Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Перманентно

Random opening:
"I never did give them hell.
I just told the truth,
and they thought it was hell."
Harry Truman

Стојам сам, не не, rewind, дефинитивно бриши. Стојам и само една проклета работа ми ја исполнува смислата, ти. Стојам буден, веќе долго време, покрај реката. На најдалечниот аутпост. Чмаам во нешто што незнам ни како изгледа. Вртам мисли, Колку долго е Засекогаш? Пополека влагам во штосот. Реторичко прашање, за секој смртник. Дознав колку е долго. Колку долго е Засекогаш? Перманентно. За награда што го открив одговорот, сакам да бидам ослободен од оваа оловна тишина. Што сама ја соградила оваа моја проклета авлија. Тишина на небото, тишина на земјата, студ овде, студ онде, пареа од секој ден. Ах, мојата проклета авлија. Да ја завршиме војната што ја почнавме, да нема повеќе мртви херои, да зачуваме се што себично зедовме. Но никогаш да не заборавиме на неа.

Те чекам ко смрт.
Те љубам земски.
Те сакам астрално.


Губам притисок во кабината. Морам да се вратам да учам.

Random closure:

"I'm not saying I'm gonna change the world,
but I guarantee
that I will spark the brain that will"
Tupac

Фала за инстант инспирацијата. Со посвета :smir: која нема да биде никогаш прочитана.
Н.Д. 26.02.2009 01:18

 
ЗАБЛУДА

Сонцето изгреваше над градот, а тој фрлајќи го чаршавот кој го покриваше неговото прекрасно тело, облеано од бронза која летното сонце ја замачкуваше по телата на блиската плажа,промрморе нешто што не можев да го разберам.Бев загледана во изгрејсонцето,изгледаше преубаво,се прашував;дали Бог го создал изгрејсонцето само затоа што гледајќи го забораваш на се околу тебе,не мислиш на реалноста, едноставно влегуваш во еден поинаков свет создаден од магијата на сончевите бои на изгревањето.Тоа се бои кои се преливаат на небесата и ги поплавуваат нашите мисли.
Тој стана,ме прегрна со своите машки раце за струкот и рече;
-Прекрасно утро, нели?
Се истргнав од неговата прегратка, го допив кафето кое ми беше в раце и ја оставив шољата на масичето покрај креветот.
-Зар си одиш?-ми рече.
Го погледнав, стоеше до прозорецот а боите од изгрејсонцето кои сеуште се преливаа позади него, правеа да наликува на небесен ангел.
-Морам да одам, доцнам.-реков, ја дограбив ташната и фаќајќи ја кваката на вратата почуствував олеснување што конечно ќе излезам од собата.
-Зошто го правиш ова, зошто не останеш малку да поразговараме, не можам повеќе вака, ме уништуваш.
Стоев во место неподвижна, се плашев да го погледнам, мислев ако ги видам тие очи од искра како ме гледаат ќе заплачам,моето срце ќе се предаде и ќе му признаам дека го сакам, дека не можам да живем без неговите погледи,зборови и допири. Но не го направив тоа, ја повлеков кваката која цело време ја држев во рака и излегов.Не знам што помисли тогаш, можеби се надеваше дека утре ке биде подобро.
 
Најпосакуваното

Го следеше нејзиниот поглед како прв пат да почувствува страв... Беше притаен, со доза на среќа. Со раката си го допре образот. Вриеше со изненадувачка студеност. Зошто по ѓаволите не можеше таа да исчезне од неговиот ум? Се` беше во ред на почетокот, тој беше потонат во инспирацијата, а таа во тагата. Тогаш не беше доволно среќна да го избегне. И` требаше некој кој ќе ја милува по душата. Го пронајде него, тој кому му беше потребна инспирација. Му се допадна, без да знае за последиците. Последици полни со насмевки и слози. Можеби беше премногу наивен. Или му беше потребен пријател. Во неа го најде. Дури и многу, многу повеќе. Го посака невозможното. Посегна по ѕвездите, кои беа сеуште далеку. Студени по мирис, горчливи по вкус. Го штипеа очите и носот. Не гледаше доволно. Беше слеп и покрај тоа што ги вкуси. Му се допаѓаше тоа. Чиста безрезервна љубов. И` напиша писмо во кое и` призна дека е убава. Таа му се насмевна, бодејќи го со поглед полн со тага. Не злоба, ниту омраза, туку само тага. Не сакаше да го повреди. Не него, не тој кој и беше многу драг и го сакаше многу. Но на друг начин. Пријател...другар во нејзиното срце. Чувар на спомените, раскажувач на приказните. Но не и љубовник.
Се почувствува како ангел загубен во сопствените соништа. Сакаше да ги поприми боите на неговото срце, полно со радост. Тој повторно ја погледна. Ги судри усните со нејзиниот образ.
- Ми студи... - изусти таа
- Биди храбра - и` шепна без глас.
 
[FONT=&quot]Додека сите средношколци беа надвор на кафе , се забавуваа и се покоруваа на пороците тој седеше дома и ги читаше светите псалми .
Зборовите кој немо седеа пред него длабоко се врежуваа во неговите темни очи и го воздигнуваа спиритуално.
Неговото вистинско име ретко кој го знаеше , само некој негови соученици кој го презираа. Тој беше она момче кое секогаш тивко седеше и гледаше низ прозор , а сепак ги знаеше одговорите на сите прашања .
Неретко на час црташе нешто во неговата тетратка , нешто демонско , нешто темно.
Неговите цртежи се чинеа толку стравотно реални. Само он го знаеше нивното значење.
Во неговиот клас дојде нова ученичка , нејзиното име беше Фиона.
Се чинеше како да е ангел,со долга права плава коса и со темно плави очи на кој се гледаа некој чудни линии кој веднаш доаѓаа до израз.
Таа започна да се ракува со сите ученици и стигна до него. Му пружи рака и проговори
-„Јас сум Фиона, мило ми е “
Тој само ги закоси очите и се насмевна само на една страна на устата и проговори
-„Знам...“
Не се ракуваше со неа.
После тоа што тој го проговори нејзините зеници се проширија , како да се заплаши од тој единствен збор.

Следниот ден му пријде за време на одморот и му раскажуваше како и било во друг град , и колку и е тешко сега. Тој само мирно слушаше и имаше некоја чудна насмевка на неговото лице.
-„Инаку не ми кажа вчера како се викаш! Ми должиш.“ констатираше таа.
-„Што се обидуваш да направиш ?“ ја запраша.
-„Ништо , само сакам да се дружам со тебе.“ одговори таа весело
-„Со мене? Да , секако ..“ рече тој саркастично.
-„Сакаш да одиме некаде заедно после часовите“ праша таа.
Неговото лице се осветли под сончевите зраци , неговата насмевка сега беше поголема и посветла. Тој проговори.
-„Сакаш да одиме до манастирот , да запалиме свеќа?“
-„Всушност заборавив , треба да одам одма дома после часовите , треба да се распакувам.“ одговори таа брзо и збунето.
-„Така и си мислев...“ рече тој сеуште насмеано .
-„Молам?“ праша таа сеуште збунето и помалку исплашено .
-„Звонеше..подобро да одиме на часови“

Часот започна , професорот предаваше лекција додека тој не внимаваше на лекцијата. Прв пат.
Само извади некоја чудна книга со дебели корици , бараше на задната страна на корицата нешто , па потоа сврти на средината.
Беше се внел во книгата и отсјајот од неговите темни очи како да ја штитеше од туѓите погледи.

Следниот ден тој и се приближи на Фиона.
-„Сакаш да одиме некаде после часови?“ ја праша не многу суптилно.
-„Незнам , каде ?“ праша таа заинтересирано.
-„Ако сакаш можеме да одиме накај ледината , убав е денот..“ реплицираше тој.
-„Супер “ се насмевна таа „сами ќе одиме или..?“ праша таа помалку заводнички.
-„Да , ќе те однесам на едно место на кое одев како мал“

Завршија часовите и тие тргнаа накај ледината. По пат беа помалку тивки .
Конечно стигнаа на едно место , далеку од сите .

-„Еве , овде ја поминав мојата младост. Многупати овде седев со мојот покоен татко“
-„Убаво е местово , ми се допаѓа.“
-„Дали твојот татко некогаш те носел на вакви убави места?“
-„Мојот татко ?“ кажаа таа помалку тивко „Не , мојот татко е ...Не е битно да смениме тема.“
Тој полека извади игла од својот џеб и незабележително си ја зари во раката. Иглата цела се потопи во крв . Фиона неможеше да ја забележи иглата , беше заслепена од силните зраци на сонцето.
Тој на својата рака си нацрта два концентрични круга во чија внатрешност стави пентаграм.
На секој од краците на пентаграмот напиша по една буква. „SHSTS" .
-„Може да те бакнам ? “ праша тој.
-„Секако“ одговори таа со помалку наивна насмевка.
Ја приближи неговата усна на нејзината , и раката ја стави на нејзиниот врат.
Таа наеднаш врисна , а нејзиниот глас стануваше груб , како самиот глас на ѓаволот
„Проклетнику ! Кој си ти ? “ врисна таа демонски.
За ова време тој само полека ја изговараше молитвата
„Оче , прими ја оваа душа демонска во твоите раци и одреди ја нејзината судбина . Одземи го демонот од ова ангелско тело и остави да почива во мир детската душа напатена. Нека твојата величественост биде почувствувана и на овој свет. Амин “
Проговори тој и таа наеднаш престана да вриска . Само погледна преку своите темно сини очи и падна во неговите раце. Земајќи го својот последен здив ги слушаше неговите зборови.
„Моето име е Јулиј...“
Се насмевна и си отиде.
"Почивај во мир , Луцифер.“

[/FONT]
 

“Зошто кога сме тука, не знаеме каде сме? Зошто кога не’ нема, плачеме по изгубеното?
Зар толку е плитка човековата мисла, која секогаш како птица в лет, одлетува и никогаш не се враќа? Колку солзи треба да бидат пролеани за да може душата да се исчисти? Дали болката и тагата се пропатни последици на животот, или се само бледи дамки кои не следат се’ додека ние тоа го сакаме?
Премногу прашања, а ниту еден одговор. И тука следи уште едно прашање. Дали некогаш ќе ги дознаам одговорите?
И повторно сува тишина која ми го пара срцето, давајќи ми до знаење дека секогаш за мене ќе постои нешто непознато, нешто кое никогаш нема да ми дава мира да спијам, затоа што ќе знам дека со мене и покрај мене има нешто кое го поседувам а не сум сигурен што всушност е.

-Ова беа нејзините последни зборови. Го затвори дневникот, пролеа една топла солза, која како бисер, се стркала по нејзиното лице. Се погледна во огледалото, ја исчешла својата долга, руса коса. Го бакна писмото кое го беше оставила на масата. Мислите и се преплавија со желбата за самоубиство. Што следеше потоа?
Таа ги подигна двата тешки куфери, го напушти својот маж, и тргна во потрага по среќата. А среќата за неа, овој пат беше со неговиот најдобар пријател.
Најдобар?!
 
Ми се спие.
Чорапите мокри,гаќичките искинати,градникот го нема.
Ми се плаче.
Очите влажни,усните испукани,рацете крвави.
Ми се умира.
Телото искривено,нозете слаби,стомакот труден.
Сонувам.
Сонот тежок,немирен,грд.
Се смеам.
Насмевката широка,громогласна,искрена.
Живеам.
Животот ..го нема.
 
(Не)познаник

Random opening:
"I believe *inhales* whatever
doesn't kill you,simply makes
you...stranger!
The Joker;
The Dark Knight


Седевме на брегот, двајцата го набљудувавме бескрајниот хоризонт, така молкум. Ми понуди цигара, без збор, како сакаше да ме поткупи. Го погледнав и зедов. Чадот ја нарушуваше таа хармонија и спокојство.
- Што мислиш за животот? - ме праша.
- Не зборувам со луѓето за животот. Едвај ја знаат смислата.
- Не сум јас како нив.
- Не ти верувам. Зошто би ти верувал?
- Ти веќе веруваш во мене. Не ме знаеш кој сум.
- Дај ми уште една цигара...го прекорив.
- Слободно.
- Сакаш ли нов живот?
- Тоа е во инстинктите на сите разочарувања. Му одговорив молскавично, без да скренувам со погледот од хоризонтот.

Во неговите чудни очи видов некое задоволство. Стана, ме фати за раката и ме однесе во малата куќичка. Ме однесе во малата соба која имаше прекрасен поглед кон светот. Седнав на масата. Него го снема за кратко. Се врати најлон полн со чудни делчиња, кои наликуваа како оние од сложувалка.
- Направи си живот. Направи го она што го сакаш. Ти си така рамнодушен, и јас знам зошто, колку што знаеш ти. Но, ти си и човек без стравови кога се работи за она што го сакаш.

Чудесна плима од овај заспан крај дојде до моето грло. Го погледнав и се фатив за работа. Ги направив сите оние работи што ги сакам. И се бев почуствувал како да сум спремен пак да преживеам се`.

Random closure:
"I abide my heart to know wisdom,
and to know madness and folly.
I perceive that this also was a
chasing at the wind.
For in much wisdom, is much grief.
And he that increaseth knowledge,
increaseth sorrow."
Al Mualim;
Assassin's Creed.

Н.Д 09.12.2008 01:47
 
Две приказни и малото девојче

Приказна 1
(час по анатомија, лекција пенис и срце)

Кога малото девојче одбира што да земе, секогаш го одбира пенисот.
Ја цени неговата сигурност, неговите шеми на однесување кои се предвидливи.

Кога ја сака и кога е добра, тој се исправа, и' дозволува да го земе во раце, во уста, низ должината на јазикот, помеѓу градите, помеѓу задникот, близу до матката...Во сите оние места кои го прават среќен. Неа ретко, скоро никогаш, но излевањето на сперма и' e доволно...да, тука, (и веројатно само тука) малото девојче покажува дека умее да биде несебично и да се задоволи со туѓата среќа. Букаке, претпоставуваме, би било врв на нејзината добрина...
Како и да е, поенатата е дека тој ја има неа и таа него, без непотребни зборови, тумачења, церемонии, камуфлирање на егото...

Додека срцето е едно непредвидливо копиле, кое лесно станува неодлчучно, кое е зависно од суптилни значења, тумачења на дела и зборови, криење на егоистичните потреби преку тиради за себедавање и пожртвуваност...Се на се, едно прилично напорно создание.

Затоа малото девојче не го слуша, не го бара и не го дава. Нема воља за толкав труд кој носи минливи резултати.

Можеби резултатот вреди да се почуствува...Можеби не се споредува ни со букаке. Но, кој има време за таква неизвесност? Фати се за она извесното.


Приказна 2
(час по кулинарство, лекција колачиња)

I want to be the girl with the most cake
I want it so much, it just turns to rape
I fake it so real, I'm beyond fake


Малото девојче сака колачиња. Туѓи колачиња.
Прилично често и и' ги нудат.

Но, не ја предизвукуваат доволно кога се дадени на тацна. Или кога се цели.
А, понекогаш е и неодлучна кое да го одбере.
Тогаш заборава на нив. Па тие обично биваат загризани од друг, или едноставно исчезнуваат од чинијата.

И малото девојче одеднаш чувстува потреба за нивниот вкус. Панично ги собира деловите и трошките што останале, надевајќи се дека од нив ќе го создаде истото колаче.
Но, залудно. Желбата тука не помага. Потребни се нови состојки и подготовка која бара труд и носи неизвесен резултат, затоа што никогаш не се знае дали колачето ќе испадне сосема исто како оригиналот.

А, како што претходно забележавме, малото девојче не сака ниту да се труди, ниту да инвестира во неизвесност. Нема време.

Затоа останува постојано гладна. Остатоците и трошките никогаш не заситуваат доволно.

Но, ништо страшно. Кул е да бидеш неухранет по сопствен избор. Добро изгледа.
 
Мартини или пиво?

Мажите се категорија поделена во две поткатегории, што во речникот на севишниот женски мозок губат поени на самиот старт поради некомплицираност, но кога би го оставиле феминизмот на страна, зарем ние се делиме на нешто повеќе поткатегории од нив?
Не би рекла, само комплицирано, аналитички и систематски бираме во која група ќе влеземе и си ласкаме дека според нашата група и они се поделени, што реално и не е некоја голема лага.
Под а) мартини грлс а.к.а. шмизли и ванаби шмизли
Под б) пиво грлс а.к.а. жени со желба да бидат прво пријателки после ебачици/девојки/сопруги
Според тоа што пие, мажот мисли дека може да и го знае карактерот на девојката и колку пари ќе треба да троши ако евентуално „Не дај Боже“ или „Фала Богу“ му се усреќи да ја шета низ град па после да вежба со неа гимнастика во кревет.

martiniglass.jpg


Најчесто девојките пијат мартини затоа што има сладок вкус, не затоа што е поскапо од пивото, зошто кога некоја почнала да нарачува по цената, си залепила цена на челото од старт.Лесно може да се познае дали е спонзоруша која што сака да ти го исчисти новчаникот или само девојка која што планира да се поднапие од првата принцес чаша и да остане на неа зошто сака сама се да си плаќа.
Кога заносна плавуша или црнокоса дама ќе побара од тебе да и ја платиш првата чаша со познатото „Ќе ме частиш?“ или бегај или дај и го своеволно новчаникот пошто вака или онака ќе ти го земе.

Секако, и спонзорушите и природните шмизлотини се лигави, која е попаметна сепак не зависи од тоа дали сами си ја платиле пијачката или дали имаат дома диплома од некој приватен или државен факултет.

Мажите кои што паѓаат на овој тип девојки се оние што сакаат да имаат крај себе награда, девојката која што ќе привлече внимание во собата или мадам која што нема да ги побара наредниот ден по телефон зошто нажалост му го изгубила бројот што и го дал вчера, а и да не го изгубела, он и дал погрешен број пошто иако била бринета сериозно му личела на природна плавуша.

Никогаш нема да се истребат за среќа или нажалост, кој како сфаќа, зошто светот има потреба од светкави мали чаши со големо количство на најразлични видови мартини во нив, све од црвено до чоколадно, ако ме разбирате што сакам да ви кажам. :)

384823785c6b227362d.jpg


Пријателски настроените цури кои што сакаат да те смотаат на фин начин ќе седнат да се напијат едно пиво со вас, дури и горе наведените шмизли ако паднат на дечко што не е заинтересиран за шетање кукла по корзо (има и такви, ретки, ама ги има) ќе се „понижи“ себеси и ќе седне на едно пиво.

Иако секогаш изгледа дека овие девојки се поедноставни, а со тоа и помалку опасни, проблемот е следен, се фолираат, зарем било која друга жена сака пиво, освен ако не е Германка?
Можда сака, ама не и е по мерак, како што може да биде малибуто или џинот на пример, ама тоа се помали групи за кои треба многу дискутирање, како и да е, честото „лажење“ во име на целта ги прави самите пријателски мотиви нечисти.

Се разбира опасностите да биде третирана како пријателка до крајот на наводниот однос помеѓу неа и потенцијалната жртва е најголемиот ризик кој што во повеќето случаи се остварува.Од лично искуство, подобро мартини и да му дадеш на знаење дека не сакаш да му бидеш beer friend, него некоја „напудрена“ да ти го „земе“ пред нос, па после плаченки, па ово па оно.

Ипак, понекогаш има и успех во ваквите подвизи кои што жените ги измислиле за тепање време и класифицирање, како да е се дополнително дефинирано во ова наше модерно, софистицирано и хаосно време, но што е тоа е, нема бунење кога и пивото и мартинито на крај завршуваат со главоболка и прашање чиј е креветот или каде ми е градникот.


Малку попаметните девојки, сами си го плаќаат пијалокот и не чекаат според некој да си одредат алкохолно расположение. :wink:
 
Цела една планета се вкоренила во мојава глава.
Од начинот на кој што дозволува да допреш до неа, до начинот на кој што се одржува во живот.
Сакам да живеам таму, но миљарда години е оддалечена од мене. Со тоа што го знам ова останувам најбедниот човек на оваа планета.
 
Ти го најде моето искршено срце и го врати во живот. Tи успеа да ме стоплиш со две раце и од моето лице да избришеш секаков страв.
Tи не си само гостин во мојот живот, ти си ми целото срце, ти си пат кој што јас го барав до сега, цел живот само со тебе сакам да чекорам.
Чувствуваш ли преплетено дишење, две срца како едно чукаат штом до мене си ти, чувствуваш ли дека нема тајни меѓу нас, нема ти и нема јас, знам дека е засекогаш.


for my Angel
date.gif
 
Откако сите полека се претвораме во компјутерски фрикови, а дури и баба ми научи да пишува смс пораки, се чувствувам како западнат во некој вакуумски временски простор каде едноставно не можам или не сакам да го разберам начинот на функционирање на нашето скопско општество. Од работите кои одат под “скопско“ го разбирам единствено пивото а и за тоа имам дилеми дека го сфаќам на истиот начин како еден модерен скопјанец од новиот милениум.

