Според тоа што го имам, би требало да има, но имај во предвид дека имаме избори, а плус и во 2017 локални, така што може малку да се одложи.
Оооо и те како има, спореди ја МК со Словенија ако толку сакаш. Ние сме единствени со 2 мрежни оператори. Виртуелните не ги ни сметај за оператор, зошто никаде немаат голем удел или пак не менуваат цени, тоа би требало да го знаеш.
Потпис! Во целост се согласувам. Плус и да пропаѓа, Vip ќе направи се` за да го спаси, бидејќи тој им е тој што направи да се спојат, на некој начин.
Чекај малце другар, Лајкамобил е оператор кој е ориентиран со повици кон надвор, не кон дома. За цените, да, малку се повисоки, но еве ги корегираше пред месец дена, претпоставувам дека наскоро може да се очекува повторно корекција. За тоа дека е на хартија, беше на почетокот, сега би требало веќе да не е. Но што очекуваш од луѓе кои кога ќе ги прашаш на што си, ти викаат на Мобимак, Космофон или имаат лоша перцепција за Vip кој, сепак мора да се биде реален, почнува да се подобрува колку-толку.
Но според мене треба да се биде поактивен во маркетинг сверата, за да може да си привлече корисници, бидејќи реклама досега не сум видел.
Им имам предложено идеја, да направат обид за комбинирани пакети со Neotel, нешто по примерот на SBB во Србија и Telemach во Црна Гора, со мобилниот оператор Telenor, каде што се добива попуст на двете услуги (односно на сите 4), а воедно Telenor нуди 50% повеќе од сите услуги (мин, смс и нет). Според мене, ова е одличен потег, со што би било одлична реклама не само за Лајкамобил, туку и за Неотел кој почнува да се развива како оператор со трипл-плеј услуги, посебно во делот на IPTV.