Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
250 илјади евра дал во седиштето на ДУИ за да добие дозвола за национален авиопревозник, ова сериозно обвинување е содржано во изјавата на Сабри Алиу, сопственик и директор на компанијата „Ер Вардар”. Алиу изјавил дека неговиот син и ќерката, на сега починатиот партнер Беџет Салаху, на раце му ги предале парите на секретарот на ДУИ Абдул Касами.
Во документите кои полицијата ги разгледува стои дека Алиу се договорил со повисоките структури на ДУИ, меѓу кои и Али Ахмети тие да му помогнат со „Ер Вардар”. Цената била 250 илјади евра, кои би се користеле за воените ветерани и инвалиди на ОНА.
Парите, според исказот на Сабри Алиу, биле донесени во кеш од Цирих Швајцарија. Ги донел Беџет Салаху кој преку службен влез на аеродромот Петровец ги внел парите на 13 јуни 2003-та.
Парите биле уплатени истиот ден во Мала Речица како донација за ветераните на ОНА. Случајот бил пријавен пред неколку недели, полицијата потврди дека го истражува.
Според Алиу, му пропаднале четири годишните напори за да ја отвори авиокомпанијата „Ер Вардар”, токму поради неисполнетите ветувања на функционери на ДУИ. Компанијата дури изнајми и авион, но подоцна се откажа од бизнисот.