А1 Македонија

Подалеку од овие Вип... Автоматски ми го продолжиле договорот плус еден месец без да ме известат дека ми е истечен... Се јавив денес поднесов жалба пошто по закон мора пред да истече договорот корисникот да биде известен дека ќе му биде продолжен договорот... И по тоа следуваше дека на 1 ви ме барале еднаш ама не сум кревал... Срамота!!!


НЕ смеат да ти продолжат договор. Оди во АЕК мене така еднаш ме заебаа преку телефон ми кажаа дека сами ми го продолжиле и дека ако сакам да го раскинам ќе треба да платам пенали и јас сменив друг пакет (всушност кога сум го сменил тогаш навистина сум го продолжил). И баш се консултирав со човек од АЕК што беше на штанд на jobfair и ми кажа дека тоа им е финта дека они ти го продолжиле, речи им дека ќе одиш во АЕК или навистина отиди ќе видиш одма како не ти е продолжен (на две години).
Договорот ти останува само на неопределено и кога сакаш можеш да го раскинеш.
законски не смеат да ти го продолжат автоматски.
 
Последно уредено:
Ок, за какви жити се продолжувања зборите??
Да, договорот ви е продолжен, на неопределено. На македонски, утре да отидете во Вип ќе ви го прекинат (секако, со плаќање на сметката од тековниот месец). Никој тебе не ти продолжува договор на дополнителни 2 години. Плус тоа, ако јас сакам да си ја сменам тарифата/договорот/операторот, едвај ќе чекам да ми истече и би знаел точно кога ми истекува. Има 24/7 поддршка, јави се и прашај, не туку ми глуми лудило „со СМС требало да ме известат“ кога ни со прст не си мрдал ти нешто да направиш (which btw, concerns you and only fucking you). Damn people, само да се мрчело за нешто, толку работи се факд ап во државава, вие за операторите се фативте. Мене ми истече договорот, не ми се јавија, ама точно знам кога ми истече, пошто јас ставив мој потпис таму. Не потпишав ништо за продолжување, туку си плаќам месец за месец пошто нема подобра понуда на пазарот. Ама утре да отидам, утре ќе го раскинам.

Досега бев вип припејд и сакам да се префрлам на вип поспејд... се мислев за таа пондуа што e VIP Free Basic со 100 mb интернет...
Прашањето ми е ако некој ја користи оваа понуда, колку од прилика имате интернет со тие 100 mb, дали ке ми биде доволно за да проверувам меил и фејсбук во текот на цел месец?
Фала.

Малку ти е 100 мб. Нема шанси да истуркаш цел месец, освен ако не уклучуваш фејсбук на 2-3 дена. Ако дополнително отвараш меил, ни недела нема да истуркаш, особено ако некој некој ти прати некој атачмент. Реално, за 480 денари не се испатат 100 мб - на One другар ми има 20 GB интернет за 500 денари (некоја промоција беше). Мој совет ти е, ако не се брзаш, почекај уште некој месец, гарант ќе има нешто околу Нова Година.
 
@Spell Caster ќе го раскинеш истиот ден...аха, нема проблем. Биди среќен за 10 дена да биде (тоа им е некаков минимум), или како кај мене 24! Ќе дојде ден, друга песна ќе пееш овде.
 
@Spell Caster ќе го раскинеш истиот ден...аха, нема проблем. Биди среќен за 10 дена да биде (тоа им е некаков минимум), или како кај мене 24! Ќе дојде ден, друга песна ќе пееш овде.
Kaj mene 7 dena go raskinuvaa i toa predvremeno raskinuvanje

Sent from my SM-G800F using Tapatalk
 
Кој закон не знам, јас сум обичен работник, не сум адвокат, и имам читано дека има воведено закон со кој операторот мора да се извести пред да ти продолжи договор, а за тоа е надлежен АЕК...

Не е прoдoлжувaње нa дoгoвoр тoa,дoгoвoр е кoгa ќе се пoтпишиш требa двете стрaни пoтпис дa имaaт дaденo.
Ти сaмo прoдoлжувaш дa ги кoристиш услугите месец зa месец пo истa ценa и истa тaрифa БЕЗ ДOГOВOРНА OБВРСКА кaде кoрисникoт имa прaвo дa пoднесе бaрaње зa ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЛИНИЈАТА кoе зa чудo трaе 10 денa и вo меѓувреме си бoмбaрдирaн oд пoвици и специјaлни пoнуди oд вип и пoсле си ги плaќaш и тие 10 денa штo си гo кoристел брoјoт.
 
Леле колку ги покачиле претплатите. Најниската 479 ден и мизерни 100МB :facepalm:

Пред две години истата претплата беше 275 ден и се исплаќаше месечно да си активираш 1GB за 150 ден.
 
Да, ако отидеш 10 дена порано ќе ти кажат треба пенали да платиш за предвремен раскин, да отидеш на сам ден им требало денови додека да се раскине договорот што ти ги плаќаш.. А ај вака што правиме, имам другарка отидена е во странство и ќе остане таму долг период над 2 - 3 години, им кажуваат брат и и родителите за да се раскине договорот они викаат дека мора да дојде лично да го раскине иначе не може никако... !?
Ако договорот е на нејзино име таман си е. Како сакаш ти? Кој сака за кој сака да потпишува и раскинува договори?
Затоа фино-лепо нека најдат некој пријател нотар или адвокат па нека им издаде полномошно, нека фалсификуваат потпис од другарката и решен проблем. Или пак нека и го испратат полномошното на меил, она да го испечати, да го потпише па да го прати по пошта (по факс може да не признаваат).[DOUBLEPOST=1445424043][/DOUBLEPOST]За продолжување на договорот кажа Спел Кастер, не се продолжува автоматски на 24 месеци ни под точка разно. Не потпаѓајте на тоа што ќе ви го кажат на 'шалтер', се трудат да ве задржат по секоја цена.
 
Искренo незнaм зoштo сте се зaмaрaле дa зимaте дoгoвoр кoгa зa вaшите свaќaњa и нa кaртичкa ви е слoжен прoцес, пa ќе се исклучувaте, пa ви прoдoлжиле ц ц ц 21 век е рaзбудете се.
Нaјсвежa инфoрмaцијa oд вип сaлoн: рaскинувaњетo нa дoгoвoр е пo прoцедурa нaметнaтa oд Аек бидејќи нивнaтa претхoднa прoцедурa не oдгoвaрaлa нa кoрисниците (спoред кoрисниците, ) a тoгaш билo дa пoднесеш бaрaње 30 денa тoчнo пред дa сaкaш дa се исклучиш
Сегa си ппднесувaш бaрaње пa те исклучувaaт нaјбрзo мoжнo
 
На 3 различни броја, апликациите за допишување (вибер, месенгер итн)не работат преку 3г/4г, а Хромот функционира имате вие проблем?
 
Леле колку ги покачиле претплатите. Најниската 479 ден и мизерни 100МB :facepalm:

Пред две години истата претплата беше 275 ден и се исплаќаше месечно да си активираш 1GB за 150 ден.
монопол друже,откако се споија овие две во едно сега си ги корегираат пакетите,еве мојот пакет тој првиот од 800 денари што имаше неограничен интернет и брзина до 10 сега е со ограниќени 50 мегабајти и брзина до 6,затоа старите услови од неограничен интернет и брзина од 10 сега чинат по 1000 денари месечно :tapp:

upload_2015-11-6_9-22-55.png
 
На 3 различни броја, апликациите за допишување (вибер, месенгер итн)не работат преку 3г/4г, а Хромот функционира имате вие проблем?

Известување за корисниците

Во текот на надградбата на интернет линковите заради непредвиден технички прекин, во моментот постои времен прекин на интернет пристапот за корисниците на Вип тарифните модели, при што недостапни се веб страници кои се хостирани надвор од Македонија. Одредени веб страници во Македонија и Google страници се достапни. Тимовите интензивно работат на обезбедување на целосен интернет пристап во најкус можен рок. Се извинуваме на корисниците и благодариме на разбирањето.

eve so pisale
 
Па нели во Виена бил проблемот мме на сите таму. Гарант чистачката го повлекла кабелот од штекер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom