A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ти е само за тоа, многу фирмвери го можат тоа. Еве во Tomato го има, баш вчера гледав. Иначе паметна работа е тоа ако рутерот има малку меморија, уште попаметна работа да можеш да си подесиш колку време да ги памти некои податоци... но тоа е сложено, и може да раздесиш некои сетинзи па да имаш проблеми со воип комуникација.

Отвори го рутерот, ѕирни што има внатре... ;)

Незнам за новиот што го имаш. Обично за Cisco EPC2202 и Arris TM501A е 192.168.100.1 . Удри во cmd ipconfig и ке го видиш нема каде да бега :)
Абе јас се надевав дека сега некој ќе каже дека ги знае логинот и шифрата за администраторски пристап... :)

Иначе на .0.1 е, паметно пошто комерцијалните рутери за по дома по дифолт сите идат на 1.1
 
Благодарам за ажурноста и обемноста на одговорите!
Се извинувам ама не ве известив а не се удостоив и господата од Близоо да ги известам го решив проблемот донекаде со тоа што малку ѕирнав во сетинзите нешто што не ми штимаше подесив и за чудо добив брзина околу 67-68мб/с со истиот модем од Близоо. Малку ми е чудно за неукоста на тие во Близоо или изгорени од постојаните поплаки па одат на линија на помал отпор па велат дека со тој модем е можно само толку максимално до 50мб/с а за поголеми брзини преку кабел (нонсенс)?!?!?!?!?!? Сега засега не ја чепкам работава нека се смират малку и случувањата таму од есен кога ќе завршат одморите новите газди ќе ја средуваат фирмата по нивни терк ( се надевам на подобро ) па можеби ќе има и подобрувања и продолжување на развојот на Близоо.
Инаку сум задоволен овие неколку дена, во однос на стариот модем од Близоо кој го добив во договорот склучен пред 4 години и со брзина од 8мб/с, сега можам да играм ворлд оф танкс на америчкиот сервер (поубавите тенкчиња ми се на тој акоунт ;)) , додека предходно тоа беше на граница на невозможно бараше супер брз лаптоп со И7 процесор за да играш пристојно на таа конекција, сега и подпросечен лаптоп ја врти игрицата, нормално на оваа конекција.
Ви посакувам убав ден на сите :)
 
Не плаќам ништо овие недела дена, колку што трае трајалот. Не сум одбрал пакет сеуште.
Инаку не знам зошто е 88Mbps, наместо теоретскиот максимум од 100Mbps. Можеби приклучкот за дигитална телевизија игра улога?

Што рутер користиш? Можеби не е доволно моќен за да ја издржи таа брзина.
Jaс користам TP LINK WR740N, 150mbps рутер. Ова 150 не знам точно што значи за рутериве, но знам дека не е довлно моќен да ја издржи оваа брзина, односно лимитот му е за околу 85-90mbps интернет. Од Модем директно, иде и до крај.
Бидејќи најверојатно користиш рутер, ти препорачувам да си го смениш, ако сакаш да идеш до крај со DL брзината. Во спротивно, не ти менува многу. 10,8мб ќе стигне на торенти максимална, ама и тоа е ретко. Зависи колку луѓе симнуваат, но и сидерите и колкав аплоад даваат истите.

Рутер
http://www.speedtest.net/my-result/3690032539

Модем директива(сервер Близу)
http://www.speedtest.net/my-result/3690037572

Модем(Сервер Т-хоум)
http://www.speedtest.net/my-result/3690042580

Сервер Вип. Слични DL брзини како и кај Т-хоум, но бидејќи ВИП ги зема близу, тука пингот е значително помал. 5<30ms.
http://www.speedtest.net/my-result/3690044194
 
Последно уредено:
Инаку не знам зошто е 88Mbps, наместо теоретскиот максимум од 100Mbps. Можеби приклучкот за дигитална телевизија игра улога?
Да не мора оптички приклучок за фул 100Mbps, плус телевизија?

