Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.579
- Поени од реакции
- 36.867
... Абе проаѓа некако, ако немаш поголеми потреби. Но ако се обидеш да ја гледаш нивната IP телевизија со пар ресивери, е тогаш интернетот им паѓа под 3 мегабити (кога си среќен да го имаш, пошто целата работа тогаш е многу нестабилна).Ај со ADSL, постигни поголема брзина од 16 мегабити да те видам...
Пред нецела деценија ADSL понудата на Телеком беше малтене единствената квалитетна опција. Тогаш беше така, но денес конкуренцијата ги стигна (па и престигна)... а телеком остана со инфериорна услуга но и со убедливо најскапите цени на пазарот. Good Riddance, што се мене тиче.
Инаку од Blizoo сум засега многу задоволен.
Посебно што не уплоудам нешто посебно многу па уплинк од еден мегабит ми е доволен (башка колку сакаш можеш да имаш уплинк. Ама ако сте повеќе корисници и ако немаш подесен QoS, ќе осеќаш последици (спорост од разни аспекти).
Даунлинкот ми е поважен од уплинкот, а тој ми е за многу поевтини пари подобар од тој што го имав (немав), од Телеком. Немам време да поиграм некоја ММОРПГ игра, но според тестовите латенцијата е одлична. Исто старциве не ги слушам да се жалат од телевизијата (која јас не ја гледам).