Постојано зборуваме за некаков патриотизам, за негување на историјата а проклетство... немаме поим за што зборуваме. Распламтени со говорот и горди како пауни на својата свест одиме во бој гради на гради додека нашите претци најверојатно се превртуваат во своите гробови. Традицијата ни е умрена, го видов тоа денес низ најбизарната слика одејќи по истиот пат накај дома последниве два месеци.
Мојот дедо, ако може да се земе како релевантен во целата истрага за пронаоѓање на старите македонски доблести кои некаде по патот од Александар до Обама се загубија, ме научи на многу работи кои верувам дека се дел од нас, од македонштината која никако не можеме да ја усогласиме како еднаква.

Некои тврдат дека светот се менува, па мораме и ние, но парадоксално е што подалеку од своето село и не биле, па врз основа на локалниот подлизурко ги темалата своите гледишта на светот. Да, технологијата го донесе телевизорот во секој дом, премиерот ги донеси и компјутерите во секој дом, а мораме да признаеме дека западните шоу емисии се вистински пример за секое општество од Мисисипи до Јанг Це. Доколку помисливте дека тоа што го кажувам и го мислам, да појаснам - не, ироничен се обидувам да бидам.

Мене лично деновиве како и последниве неколку децении ме заболе ноктот на палецот на левата нога за останатите култури и традиции, но кога некој заради своите лични ниски сатисфакции сака да го дискредитира мојот народ и мојата фамилија... се жестам и црвенеам. Неретко и викам, а знам и да замавнам. Најверојатно додека јас мавтав, некој веќе ги убедил останатите околу мене дека тоа што дедо ми некако магично ми го вметна во глава околу честа, моралот, приниципите, зборот, обичјаот, културата, љубовта, фамилијата... не важи. Сега стојам сам како дух на напуштен брод и се чувствувам мизерно осамено и напуштено од светот. Онаа мала девојка што живее една уличка погоре не залудно ми рече... внимавај, погрешна планета. Не можам ни во мојот сопствен крај да се пронајдам себе си повеќе а камо ли на планетава. Обезличени се сите, не личат на себе, личат на странци кои сакаат поинакви нешта но ние не знаеме да јадеме праски со ориз, ние сме поинаков народ, со поинакви мисли, секогаш сме биле такви, зошто по ѓаволите сега имаме потреба да станеме и ние странци во своите тела, зарем не можеме повеќе да се почитуваме и сакаме? Знам дека ќе ми се лутите, но албанците ги сакам повеќе, тие сеуште се луѓе и ќе бидат додека ние ги напаѓаме дека се примитивни и луди, тие сеуште ќе бидат тука околу нас да ни покажат како еден народ треба да изгледа длабоко во себе.

Како дете, ми беше многу страв дека ќе ги наследам особините на татко ми кои не ми се допаѓаа, но бев сигурен дека нема да ги наследам оние на мајка ми кои ги мразев. Македонија, и македонците, од светот кои се обидува да ни наметне улога на некаков старател во своето воскресение научија само лоши работи. Во своето време на тинејџерство, немаат ниту една добра особина. Ниту сакаат да читаат, ниту се дружат со други паметни народи, ниту ги слушаат мама и тато бидејќи тие се секогаш на работа а македонецот се дружи со дадилките. Ние ги земаме сите лоши карактерни особини на западниот свет. Кога би се свртеле малку кон истокот, и другиот родител можеби би имало нешто добро за нас, но секогаш едниот родител е доминантен, па така и нашата религија која некогаш ни ги чуваше сит доблести како народ, полека си заминува и и` отстапува место на телевизијата, економијата, перцепцијата... која сум сигурен дека ни е очајно погрешна.

Дел 2.

Сакав да речам, одејќи денес кон дома, ме замаја некој чуден мирис на улица Востаничка број 26. Застанав во миг да се сетам од каде тоаѓа таа чудна но привлечна арома? И замислете, очекувајќи да налетам на излог од фурна која работи и во попладневните часови, видов само еден обичен оџак од мала трошна куќичка. Покриен со снег кровот со мал круг околу оџакот каде е растопено од топлината на цевките си стои исправено со години и си чади. Бајковидно... игра димот на благиот ветар и ја растура миризбата низ сите околни дворови што веројатно е природен смирувач за маалскиот пес кој мирно спиеше во соседството. Барем за скопјани, ваквата појава е загубена од свеста, и тие повеќе неможат да се сетат или да опишат како изгледа чад од шпорет на дрва. Тоа е специфично нешто, кое потсетува на зимска идила, на костени и џем од кајсии кој се чувал долго во подрумите, тоа е лепче намачкано на путер додека машата ровари низ жарчињата кои тлеат во шпоретот бидејќи баба токму мене ме чека да нацепам дрва. Тоа е секира од десет килограми која само дедо знае да ја ракува но и баба ако мора, тоа е срам за внуците бидејќи не јадат спанаќ...
Бадник... греана ракија, маалска огранизација... и сето ова од еден обичен оџак кој сведочи за нашето лудило без збор да каже додека сите ние мудруваме како да се сеќаваме наискуствата од претходните животи, а кармата ни е ветено дека ќе не одмине...
 
8ца, 10ка, 18ка, 20ка...
Црни, црвени, кафени, сиви, бели, лилјакови...
Отворени, затворени, зимски и летни.

Штикли.

За некого само обувки, за некого неподносливи.
За мене незаменливи.
Обожувани, сонувани, посакувани. Едни од малите нешта кои ме прават среќна.
Кога ќе кажам штикли, помислувам на елеганција, отменост, малку арогантност, а пред се женственост. Моќ, работите да ги гледаме од малку повисоко.
Ме постеќаат на вечер, ноќ, и се единствени сведоци на она што вистински се случило таа вечер. Кријат тајни, прават болки.
Способни да разбудат еден цел град, да ги растреперат улиците, да се слушнат, да остават некој без сон.
Ме носеле секаде каде што сум посакувала, места кои само тие ги памтат.
Покрај тоа што биле агресивно соблекувани, одделени од ногата поради страст, болка, тие секогаш го знаат патот за назад, и никогаш ама баш никогаш не ги раскажуваат своите приказни и тајни средби со градските сокачиња и скали.
Нивниот звук го означува почетокот на една ноќ, една љубов, една средба, еден танц...
Моите штикли се спремни да одекнат низ улиците...
 
Бегство од немирот​
Не можев да го поднесам. Упорно трчав низ полињата и иако немав сили веќе одамна да продолжам знаев дека не смеам да запрам. Повеќе не ги контролирав нозете, тие самите продолжуваа онаму каде што моите мисли не допираа. Потта се изливаше од секоја пора, дишев забрзано обидувајќи се да го вдишам сиот воздух, а срцето чукаше толку силно чиниш наскоро ќе ги разбие градите и ќе излета низ нив.
Ја видов како спокојно лежи на една од карпите во рамнината. И се доближив и видов дека нејзиниот мек поглед е вперен кон небесната површина. Таа ме погледа и прошепоти „Не ме убивај“. Во нејзините зборови осетив страшна закана. Се запрашав зошто ми го рече тоа кога немав никаква намера да ја убијам, а никогаш не сум ни имала намера да убијам некого. Со прашален поглед се обидував да ја прашам зошто ми го кажа тоа кога таа ме погледна и рече „Што ме гледаш така, зар немаше намера да ме убиеш?“ “Не” реков енергично. „Па зошто тогаш во твоите раце го држиш толку цврсто тој ножа во твоите очи гледам толку голема омраза?“
Се зачудив од нејзините зборови, но огромен страв ме облеа кога почувствував цврст предмет во мојата рака. Го спуштив погледот и видов голем заканувачки нож заробен меѓу прстите на дланката. Моите зеници ширум се отворија, не се сеќавав кога сум го зела ова сечило со мене. Таа го примети мојот страв и смирено ми рече „Не плаши се, сега веќе нема да сакаш да го употребиш ножот.“ Полека се исправи и седна на карпата вртејќи ми го грбот: „Дојди, седни до мене, “-рече. Кога седнав видов дека седиме на врвот од карпата и после неа има само една голема и црна бездна. Веќе не чувствував страв, напротив, се почувствував многу пријатно. Големата бездна не ме плашеше, туку ме исполнување со некаков спокој. Таа како да знаеше што се случува „Не се плашиш повеќе, нели?“ – рече, јас ја занишав главата лево-десно обидувајќи се да и дадам потврден одговор, никогаш не ја разбрав таа двојна негација. Таа ме погледна продорно и гласно ме праша: „Зошто сакаше да ме убиеш?“ Незнаев што да и кажам со оглед на тоа дека немав таква намера, а тој нож навистина не знаев како се најде во мојата рака. Сакав да викнам „Што ти е на тебе, зошто би сакала да те убијам, зар ти мислиш дека сум способна за убиство?!“ Последната мисла ме направи анксиозна, никогаш до тогаш не мислев дека некој би помислил за мене како способна да убијам, туку секогаш на луѓето им се претставува како мирољубив филантроп и вистински пацифист, таква сакав и да ме паметат. Но што сега?! Зошто овие прашања?! Од кајде да знам како се најде тој глупав нож кај мене?! И сепак, замо затоа што сум држела еден нож во рака, зар тоа треба да значи дека сакам да ја убијам?! Се сеќавам дека тогаш прв пат сфатив колку е таа глупава и дека од секогаш ми била одбивна со таа нејзина божемна проникливост, сепак не сакам да ја убијам ни во тој момент иако го држев сеуште тој нож во раката. Не и реков ништо, не сакав да го удостојам тоа глупаво прашање со одговор. Таа упорно ме гледаше со тие големи очи очекувајќи одговор па решив и јас својот поглед да не го тргнам, гледајќи во нејзините очи да и дадам до знаење дека немам намера да одговорам и да не ме вознемирува повеќе. Но таа повторно ме праша, сега го подигна гласот за октава: „Зошто сакаше да ме убиеш?“
„Престани! Престани!“ – викав гласно колку што можев. „Ти мислиш да сакав да те убијам немаше да го сторам тоа до сега?! Епа ќе го сторев! Ќе го кренев овој нож и силно ќе го збрцав во твојот стомак, потоа уште неколку пати ќе го расечев се додека не ја осетам твојата врела крв на моите раце и додека не ја видам како се разлева на студената карпа правејќи ја од сребрена во темно црвена, крвава! А потоа ќе побегнев далеку од твојот смрдлив труп, ќе трчав се додека нозете ме водат, додека не го изгубам здивот и додека срцето не излета од градите!...
Потоа на ништо не се сеќавам, кога и да сакам да се присетам во главата ми се појавува голема црна бездна во која ништо не се гледа. Знам само дека трчав, дека упорно трчав низ полјаната иако немав сили да продоам, рацете ми беа целите крвави, здив речиси повеќе немав а срцето ќе излеташе низ градите, но сепак трчав. И сеуште трчам, не знам каде, кон што и зошто, но знам дека не смеам да запрам.
 
Гризи!
Гризи посилно!
Подлабоко зариј ги забите! Сочно одгризи дел од мене! Само те молам остави ме, нека крварам. Нека се лее крвта, не си првиот... Ќе ја потопам раната малку со солзи, малку со лажна насмевка и готово раната исто како и да не постоела.
Не ме познаваш доволно...
Гризи додека ти е вкусно парчето од мојата душа, бар солзите никогаш не пресушуваат ќе ја залеваат раната, која поминува, но не се заборава.
Кога ќе се нахраниш доволно остави ме, немој да бидеш себичен, ама остави ме како да сум стара изветвена кукла на крајот од собата. Чекаат и други гладни ѕверови. Мојата душа и нив треба да ги нахрани да ги удостои со исполнувањето на желбите од нивните болни умови. Ќе ти бидам крајно благодарна! И можеш да ја симнеш маската, веќе доволно се познаваме, нема потреба да бидеме актери во театарот наречен Љубов.
Само кажи ја целта, сигурно нема да ти треба многу време за да ја најдеш во твојте мисли одамна е зацртана.
Очигледно чувствата не се важни. Важно е ти да бидеш задоволен и среќен макар за тоа да газиш и преку мене.
Можеби тоа е животната лекција која треба да ми ја одржиш, дека принцови веќе одамна не постојат, а пак бајките со среќен крај се со поминат рок.
Постојат само вечни интереси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom