Кафе Броз - уникатен екс Ју изглед со сите марифети. Големи слики од штафетата и доброволни акции, слики од тито и шољи, значки и разни дрангулии со моиви од Југославија. Супер смислен начин за профит, ама оригинална и добро скроена идеја.
Кафе Хемингвеј - Слики од Ернест, музика која потсетува на него (иако последниот пат конобарот изгледа не беше запознаен со имиџот), избор на пури во секое време, и пријатна, да не речам тропска атмосфера, иако море нема од прозор, има прометна улица...
Кафе/клуб Мама`с - посветен на џез блуз, со простор преуреден од обичен стан, што уште повеќе ја доловува атмосферата. Слики на сите ѕидови, и лесно трансформирање од удобно кафуле во добар клуб за живи свирки. Иако со мал капацитет, мене ми се допаѓа.
Кафе Piazza Liberta - Иако музиката умре од неодамна (Dj-от е камен), местото стана култно скопско место. Големиот ѕид со книги, клавирот кој го преместија и дрвениот ентериер со големата маса за состаноци во средина се она кое ја прави Пјаца една од најдобрите во градот. Можноста за фрлање лушпи на под... само ја дополнува уникатноста.
Кафе Чипка - Некој стил на ?класицизам? (Ада помош), или не знам точно во кој дел припаѓа. Но, во секој случај, големата пространа тераса затврена со стакло прекриено со завеси, затемнетото светло и репутацијата на геј клуб му даваат на местото одличен амбиент.