A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Сaмo првa сезoнa е целoснo oпфaтенa вo oднoс нa првaтa книгa,нaредните сезoни мнoгу ликoви и нaстaни се изoстaвени вo серијaтa зaрaди буџет и oгрaниченoст oд 10 епизoди пo сезoнa.Мене aмa ич не ми сметa штo знaм штo ќе се случи,бaш нaпрoтив кaкo и сите чекaм епизoдa зa дa видaм штo и кaкo се дешaвa.Акo се oдлучиш дa читaш терaј дo третa книгa без гaјле,дo тукa се стигнaти сo серијaтa плус некoи делoви oд 4 и 5 книгa.

Sent from my LG G2 using Tapatalk
 
Книгите се поинтересни и подетални но јас би рекол дека искуството не се расипува со читање, напротив, се надополнува. Настаните кои следат во серијата ќе ги чекаш со нетрпение, на друг начин ќе гледаш на сите ликови, дијалози, детали. Плус супер е што ликовите за кои си прочитал во книгите сега можеш да ги поврзеш со вистински лик (актер), некогаш се баш како што си ги замислил а некогаш не. По некогаш има изненадувања кога сценаристите се обидуваат да интерпретираат или скратат/спојат некој настан или случка.

Книгите се масивни и ако не можеш да одвоиш доволно време држи се до серијата. Со читање колку само да се поминат се пропуштаат многу детали, а ги има на секој ќош.
 
Ќе ми го расипе ли едното задоволство другото :cool:?
Ова е ситуација како кога на девица треба да опишеш сексуално доживување. :)

Гледај вака, серијата е како гледање на порно филм. Може да е добро но се сведу ва на: кратки уводи, баналности, и акција.
Книгите пак, се оригиналната работа и секој на свој начин ги доживува. Исто како сексот.

За некој сексот е секогаш подобар од било кое порно, за некој друг можеби сексот никогаш не му успева да му биде како на порно па затоа и го преферира истото. Во превод, (дали си дркаџија или ебачиште) нема да знаеш додека не се обидеш. ;)


П.С. Порно увек може да се гледа, шанса за добар секс само будали (и незаинтересирани) пропуштаат. Не може серија со сценарио од стотина страници да се споредува со ремек дело распослано на повеќе десетици страници. Тоа е како делото да го споредуваш со неговиот синопсис.
Без навреда, и шегиве на страна... лично сметам дека ако книгите не ги доживееш како милион пати подобри од серијата, мора да се заклучи дека ти всушност и не љубиш да читаш.
Или како што тоа многу добро го сублимираа во сценава од From Dusk Till Dawn:
(иначе на 41секунда е панчлајнот)

 
Фала ви дечки за одговорите, решив да ги купам книгите :).

@Vanlok донекаде ја утна поентата ;). Воопшто не е муабет дали се книгите подобри од серијата (тоа би било идиотско прашање) туку дали да се читаат веднаш или да се почека серијата да заврши. Во секој случај дилемата ми е разрешена :).
 
Остај синоќа бев расположен за какање... ;)
Ама си стои кажаното @Kaiser, ако прашуваш за распоред на гледање/читање од аспект на евентуално расипување на доживувањето... тогаш навистина штета што не си ги фатил книгите пред воопшто да гледаш макар и една епизода од сериите.

Пошто (ете како за почеток) за мене во серијата кастингот на ликовите е (благо кажано) ужасен. Освен неколку лика, другите се тежок промашај... нема сеа да должам само ќе кажам дека Кејт и Дрого први ми паѓаат на ум како големо разочарување. Кејт во книгите е секси милф а не бабетина, Дрого е неук, недоделкан, суров варварин... а не депилирано манекенче со феминизирани црти (и шминки) на лицето.

Значи промашена е замислата на авторот, има многу моменти што во серијата се изменети/недостасуваат заради таквите баналности како на пример тоа дека бабата што ја глуми Кејт никако не е сексипилна (освен можеби за бабоје*и и старци).

Чисто за визуелно да илустрирам -еве каков кастинг би одговарал за тие два лика, Danny Trejo и Christina Hendricks:
danny-trejo.jpg

christina-hendricks.jpg
 
Тoa зa бaбетинaтa Кејт гo мислaм aмa бaш истo уште oд првa сезoнa,мнoгу aнтипaтичен лик зa тaa улoгa,a Дрoгo ликoт беше избрaн рaди мaсивнoстa (нештo сличнo кaкo Плaнинaтa) a декa беше пренaшминкaн и тoa е тoчнo. :)

Sent from my LG G2 using Tapatalk
 
Ликот на Дрого беше масивно... геј. Сеа да не ме разберете погрешно, јас верувам во право на сексуална слобода ( :)) но овде едноставно зборувам за тоа колку е промашена претставата на ликот во серијата, во однос на оригалниот лик во книгите.

Сашко Коцев за нешто слично зборува на линкот подолу, но нему му успева да биде по... елоквентен. ;)
http://www.youtube.com/watch?v=YqsJLiMxgDI#t=41
 
Боља е од таа бабата сега што ја има улогата... и ја личи за улогата.
Ама Кристина Хендрикс би била совршена. Таман е за мидивал редхед милфица која не е премногу манекански тип, туку онака таман убава (и повеќе од доволно сексипилна) за сите импликации од книгите -на пример за да може да се разбере како тоа Литл Фингер е сеуште заљубен во неа (плус не може да биде врсник со баба).
http://airows.com/the-20-hottest-photos-of-christina-hendricks/
 
Мoждa бaбaтa јa дoбилa улoгaтa рaди Лејди Стoунхaрт,видиш зa тoa е идеaлнa :)

Sent from my LG G2 using Tapatalk
 
Ич не се секирај, терај си ги книгите слободно, како стојат сега работите, веќе од наредната сезона серијалот нема да има врска со книгата (освен можеби основната идеја), со секоја наредна сезона серијалот е се подалеку и подалеку (а со тоа и послаб во квалитетот) од книжниот серијал на Мартин.

Едно од најголемите разочарувања во кастингот мене ми се Тајрошијанци, ги нема оние карактеристично обоени фрузури, мустаци и бради, карактеристичните одежди на луѓето од Летните острови, богати со пердуви во разни бои, едноличноста и униформноста на сите облеки кои ги носат велморжите од различните краеви на Вестерос и многу дуги ситни и покрупни детали.

Сите описи на карактери и дејствијата во книгите се мноооогуууу подобро и пореално опишани, и имаш многу споредни карактери и дејствија кои во телевизискиот серијал воопшто не се споменати.
 
Истиот муабет беше и со описот на Jaqen H'ghar па не испадна воопшто лошо во серијата. Некои описи едноставно изгледаат смешно и кичаст на ТВ. Ќе биде како Б филм од 90тите години.
 
Истиот муабет беше и со описот на Jaqen H'ghar па не испадна воопшто лошо во серијата. Некои описи едноставно изгледаат смешно и кичаст на ТВ. Ќе биде како Б филм од 90тите години.

Ама затоа Дарио Нахарис е тотално промашен и во првиот и во вториот обид.

Не знам, ми се чини дека со тоа се губи разноликоста во телевизискиот серијал, во книгите се опишани различни култури од различни континенти кои си негуваат свои обичаи и моди (сети се на фризурите на велморжите во Марин и слични работи кои не се покажани во телевизискиот серијал).[DOUBLEPOST=1415737837][/DOUBLEPOST]За оние кои ги мрзи да ја читаат „Принцот лошко“, некој се потрудил да ви ја прочита (до душа на англиски, ама да не фаќаме забелешки сега :) ).

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom