Eddard Stark
Lord Snow
- Член од
- 25 ноември 2009
- Мислења
- 1.220
- Поени од реакции
- 2.540
@Trpe Grozni
Делумно се согласувам за јазиците, не постои еден универзален збир на правила според кој би можело прецизно да се одреди дека еден јазик има најголем вокабулар, или пак дали воопшто тоа би значело дека тој јазик е најбогат.
Сепак, англискиот се смета за јазик со најголем вокабулар, и тоа далеку пред другите со преку милион зборови. Тоа најмногу се должи на многубројните влијанија на кои што бил подложен. Оригинално е германски јазик, кој присвојувал доста од скандинавските јазици поради викиншките екскурзии по Британија. Со инвазијата на Норманите доаѓа и француското влијание, и секако тука е и латинскиот јазик, кој што исто така пронашол начин да се инкорпорира во англискиот.
Затоа и англискиот јазик е исполнет со огромен број на синоними, што го прави на некој начин и доста уникатен.
Но, тука се јазиците од типот на германскиот. Овој јазик во својот речник нема онолку зборови колку што има англискиот. Но, на еден начин германскиот јазик има бесконечен фонд на зборови, поради честата практика да се спојуваат многу индивидуални зборови за да се создаваат нови. Затоа и не може да се каже дека германскиот е посиромашен јазик од англискиот.
Јас го преферирам англискиот, најинтересен ми е за изучување и најубав за изразување.
И сметам дека главна причина поради која што многу често тука се користиме со англиски изрази е поради огромното влијание што овој јазик го има преку музиката, литературата, кинематографијата, а не дека луѓето мислат дека тоа ги прави попаметни. Едноставно понекогаш поприродно ни доаѓа, секако во неформални ситуации, да искористиме некој англиски израз.