Малку поспецифични прашања, не можев на сајтот да прочитам информација. Ми рекоа дека најрано 3 месеци пред истекување може да се продолжи договорот. Е сега тој новиот договор:
1) се продолжува од денот на промена за 2 години или од денот на истекот на стариот договор за 2 години?
2) бидејќи моментално плаќам тарифа од 1400 (во која има 50 интернационални мин, од кои немам потреба моментално) и сакам да се префрлам на поефтина од 800, дали оваа разлика од +600 ќе ми ја рачунаат до крај на истекот на постоечкиот договор или веднаш се смета новата пропорционално од денот на продолжување до 25ти месецот (кај мене до тогаш рачунаат, не знам дали е кај сите така)? Тогаш доплатив за телефон (нз колку точно) поефтино ко субвенција за договорот, но не плаќам месечни рати, значи сѐ што плаќам е тарифата + евентуални екстра трошоци за паркинг и слично.