S
Sukhoi
Гостин
Docsis 3.0 има близу. Повеќе од година дена има како што најсилниот пакет е достапен насекаде во доксис мрежата(барем мене ми така кажаа). Е сега дали навистина ке ги добиете 100 мегабити, зависи од тоа колку луѓе сте на заедничкиот оптички нод. Практично тоа е сандаче во влез на зграда или на улица до кадешто доаѓа оптика. Потоа со помош на уреди(ваљда media converters) сигналите од оптика преминуваат во коаксијален кабел којшто има фреквенции за интернет корисниците и за дигиталната. Интернет фреквенциите најчесто ги делат сите корисници што се поврзани до тој нод. Кај Pal системите е всушност Eurodocsis стандардот што значи дека со QAM 256 модулација теоретски на еден фреквенциски опсег од 8 мегахерци(од 408 до 416 пример) може да се пренесат 55 мегабити(Download). Upload опсегот е под 100 мегахерци и максимално може по корисник да оди до 10 мегабити(во идеални услови). Бидејќи имате брзини од 100,150 мегабити, се користи Channel bonding кадешто еден корисник користи повеќе канали.Дали ВИП/Близу има ДОЦСИС 3.0 или 3.1 мрежа? Колку што разбрав ова било поекономично од фајберот и можело да оди до 10Гбита и 1уплоад? Може да се користи постоечката инфраструктура и да се поврзат повеке корисници а претставена е и нова верзија на симетрична доцсис 3,1 верзија. Само што знаеме какви се Вип па не ме чуди да нудат и 1,0 верзија хахаха. Инаку @@Kris_GT за пинг има повеќе фактори http://www.hcl.hr/hardver-i-softver-teme/najbrzi-internet-za-gaming-u-hrvatskoj-98619/еве ти извадок од РХ слично е и кај нас зависи од географската локација на серверот и највеќе колку лупови прави конекцијата од твојо рутер до серверот. Можеш да дознаеш ако направиш tracert на серверот по мене сервер во Германија има пинг од околу 50-60 ако никој не го користи нетот освен тебе, секако во идеални услови. Ако некој гледа видео, слуша музика или слично знае да оди и повеќе. Како на пример ако брат ми отвара ФБ во моментот кога се учитува страната јас веднаш осеќам лаг.
Сите овие технологии како Docsis, VDSL, VDSL2 и слични, имаат цел што е можно подолго време да останат веќе поставените коаксијални/телефонски кабли и да се добие на време пред поставувањето на оптиката до секоја куќа. Нашиот телеком паметно постапи што ги скокна другите xDSL и премина на оптика. Можеби оди споро ама е најпаметен чекор.