A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мене цел ден имаше...Веќе недела дена без престан од кога онојпат немав 3 дена нет..И пред тоа цело време си беше стабилен..

Изглеа DOCSIS не е многу стабилно ко шо можам да видам тука и на темата на телекабел...малце не е фер пошо истата е цената, а брзините се МНООГУ различни како и стабилноста...
 
Што стана со PPV каналите и тие фамозните токени.... прво викаа имаат некои проблеми, ама еве веке пројде месецот....
.. да не ќе треба да им се стегне некоја тужба за непридржување кон договорените услуги и доведување во заблуда?
 
Имам еден проблем...
Ставив лан од кејблтел пред 2 дена, за брзината немам забелешки 30/30 кине торенти се ко што треба... али проблемот е во тоа што знае да заглави на општи страни како гугл, ибеј, некои македонски и тн... на пример сурфам на фб без проблем, а за гугл нејќе ни да чуе?! Инаку користам wrt54g2 со сите нишани подесени и кога ќе направам release dhcp па после renew тера ок некое време и пак проблем...
Со One немам такви проблеми со истиот пц, рутер и сл.

Имал ли некој нешто слично?
 
Ако имаш нерви да тужиш ... тужи, јас добив информација дека, „незнамкаквата куќа“ од кај што ги влечеле филмовите, банкротирала, и рекоа дека во „скоро“ време ќе го решат некако проблемот... што мене ми изгледа дека ќе си тераме без тие 5 канали :S
 
Што стана со PPV каналите и тие фамозните токени.... прво викаа имаат некои проблеми, ама еве веке пројде месецот....
.. да не ќе треба да им се стегне некоја тужба за непридржување кон договорените услуги и доведување во заблуда?
Јас слушнав дека немало веќе да има PPV канали, демек нешто не било легално ... Џабе оние што купувале токени (ако има такви) и џабе тие што доплаќаат за да гледаат PPV>
 
Имам еден проблем...
Ставив лан од кејблтел пред 2 дена, за брзината немам забелешки 30/30 кине торенти се ко што треба... али проблемот е во тоа што знае да заглави на општи страни како гугл, ибеј, некои македонски и тн... на пример сурфам на фб без проблем, а за гугл нејќе ни да чуе?! Инаку користам wrt54g2 со сите нишани подесени и кога ќе направам release dhcp па после renew тера ок некое време и пак проблем...
Со One немам такви проблеми со истиот пц, рутер и сл.

Имал ли некој нешто слично?

Преку воип модем си или директно кабелот во рутер?
 
0000 (беш)е шифрата за оние цртаните на крај (114-121) у дигитална? :D Прееска ми ставија у 6 па да видам вечер шо цртани има, дали ќе се земат. :D
 
Јас слушнав дека немало веќе да има PPV канали, демек нешто не било легално ... Џабе оние што купувале токени (ако има такви) и џабе тие што доплаќаат за да гледаат PPV>

Се за што мораат да платат не е легално, напамет ги научивме веќе.
 
Имам еден проблем...
Ставив лан од кејблтел пред 2 дена, за брзината немам забелешки 30/30 кине торенти се ко што треба... али проблемот е во тоа што знае да заглави на општи страни како гугл, ибеј, некои македонски и тн... на пример сурфам на фб без проблем, а за гугл нејќе ни да чуе?! Инаку користам wrt54g2 со сите нишани подесени и кога ќе направам release dhcp па после renew тера ок некое време и пак проблем...
Со One немам такви проблеми со истиот пц, рутер и сл.

Имал ли некој нешто слично?

средено! поради некој чуден проблем со wrt54g2 ми се дешавале овие пиздарии. После сите можни работи ми остана уште да ставам некој стар фирмвер во рутерот и тадаам - проработи без проблем.
 
Месецов колку што кркав нервози со интернетов, во животов се немам нервирано толку. А најмногу се нервирав, шо кога ѕвонам таму да му се изнараскарам се живо и диво шо му шета низ канцеларии, не ми креваат телефон :mad:
 
Истиот случај и кај мене, се случуваше секој втори ден да немам интернет. Им се јавувам нормално и или им е зафатена линија или ми вика сега ќе пратам екипа да средат проблемот и на крај екипата ке дојде по 7 саати. :tapp:
 
7 саати тоа е супер! Ја сум се јавувал и ми викале ќе запишам да помине некој а доаѓале дури после 15-20 дена, па сум немал и 1 месец интернет додека ги чекам да дојдат. Еднаш се изначудив кога дојдоа одма другиот ден откако се јавив. o_O:LOL:
Консидер јоурселф лаки.

Иначе, прошлиот вторник снема струја у 3 сабајле, цело Ѓорче изгледа немаше... и другиот ден, средата, уклучувам компјутеров, и не ми го препознаваше модемот. Нејќеше ни да го преинсталира. Со усб кабелот ми беше поврзан па го сменив преку етхернет, кога, стаам торент дупло глеам иде :LOL: со 1000 и нешто, 1400 а пред тоа 600-650 идеше највише...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom