Јас купив кола на старо и сега искочи новиот модел во салон и уште ми ја немаат сменето. Лопови, името ни го сменија ама колата ми остана иста.
Џабе покушаваш да ми вратиш, не те бива.
Договор со оператор, споредуваш со кола на старо.
Еве ти ја споредбата со колата:
Купи кола на старо од оглас, ама после виде дека типот продава иста таква кола на оглас, се исто и модел и година и км и пари,
ама сега дава и зимски/летни гуми.
Зарем нема да се јавиш и да го прашаш зошто тебе не ти дал?
Еве ти ја споредбата со колата.
Е сега твојата споредба звучи вака: "Јас сакав да го исмејавам ова копилево Rothmans и пишував глупости за он да испадне глуп, ама на крај јас сум глуп."
Еве како изгледа тоа званично до АЕК, да не речат тука некои членови (вработени у А1) дека спамам против А1.
rothmans дечко лечиш комплекси гледам овде против а1 и сите членови. Добро ти кажаа погоре, како си потпишал така ќе тераш со договорот. Си можел пример едно да потпишеш денес а утре да има нов пакет со подобри услови или цена ама тоа е, не може промена.ж
Таман работа ако така функционираат работите со договориве, секои месеци има по некоја "нова" понуда.
Плус многу пати е назначено од а1 или телеком дека понудата важи за Нови Корисници.
Ако имаш избор одбери што ти одговара, вака излегува дека со сила те натерал некој да правиш договор со а1.
Сите за тебе работаат во а1 и се против тебе ахахах
Кој бре тоа лечи комплекси? Ако на "сите членови" мислиш на вработените у А1 што се овде на форумов, ич не ми е гајле ако се навредиле некако.
А како функционираат договорите многу ме интересира оти у нашава држава е променето и знаме и име и лични карти и се...
Не може мојот пакет да се вика NET TV M и да чини исти пари и да е се исто како во нивниот "нов" пакет исто NET TV M за исти пари, ама интернетот да ми е послаб, оти нивниот "нов" NET TV M бил само за "нови корисници", а јас "за жал" сум го склучил месец и пол пред да го пуштат у продажба.
Поради вакви небулози е измислен и АЕК, ама за жал у оваа држава никој чесен граѓанин не излегол на крај со властите.
Правниот систем им дозволува на пропаднати "бизнисмени" да отворат нова фирма со име на пр. Фирма, ама сега новата е ФирмаА и сите мижат, нема проблем, терај друже, судиите ѕидаат плочки.
Изгледа и А1 треба да си го смени името на пакетот NET TV M за да немаат поплаки, а позната пракса им е да го менуваат името на фирмата, мислиш Муртинецот им е CEO, беа Vip, One, Blizoo, A1...
Ама тоа ти е, (Бивша Југословенска Република/Северна) Македонија и се е можно.