Жал ми е да те разочарам, но во официјалната брошура на Циско пишува дека овој кабелски модем е наменет само за жично поврзување преку Интернет, што во превод значи дека сепак ќе мораш да купиш безжичен рутер за да имаш безжичен Интернет по дома, освен ако веќе имаш безжичен рутер - во овој вториов случај ти останува само да го поврзеш безжичниот рутер со мрежната порта на кабелскиот модем преку мрежен кабел и да го конфигурираш безжичниот Интернет на безжичниот рутер.
Еве ти ја официјалната брошура од Циско за кабелскиот модем EPC3208G.
http://www.cisco.com/c/dam/en/us/pr...odems-digital-voice-emta-edva/ol-26958-01.pdf
Еве ти и детален опис на кабелскиот модем Cisco EPC3208G на Docsisbox, односно NMG Overseas Group Limited.
http://docsisbox.com/30/cisco-refur...em-with-embedded-digital-voice-adapter/pro/35
Некои безжични рутери доаѓаат без надворешна антена, па затоа не ти реков да провериш дали твојот кабелски модем доаѓа со надворешна антена, бидејќи можно е да емитува безжичен мрежен сигнал, но сепак да нема надворешна антена.
Но со или без надворешна антена, доколку навистина кабелскиот модем доаѓа со вграден безжичен мрежен предавател, треба да има Wi-Fi или WLAN сијаличка која треба да свети или да трепка кога е вклучен безжичниот мрежен пристап.
Но според официјалната брошура на Циско, кабелскиот модем EPC3208G не доаѓа со вграден безжичен мрежен предавател, односно не нуди безжичен мрежен пристап.
Кога сме кај проблемите со Интернет пристапот и немањето телефонска линија, за тоа дефинитивно треба да им се јавиш на Близо и да им се пожалиш, бидејќи дефинитивно станува збор за технички проблем.