Под претпоставка дека Рамче и неговите таканаречени жртви на прогонот и храбри новинари, навистина успеат да основаат нова национална телевизија во Македонија, каде беа од 2011 до 2017 година за да основаат нова национална телевизија во Македонија ако навистина можеа тоа финансиски и технички да го реализираат ?
Позитивната страна на ваквиот медиумски циркус на Рамче е фактот дека раскажува приказни за мали деца, поради што никогаш повторно нема да биде сериозен фактор во македонскиот етер.
Негативната страна на ваквиот медиумски циркус на Рамче е ризикот дека можеби не раскажува приказни за мали деца, бидејќи можеби веќе ги има потребните средства за да основа нова национална телевизија во Македонија, а со тоа ќе им даде свежа муниција на пастирот и пвеводбениците за да маваат по зајко кукурајко и плавите жолтици и нивната и онака кревка владина коалиција.
Не ни треба уште еден газда Динго, без разлика дали ќе биде на страната на пвеводбениците или на плавите жолтици, и онака веќе имаме доволна партизација на македонските медиуми и тапа програма за воопшто да не ги третираме како вистински и сериозни извори на информации.