Кај DOCSIS технологијата, телевизијата (дигитална или аналогна, сеедно) не игра никаква улога во однос на Интернетот. Телевизијата се пушта по посебни канали како DVB-C сигнал, а Интернетот си оди по посебни канали како DOCSIS сигнал. Кај тебе, со DOCSIS 3.0 модем, за Интернет се користат 4 до 8 канали за downstream, односно 200-400 Mbps капацитет за твојот комшилук.
Инаку, кога веќе имате пакети со толку големи брзини, не треба да се чудите зошто не ви е испорачан теоретскиот максимум. Моменталната брзина зависи од повеќе фактори, дел од кои се во мрежата на операторот (зафатеност на каналите), но дел и надвор од неговата мрежа (крајна корисничка опрема: рутер, локална мрежа, драјвери, оперативен систем и сл.; локација на серверот до кој што пристапувате, кој може да биде зад неколку други мрежи и оператори, ограничувања на самиот сервер и сл.). Башка, DOCSIS (па и LAN мрежата на blizoo) е технологија за опслужување на резиденцијални корисници, каде ресурсите на мрежата (тие 200-400 Mbps) ги „делат во времето“ повеќе корисници едновремено. Ако сакате загарантирани брзини, колку пишува во договорот - толку да добивате, со предвиден SLA - тогаш и цените и условите се други. Такви корисници не се поврзуваат на DOCSIS мрежа :)
 
А ако сите корисници во зградата ми користат 100mbps,тогаш што правиме? По 40mbps ќе добивам?
 
Еве јас да го споделам моето горко искуство со овие Blizoo.

Нон стоп проблеми со интернет, последниве 3 месеци може само една недела да сум имал стабилен интернет.

Се јавувам во тоа Call центарот нивен, пола сат им треба да кренат и кога ке се јават кога ке им објасниш дека имаш потреба од интернет и дека нон стоп ти снемува толку стануваат дрски и безобразни. "Проблемот ке биде решен утре" и секој ден така утре утре, и никако да дојде таа нивна екипа да го реши проблемот. Ако не го решат проблемот ке одам ке ги пријавам во АЕК, и ке си ги барам парите назад што ги имам редовно плаќано. Што мислат они дека крајниот корисник е овца па може да го стрижат ? Инкасираат милионски суми месечно и гајле им е ако се јават поединци дека стварно имаат проблем со телевизија или интернет. Срамота за таква компанија која е крајно неодговорна према своите корисници.

Можам да ви кажам дека Blizoo НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!!!
 
@Erotes можеш ли да ни кажеш нешто подетално, кој пакет го имаш, како си поврзан со провајдерот... итн.

Кај DOCSIS технологијата, телевизијата (дигитална или аналогна, сеедно) не игра никаква улога во однос на Интернетот. Телевизијата се пушта по посебни канали како DVB-C сигнал, а Интернетот си оди по посебни канали како DOCSIS сигнал. Кај тебе, со DOCSIS 3.0 модем, за Интернет се користат 4 до 8 канали за downstream, односно 200-400 Mbps капацитет за твојот комшилук.
Инаку, кога веќе имате пакети со толку големи брзини, не треба да се чудите зошто не ви е испорачан теоретскиот максимум. Моменталната брзина зависи од повеќе фактори, дел од кои се во мрежата на операторот (зафатеност на каналите), но дел и надвор од неговата мрежа (крајна корисничка опрема: рутер, локална мрежа, драјвери, оперативен систем и сл.; локација на серверот до кој што пристапувате, кој може да биде зад неколку други мрежи и оператори, ограничувања на самиот сервер и сл.). Башка, DOCSIS (па и LAN мрежата на blizoo) е технологија за опслужување на резиденцијални корисници, каде ресурсите на мрежата (тие 200-400 Mbps) ги „делат во времето“ повеќе корисници едновремено. Ако сакате загарантирани брзини, колку пишува во договорот - толку да добивате, со предвиден SLA - тогаш и цените и условите се други. Такви корисници не се поврзуваат на DOCSIS мрежа :)

Ма јас земав прилично поспор пакет, оваа (максимална) брзина ми беше овозможена само за време на тест периодот.
Во таа смисла стариот рутер што го имам е сосема доволен. Вистина е дека е технички застарен ама за 20 мегабити конекција и со QoS вклучен, сосема пристојно си ја врши работата. Најважно од се, WiFi сигналот му е солидно јак -нешто што е реткост кај евтина или средна (кон евтина) класа на рутер (со што евентуално би бил заменет).

Иначе засега сум прилично задоволен од се (вклучително и од односот на луѓето), конекцијата изгледа стабилно а падови во bandwidth-от не сум забележал. За телевизијата не знам, тоа стариве гледаат, јас не гледам телевизија... ;)
 
Само кај мене е ужас нетот во последните неколку денови ?
 
Само кај тебе, кај мене е ОК.
Пинг: 6-8ms
Download: 9.7-9.8mbps
Upload: 0.8-0.9mbps
Jitter-от да го мерам, па ќе споделам.
 
Спидтест и кај мене е ок, ај напраи ми една услуга. Отвори cmd пиши ping 10.111.14.253 -t и види дали ќе скокаат милисекундите од некои пристојни 8-7 на над 15

OUtccDf.png
 
Спидтест и кај мене е ок, ај напраи ми една услуга. Отвори cmd пиши ping 10.111.14.253 -t и види дали ќе скокаат милисекундите од некои пристојни 8-7 на над 15

OUtccDf.png
:cenzura:
 
Attachments

  • Untitled.png
    Untitled.png
    24,5 KB · Прегледи: 23
Спидтест и кај мене е ок, ај напраи ми една услуга. Отвори cmd пиши ping 10.111.14.253 -t и види дали ќе скокаат милисекундите од некои пристојни 8-7 на над 15

OUtccDf.png
Еве ти пријателче: :)
Capture.JPG
Еве и speedtest што вели:

Ова е директно од модем во компјутер со ЛАН кабел.[DOUBLEPOST=1409683818][/DOUBLEPOST]Ајде би ве замолил @Tranquility и @karabatak во полето Search на интернет пребарувачот внесете 192.168.100.1 и споделете ги РФ параметрите (како ли и да ги пишува кај вас). И секако споделете ги вашите пакети кои ги користите и резултати од http://www.speedtest.net/ Ви благодарам. :);)
Capture.JPG
 
Последно уредено:
Или нема кај мене на рутерот таква опција или не можам да ја најдам. Има статус мени, ама не е тоа што го бараш. Linksys WRT160N е рутерот.
3731824990.png

Екстра пакетот.
 
oXUEvt1.png

WoNShAR.png

На премиум сум јас.
Епа вака, пред 2 месеци ми дојдоа кај мене (имав некои проблеми со модемот, оние старине ги имав Моторола, па ми го сменија) и кога веќе беа тука им побарав да ги извршат потребните мерења, и такви бакрачи, па кога гледаа со сигналот рекоа ПРЕЈАК МИ БИЛ (Downstream-oт 7.5dBmV ми беше), па ми рекоа дека требал да биде од 0 до 5 dBmV. Сега како што можеш да видиш на 0 ми е, а колку што читав оптимално ниво е 0 dBmV, односно за да го извлечеш максимумот од мрежата треба да ти биде 0 (или пак што е можно поблиску до 0). Така да ако навистина ти прави големи проблеми побарај ги во контакт центар, ќе дојдат па ќе средат, што друго да ти кажам. Инаку Upstream-от ти е супер, тебе Downstream-от ти е појак. Како сакаш. Не е страшно, ако веќе забегува над 6.5, 7 викни ги.[DOUBLEPOST=1409689536][/DOUBLEPOST]
Или нема кај мене на рутерот таква опција или не можам да ја најдам. Има статус мени, ама не е тоа што го бараш. Linksys WRT160N е рутерот.
3731824990.png

Екстра пакетот.
Чекај, ти си во ЛАН, немаш модем...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom