А1 Македонија

Ме интересира околу ова..
http://www.vip.mk/cm/offer/services/communications/communicat/index.php

Ако добро сфакам,инсталирам програмче на мојот PC и после можам да се јавувам кон сите мобилни и фиксни мрежи насекаде????
Во Вип бесплатно,а кон другите си има тарифа..

Некој го користи да потврди дали е баш така,и дали е баш така добро како што изгледа?? :D

Го имам пробано добар е, прелесно се користи, само по инсталација мора контакт центарот да ти направи профил.
Е сега ти си пред ПЦ, ако останатиот нема компјутер добро е таман за комуницирање, а ако има тука ти е скајпот.
Вистинска имплементација ќе има програмчево кога ќе може да се употребува и на телефоните со приклучување на интернет. Си во странство, уклучуваш вифи, се приклучуваш на комуникаторот и збориш без роаминг. А тоа сеуште неможе. Ама здравје ќе биде.
 
Кажи ми дали ако пример.. дали ја додека вртам од од PC кон некој број на мобилен.. во исто време од мојот мобилен апарат(чиј што број е регистриран за таа услуга) може да се врти и да бидам добиен ??
Или да не е.. додека ја си зборам преку пц,да не можам да вртам од мобилниот.. па и да не можам да бидам добиен на мобилниот? :D
 
Па ти всушност го користиш бројот од некој си апарат, значи бројот е зафатен нели, телефонот си нема врска тука. За бројот е се поврзано.
Искрено мислам дека е така, јас ја имам пробано само услугата, не ја користам па детално да сум информирана. Знам дека е лесна за употреба, и може слободно да пробаш, бесплатно е, ништо не плаќаш. Пробај не губиш ништо, ако не ти се свиѓа батали.
 
Кога ја проверив сметката, видов дека е пратна порака на некој број, а јас сум сигурен дека во тоа време телефонот ми беше вџеб, во футрола, се јавив во контакт центарот, ми извртија муабетите, дали на некој друг вака му се има јавено и кој би можел да биди бројот.... не дека ми скина 4 ден од сметката, ама баш ме интересира за шо сеработи :(
 
Attachments

  • Capture.JPG
    Capture.JPG
    13,4 KB · Прегледи: 44
Падна мрежатата на VIP, веќе 10 сати виповци не се достапни. :D
 
се опрај кај мене за сат време уште ноќеска, сабајлево зборам на тел, ама тежок фејл им беше ова
 
Знае некој дали повиците за донации(од оние по 100 ден) се наплаќаат + на основата на претплатата или влегуваат во неа?!

На пример имам претплата 295 ден.... трошам само 150 ден. на разговори и донирам 100 ден. Дали на крај ќе ми дојде сметка од 295 или 395 денари
:smir:
 
Виповци почнаа да зафркаваат.
Ја проверувам сметката и гледам невообичаено висока сметка.

Ако претходниот ден ми била 50 ден, наредниот ден гледам 350 ден.
А јас зборував само со бројот со кој ми е бесплатно.

Фино лепо се јавувам во Контакт Центарот и една типка (засега не ја прозивам) ми се јавува, па и велам имам невообичаено висока сметка , нема шанси да е толку, ќе ве замолам да ми кажите на што се должи и да не е случајно некоја грешка,оти се јавува веднаш после паѓањето на мрежата во саботата-неделата.

Оваа така дрско ми одговара дека нема шанса да биде грешка , на мое барање да ми каже детална сметка ,ме упатува да одам во соседниот град (да потрошам бензин 500 ден) за да ми кажеле каде сум звонел т.е. ЗА ШТО ТРЕБА ДА ПЛАТАМ !?!!

Демек таа од Скопје незнаема како ми се тарифираат разговорите и неможела да ми каже детална сметка.

Е сеа се мислам , дали да почнам наоколу да им правам рекламации за непрофесионално и дрско постапување со потрошувач...
И каков е тој оператор кога незнаеле како се тарифираат разговоритеи кои неможеле да ти дадат детална сметка ????

Така да ова е еден пример за ГОЛЕМ минус на ВИП Македонија , со кој почнуваат да одат во нечесни работи....

Потрошувачкото право согласно законот за Заштита на потрошувачите ќе си го искористам ,па ако не ми достават детална сметка на разговори највероватно во прва мера ќе им опнам приговор а потоа ќе размислуваме и за посериозни мерки на планот на уривање на рејтингот...

Сумата плус што ми ја пресметале не е возможна бидејќи од претходно искуство никогаш немало НИ ПРИБЛИЖНО иста сума, а ова зголемување е карактеристично на почетков на неделава, бидејќи до петокот сметката си беше тамам...

Така да ако менаџментот на ВИП користи press Clipping нека го прочита и овој коментар и нека подразмисли малце на системот кој го имаат, со кој на потрошувачите им налагаат да патуваат од еден во друг град за да си дознаат за што плаќаат...
 
Знае некој дали повиците за донации(од оние по 100 ден) се наплаќаат + на основата на претплатата или влегуваат во неа?!

На пример имам претплата 295 ден.... трошам само 150 ден. на разговори и донирам 100 ден. Дали на крај ќе ми дојде сметка од 295 или 395 денари
:smir:
395. Данациите ги сметаат за специјални броеви и не влегуваат во месечната претплата, што е многу курвинска политика од страна на ВИП и на останатите Оператори.
 
Виповци почнаа да зафркаваат.
Ја проверувам сметката и гледам невообичаено висока сметка.

Ако претходниот ден ми била 50 ден, наредниот ден гледам 350 ден.
А јас зборував само со бројот со кој ми е бесплатно.
...

И јас имав исти проблеми, и ако си пост пејд, имаш детална сметка на интернет, така да провери таму.
 
Го отепаа во рекламирање телефонот отидов да прашам и добив одговор многу тешко скоро невозможно, и да сака човек да им стане претплатник се губи желбата...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom