиве обратно кои ако мојте да приметите три термини имаат поручек,вечер и во раните утрински часови,играните филмој истите ги врти од 98ма.Поточно немат шо да дават на телевизија а турскиве серии 1 посто ако вредат од една сезона на пример на 24,лост итнт.
 
1001 Ноќ како серија е многу поскапа од било која американска серија (не сезона, туку серија), сакале верувале или не.
Лошо е што и во сабота и недела навечер почнаа и А1 и Сител и Канал 5 да даваат вакви серии.
 
Aко е навистина во криза не мора да ги откупува сите турски серии,ова е претеризам,се започна со Шехерезад,нема програма кај што не се емитуваат тие турски чуда,подобро ке ги гледам шпанските серии барем јазикот ке им научам ако не друго.

Лошо е што и во сабота и недела навечер почнаа и А1 и Сител и Канал 5 да даваат вакви серии.
Не,лошо е што воопшто ги откупуваат.
 
Па кога народ ги гледа зошто да не ги откупуваат?
Само претерано е што толку турски и индиски ги има, ги даваат на повеќето телевизии исега почнаа и сабота и недела. Кога почнаа шпанските не беше вака, една дали можеше да се најде навечер во програма на некоја телевизија, овие ги има во цела програма на телевизиите.
 
Aко е навистина во криза не мора да ги откупува сите турски серии,ова е претеризам,се започна со Шехерезад,нема програма кај што не се емитуваат тие турски чуда,подобро ке ги гледам шпанските серии барем јазикот ке им научам ако не друго.

Никој не рече да ги откупвит...ама од гледна точка која серија е погледана ,тие ефтините никакви турски серии се 10 пати по гледани од една CSI...
 
1001 Ноќ како серија е многу поскапа од било која американска серија (не сезона, туку серија), сакале верувале или не.
Лошо е што и во сабота и недела навечер почнаа и А1 и Сител и Канал 5 да даваат вакви серии.

Мене ми е јасно дека мора да ги има, дека се нужно зло, дека им помага на постарите особи, бабите особено... АМА човече јас искрено веќе не одам во дневна кај мене, бидејќи само тоа се гледа. Само слушам плачење и вриштење од телевизорот. Не ги гледам, а психички сум истоштена да слушам за Бандини, невести, виолини и листопади! Аман навистина преку све...

Одамна немам слушнато реклама или најава за некој филм, по цели денови само тоа и вести има.

МАСОВНА лоботомизација.

Ае више....!!!
 
Значи зборот не ми беше дека нема потреба да ги откупуваат,ако народот како што напомена Дијаманте ужива да ги гледа ок е,немам ништо против тоа,сакав да кажам дека е претерано што ги даваат репризи,па плус и за време на викендите кога сите очекуваме филмски маратон,или некоја друга емисија тие не преплавуваат со тоа,еве прав пример е серијата Малечката невеста,стартува во 18:55 после Дневникот и наместо да го емитуваат Сурвајвр порано тие ја репризираат повторно,ама овде не е темата за програмата на Сител.
Старите нека ги гледаат колку сакат,но што е со нас помладите?Зар ние не сакаме да гледаме?Или секој ден ке се стискам од интернетот за да извадам некој асален филм да гледам.
Секој ден турски серии.Тоа само ке се гледа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom